may, 2017
RSVP to event
RSVPing is closed at this time.
Event Details
Изложбата на финалистите од 9. Меѓународен студентски конкурс за плакат по поставките во Србија и Литванија ќе гостува во Порто, Португалија. Во рамки на оваа изложба, која ќе биде прикажана на
more
Event Details
Изложбата на финалистите од 9. Меѓународен студентски конкурс за плакат по поставките во Србија и Литванија ќе гостува во Порто, Португалија.
Во рамки на оваа изложба, која ќе биде прикажана на 3 метро станици низ градот Порто, ќе бидат поставени 50. дела на млади дизајнери, учесници на 9. Скопјепостер конкурс. Постерите се дела на студенти по дизајн и визуелни комуникации од 24 земји, вклучително 10-те наградени и останатите 40 плакати на финалисти. Меѓу изложените дела дополнително се вклучени и плакатите на 8те учесници од Универзитетот Лусафона од Порто.
Покрај изложбата ќе биде организирана и конференција за дизајн на која говорници ќе бидат Гере Постеров (Плакарт), Хорхе Силва (Silva Designers) и Мигел Неива (ColorADD). Конференцијата ќе се одржи во просториите на Сао Бенто метро станицата со почеток во 17ч.
Настаните се организирани во соработка со Факултетот за дизајн од Универзитетот Лусафона од Порто и со поддршка на градот Порто, како и бројни поддржувачи.
Time
May 18 (Thursday) 17:00 - June 10 (Saturday) 00:00
Location
Метро Сао Бенто, Порто | Metro Sao Bento, Porto
Metro Sao Bento, 4000-069 Porto
Organizer
Plakart | Universidade Lusófona do Porto