Услови за користење


ПРАВИЛА ЗА УЧЕСТВО

  • Учеството на конкурсот за плакат е бесплатно;
  • Конкурсот е наменет само за студентите на факултети / академии / колеџи за уметност и дизајн регистрирани во образовна институција само за уметност и дизајн, вклучувајќи дисциплини како што се ликовната уметност, графички дизајн, комуникациски дизајн, визуална комуникација, медиумски дизајн и други сродни дисциплини;
  • Конкурсот е наменет за студент на погоре наведените академии од Европа;
  • Студентите можат или да се регистрираат за конкурсот поединечно;
  • Секој учесник може да аплицира максимум три постери;
  • Групни апликации не се дозволени.

 

УСЛОВИ ЗА ПОДНЕСОЦИТЕ

Постерот треба да ја промовира дадената тема и да промовира решение / концепт за пошироката меѓународна публика.

  1. Најпрепорачливо е постерот да биде на англиски јазик, сепак, плакати со инкорпорирани тесктови/пораки во сите други јазици ќе бидат прифатени.
  2. Поднесениот плакат мора да биде следствено:

            - JPG фајл со припрема за печатење во Б3 формат (350x500mm) со резолуција од 300 dpi со прилагодени CMYK бои.                     

            - Поединечен фајл не смее да надминува 10мб.

  1. Сите користени фонтови треба да бидат во аутлајн или растеризирани.
  2. Не е дозволено користење на дизајни/материјали за кој не поседувате авторски права.
  3. Организаторите го задржуваат правото да ги користат поднесените вузуални решенија за презентација и медиумска употреба и за репродукција за промотивни цели во рамки на меѓународните промотивни активности и кампањи.

 

Критериуми на жирирање

Жирито ќе се придржуваат до критериумите за жирирање кои ќе се засноваат на: креативност, оригиналност, естетика, комуникативност и нивото на егзекуција.

 

ПРАВА НА ОРГАНИЗАТОРОТ

  1. Плакатите што нема да соодејствуваат со прописите ќе бидат целосно исклучени од учество.
  2. Организаторите го задржуваат правото да ги одбијат поднесоците кои сметаат дека се морално, политички или верски некоректни.
  3. Сите учесници треба да ги испраќаат своите плакати преку оваа апликација за поднесоци. Поднесувањето на постер апликациите е бесплатно и сите трошоци за печатење, ќе бидат покриени од страна на организаторот.
  4. Организаторите го задржуваат правото да ги користат поднесените вузуелни решенија за презентација и медиумска употреба и за репродукција за промотивни цели во рамки на меѓународните промотивни активности и кампањи. Со поднесување на постерите, подносителот во целост се согласува со сите погоре споменати прописи.

Постерите не треба да се испраќаат во печатена форма. Доколку учесникот сака да го испрати својот постер со користење услуги како пошта, брза пошта, организаторот не превзема било каква одговорност неиспорака, задоцнета испорака или за нивното губење.

Сите постери стануваат сопственост на Плакарт и Швајцарската Амбасада во Република Македонија.

 

АВТОРСКИ ПРАВА

Доставените постери мора да биде дизајнирани од страна на поднесителот. Ако поднесителот се соочува со правен спор за сопственост на интелектуални или авторски права за плакатот, организаторот ќе го откаже правото на учество на поднесокот/поднесителот. Учесникот ги превзема сите последици. Учесникот не смее да го вовлекува организаторот во било каков спор за авторски права или интелектуална сопственост во врска со употребата на плакатите.

Сите постери, вклучувајќи ги и наградените и почесните признанија доделени од  членовите на жирито, стануваат формално дела на Плакарт и Швајцарската Амбасада во Република Македонија. Организаторот има право да ги изложува, објавува (вклучувајќи и дигитална објава) и да ги архивира постерите.

Со поднесувањето на плакатите преку оваа апликација за поднесоци целосно се согласувате со условите за учество.