Конкурс – Skopje Poster Festival https://skopjeposter.com/mk/ Меѓународен студентски конкурс за плакат Wed, 12 Jun 2019 21:16:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=5.5.17 Одбележување на победниците на конкурсот „Инклузија, не ексклизија“ со хуманитарно дружење https://skopjeposter.com/mk/odbelezuvanje-na-pobednici-na-inkluzija-ne-ekskluzija/ https://skopjeposter.com/mk/odbelezuvanje-na-pobednici-na-inkluzija-ne-ekskluzija/#respond Wed, 12 Jun 2019 21:05:16 +0000 https://skopjeposter.com/odbelezuvanje-na-pobednici-na-inkluzija-ne-ekskluzija/ Скопје постер фестивалот во реализација на својата мисија има зацртано да делува на полето на подигање општествена свест за глобалните предизвици - оваа година тој предизвик е насловен „Инклузија, не ексклузија“. Тема на 12-от европски конкурс за изработка на плакат, Плакарт - Здружението на графички дизајнери и Советот на СПФ одлучија да биде вклученоста [...]

The post Одбележување на победниците на конкурсот „Инклузија, не ексклизија“ со хуманитарно дружење appeared first on Skopje Poster Festival.

]]>

Скопје постер фестивалот во реализација на својата мисија има зацртано да делува на полето на подигање општествена свест за глобалните предизвици – оваа година тој предизвик е насловен „Инклузија, не ексклузија“.

Тема на 12-от европски конкурс за изработка на плакат, Плакарт – Здружението на графички дизајнери и Советот на СПФ одлучија да биде вклученоста на најранливите групи во општеството.

Студентите од Европскиот континент, преку своите дела, изразија цврст став за разбивање на стигмите и табуата поврзани со лицата од социјалната маргина, дискриминираните и несоодветно вклучените инивидуи и општествени групи. Студенти од речиси целиот континент, од Португалија до Турција, од Велика Британија до Русија учествуваа во конкурсот „Инклузија, не ексклузија“.

Главната награда, која ја понесоа 8 автори, е патување и учество во еднонеделна off-town работилница во Преспа, на која учесниците заедно со врвни менторите од Швајцарија(Штефан Бунди) и Македонија(Костадин Танчев-Динка) ќе работат на создавање дополнителни дела кои ќе бидат изложени во рамки на патувачката турнеја на 12. издание на СПФ, почнувајќи од 15 јули.

Победници на конкурсот „Инклузија, не ексклузија“ се: Денис Несмејанов (РУС),  Еце Батур (ТУР), Едуардо Рибеиро (ПОР), Лука Прстојевиќ (СРБ), Стефан Симоновски (МКД), Теодора Младеновска (МКД), Клаудиа Заблоцка (ПОЛ), Џина Парк (ПОЛ).

Како најава за изложбата на финалиситите од конкурсот, која ќе биде отворена на 18 јуни во МКЦ во рамки на 12. Скопје постер фестивал, во текот на вчерашниот ден на платото и паркот во кругот на Младинскиот културен центар дечиња од Посебното основно училиште „Иднина“ цртаа со искористување на различни техники, а со цел подигање на свеста за нивната рамноправна улога во општеството. Делата на дечињата ќе бидат понудени на продажба во хуманитарни цели, токму на отворањето на изложбата на 12 јуни, каде донаторите ќе може и да се сретнат со авторите.

Проектот „Инклузија, на ексклузија“, организиран со поддршка од Амбасадата на Швајцарија, свое финале ќе има со организација на серија изложби со делата од финалистите, надополнети со сите дела креирани од страна на победниците за времетраењето на работилницата во Преспа.

The post Одбележување на победниците на конкурсот „Инклузија, не ексклизија“ со хуманитарно дружење appeared first on Skopje Poster Festival.

]]>
https://skopjeposter.com/mk/odbelezuvanje-na-pobednici-na-inkluzija-ne-ekskluzija/feed/ 0
Конкурс за плакат „Инклузија, не ексклузија“, предзвик на 21-от век https://skopjeposter.com/mk/konkurs-inkluzija-ne-ekskluzija/ https://skopjeposter.com/mk/konkurs-inkluzija-ne-ekskluzija/#respond Sat, 02 Mar 2019 22:26:53 +0000 https://skopjeposter.com/?p=20818 Социјална инклузија или вклучување е процес за унапредување на условите врз чија основа индивидуите или општествените групи земаат учество во општеството, односно подобрување во поглед на унапредена способност, понудени можности и дигнитетот на луѓето кои се соочуваат со социјална и економска обесправеност. Европскиот континент, како еден од најразвиените континенти сеуште се соочува со огромен [...]

The post Конкурс за плакат „Инклузија, не ексклузија“, предзвик на 21-от век appeared first on Skopje Poster Festival.

]]>

Социјална инклузија или вклучување е процес за унапредување на условите врз чија основа индивидуите или општествените групи земаат учество во општеството, односно подобрување во поглед на унапредена способност, понудени можности и дигнитетот на луѓето кои се соочуваат со социјална и економска обесправеност.

Европскиот континент, како еден од најразвиените континенти сеуште се соочува со огромен предизвик, каков што е социјалната екслузија. Стереотипите, стигмите и предрасудите по основа на пол, раса, етничка и верска припадност, сексуална определба, како и степенот на попреченост предизвикуваат нарушување на дигнитетот, безбедноста на луѓето со попреченост, што резултира со нивно маргинализирање и дискриминација.

 

ВОВЕД

Агендата Европа 2020 на ЕУ, Програмата за акција на Светскиот самит за социјален развој и Одржливите цели за развој на ООН, се само дел од документите кои ги третираат прашањeто на социјалната ексклузија, со кој е предвидено луѓето со попреченост да бидат поддржани и вклучени во социјалните и општествените текови, а со тоа да се намали ризикот од нивна маргинализација.

Но, дaли мерките за нивно интегрирање преку стратегиите за економски напредок се доволни? Дали иако просечната невработеност во Западна Европа изнесува 8,5 %, а во Источна Европа 5,3%(не вклучувајќи ги земјите кои не се членки на Европската Унија), ни дава јасна слика за подобрување на состојбата со социјалната инклузија и инклузијата на луѓето со попречености?

Што е поважно, треба ли оваа тема да се третира сегментарно, категоризациски? Или можеби пристапот треба да е мултидисциплинарен, а инклузијата да вклучува мерки кои ќе го подобрат квалитетот и стандардот на живеење на луѓето со попреченост? Од круцијално значење е притоа нивното директно вклучување во процесите на креирање политики и стратегии за напредок, но и со подигање на свеста кај пошироката популација и нивна едукација за потребата за соодветен третман и отвореност кон маргинализираните општествени групи, што ќе резултира со унапредување на социјалната кохезија?

 

ИНФОРМАЦИИ ЗА КОНКУРСОТ

Плакатот, како медиум низ историјата безкомпромисно и цврсто делувал врз подигање на свеста и силно влијаел врз процесите за креирање на промени, историските пресврти. Плакатот е моќна алатка, која Плакарт и Скопје постер фестивалот измината декада ја промовираат и етаблираат во земјава и во светски рамки. 

Оваа година, со поддршка и во соработка со Амбасадата на Швајцарија во Скопје, Плакарт го промовира проектот „Инклузија, не ексклузија“, Социјална инклузија, предзвик на 21-от век, кој вклучува конкурс за плакат и off-town работилница – како финале кое ќе вклучува патување за авторите на најдобрите 7 плакати до регионот на Преспа и Охрид, кои заедно со менторите, експерти по графички дизајн и комуникации од Северна Македонија, Швајцарија ќе одржат 10-дневна работилница. Плакатите од работилницата, заедно со плакатите кои ќе земат учество во конкурсот ќе бидат изложени на посебна изложба и ќе бидат дел од специјално подготвениот каталог.

Ги покануваме студентите од академиите за уметност, графички дизајн, визуелни комуникации од европскиот континент да земат учество во конкурсот за дизајн на плакат наречен „Инклузија, не ексклузија“ (ориг. „Include, Not Xclude“).

 

ДЕТАЛИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ

Пријавувањето на конкурсот е бесплатно, на следниот линк: www.skopjeposter.com/gallery2

Секој учесник, по регистрацијата(доколку не е веќе регистриран), може да аплицира со 1, 2 или 3 плакати, дозволени се исклучиво индивидуални дела(не групни).

Доколку учесникот користи текстуални исписи, препорачливо е истите да се на англиски, иако и дела со текстови на друг јазик се прифатливи.

Плакатот мора да е со следниве технички параметри: JPG фајл со припрема за печатење во Б3 формат (350x500mm) со резолуција од 300 dpi со прилагодени CMYK бои; Поединечен фајл не смее да надминува 10мб;  Сите користени фонтови треба да бидат во аутлајн или растеризирани.*/**

 

КРАЕН РОК ЗА АПЛИЦИРАЊЕ: 31 мај 2019 година (Централно европско време).

 

Сите условите за учество на следниот линк: https://skopjeposter.com/gallery2/?page=terms-conditions

 

 

 

1 март  – 31 мај

Временска рамка за конкурсот за аплицирање на плакати на тема „Инклузија, не ексклузија“ (ориг. „Include, Not Xclude“)

 

31 мај – 6 јуни

Евалуација од страна на меѓународното жири

 

7 јуни

Објавување на резултатите од конкурсот за плакат

 

25 јуни – 25 јули

Менторски 10-дневни работилници во регионот на Преспа и Охрид со авторите на 7-те највпечатливи плакати

 

25 јули – 1 септември

Изложба на плакатите во градови низ Република Северна Македонија, Промоција на проектниот каталог.

 

 

______________

*Не е дозволено користење на дизајни/материјали за кој не поседувате авторски права.

**Организаторите го задржуваат правото да ги користат поднесените вузуални решенија за презентација и медиумска употреба и за репродукција за промотивни цели во рамки на меѓународните промотивни активности и кампањи.

 

The post Конкурс за плакат „Инклузија, не ексклузија“, предзвик на 21-от век appeared first on Skopje Poster Festival.

]]>
https://skopjeposter.com/mk/konkurs-inkluzija-ne-ekskluzija/feed/ 0
Меѓународен конкурс за плакат НАСМЕВКА :) „Насекаде за секого“ во организација на Црвен Крст и Плакарт https://skopjeposter.com/mk/konkurs-crven-krst-i-plakart-nasmevka-nasekade-za-sekogo/ https://skopjeposter.com/mk/konkurs-crven-krst-i-plakart-nasmevka-nasekade-za-sekogo/#respond Wed, 04 Apr 2018 16:38:34 +0000 https://skopjeposter.com/?p=20747 Црвен крст на град Скопје во соработка со здружението на графичи дизајнери „Плакарт“  како дел од проектот „Училишни клубови за едукација и превенција“ поддржан од Град Скопје, објавува   МЕЃУНАРОДЕН НАГРАДЕН КОНКУРС на тема: НАСМЕВКА :)  „Насекаде за секого“/ SMILE :) „Everywhere 4 everyone“   Во пресрет на Светскиот ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина 8 мај, [...]

The post Меѓународен конкурс за плакат НАСМЕВКА :) „Насекаде за секого“ во организација на Црвен Крст и Плакарт appeared first on Skopje Poster Festival.

]]>
Црвен крст на град Скопје во соработка со здружението на графичи дизајнери „Плакарт“  како дел од проектот „Училишни клубови за едукација и превенција“ поддржан од Град Скопје, објавува

 

МЕЃУНАРОДЕН НАГРАДЕН КОНКУРС

на тема: НАСМЕВКА 🙂  „Насекаде за секого“/ SMILE 🙂 „Everywhere 4 everyone“

 

Во пресрет на Светскиот ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина 8 мај, но и во текот на целата 2018 година, ќе ја прославиме силата и моќта на нашата глобална мрежа, како и придонесот на нашиот персонал и на околу 14 милиони волонтери во светот преку мотото “Насекаде за секого”.

Оваа година имаме за цел да ги прошириме знаењата за мисијата и придонесот на Црвениот крст со истакнување на разновидноста на нашата работа и универзалноста во нашиот пристап. Користиме едноставен повик за акција за да го споделиме еден од најпознатите универзални симболи – насмевката.

Насмевката е универзален знак на среќа, удобност и задоволство.

За волонтерите, тоа значи добро завршена работа. За некој погоден од непогода или криза, тоа може да значи дека постои некој кој е подготвен да помогне. Сакаме да ја искористиме моќта на овој симбол за да ја прославиме посветеноста и влијанието на Црвениот крст и Црвената полумесечина, волонтерите и вработените лица. Нашата цел е да истакнеме како Движењето ги решава хуманитарните предизвици преку оригинални, иновативни и необични пристапи.

Фокусирајќи се на акција и позитивни промени во заедницата, ќе ги споделиме позитивните приказни за промени и надеж со повикот за акција “Споделете го она што поттикнува насмевка”.

 Со цел промоција на работата на Црвениот крст и позитивните промени во заедницата, Црвен крст на град Скопје, со поддршка на здружението на графичи дизајнери „Плакарт“  објавува награден конкурс на тема: НАСМЕВКА 🙂 „Насекаде за секого“/ SMILE 🙂 „Everywhere 4 everyone“

Конкурсот ќе биде отворен од 1 април до 1 мај 2018 година.

Конкурсот е наменет за ученици, студентите на факултети / академии / колеџи за уметност и дизајн регистрирани во образовна институција како и сите професионални дизјанери без ограничување на возраста за пријавување. Секој учесник може да аплицира максимум три постери;

Групни апликации не се дозволени.

 

УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО

  • Плакатот треба да ја промовира темата НАСМЕВКА 🙂 „Насекаде за секого“/ SMILE 🙂 „Everywhere 4 everyone“
  • Поднесениот плакат мора да биде со димензии 500 х 700 мм со резолуција 150 dpi во CMYK профил во формат PDF или JPG. Фајловите не треба да бидат поголеми од 25 мб и  треба да се испратат на електронската адреса: skopje.mladi@redcross.org.mk не подоцна од 1 мај 2018 година (до 00:00 ч).
  • Сите користени фонтови треба да бидат векторизирани или растеризирани.
  • Изборот на најдобро идејно решение ќе го направи 3 (три) члена комисија составена од претставници од Црвен крст, Град Скопје и здружението на графички дизајнери „Плакарт“.
  • Не е дозволено користење на дизајни/материјали за кои не поседувате авторски права.

Организаторите го задржуваат правото да ги користат поднесените вузуeлни решенија за презентација и медиумска употреба и за репродукција за промотивни цели во рамки на меѓународните промотивни активности и кампањи.

Сите пристигнати идејни решенија авторите ќе ги отстапат на Црвен крст на град Скопје и во иднина истите може да бидат искористени исклучиво од Црвен крст во кампања и/или во активности за промоција на организацијата и волонтерската ангажираност.

Црвен крст на град Скопје/ Здружението на графички дизајнери „Плакарт“/Град Скопје

The post Меѓународен конкурс за плакат НАСМЕВКА :) „Насекаде за секого“ во организација на Црвен Крст и Плакарт appeared first on Skopje Poster Festival.

]]>
https://skopjeposter.com/mk/konkurs-crven-krst-i-plakart-nasmevka-nasekade-za-sekogo/feed/ 0
Победници на 10. јубилеен СКПФ „Вештачка реалност“ https://skopjeposter.com/mk/10-skpf-pobednici/ https://skopjeposter.com/mk/10-skpf-pobednici/#respond Fri, 17 Nov 2017 22:03:05 +0000 https://skopjeposter.com/?p=20446 Јубилејниот 10. Скопје постер конкурс за студентски плакат „Artificial Reality“ ги надмина очекувањата. Пристигнаа  плакати од 68 држави ширум светот. Се повеќе факултети се заинтересирани за воведување на Скопје постер конкурсот во рамки на своите наставни програми, а забележан е и зголемен интерес за изложување на плакатите кои се дел од изложбите во рамки на [...]

The post Победници на 10. јубилеен СКПФ „Вештачка реалност“ appeared first on Skopje Poster Festival.

]]>
Јубилејниот 10. Скопје постер конкурс за студентски плакат „Artificial Reality“ ги надмина очекувањата. Пристигнаа  плакати од 68 држави ширум светот. Се повеќе факултети се заинтересирани за воведување на Скопје постер конкурсот во рамки на своите наставни програми, а забележан е и зголемен интерес за изложување на плакатите кои се дел од изложбите во рамки на сопствените галериски простори.

Комисијата составена од пет меѓународни судии: Лекс Древински (Полска), Лех Мајевски (Полска), Свен Сориќ и Хрвоје Спудиќ од дуото This Town Needs Posters (Хрватска)*. За претседател на жирито беше избран Реза Абедини (Иран). По четричасовното жирирање ги додели десетте награди.

Организаторот на настанот и претседател на Здружението „ПлакАрт “, Гере Трипков, пред присутните ги претстави добитниците на награди од ист ранг: Јакуб Собчак (Полска) и Дарја Грекова (Русија).

Специјалната награда од жирито беше доделена на Сара Лехофер (Унгарија), а специјалната награда за македонски плакат ја доби Анастасија Јовческа.

Со почесни награди се здобија Паскал Бежин (Канада), Каролина Лубашко (Полска), Емоке Питер (Унгарија), Јин Веи (Кина), Павел Гојови (Полска), Пиотрек Пиетшак (Полска).

Ви ја претставуваме листата на автори на плакатите избрани од меѓународното жири, кои учествуваа во изложбата:
Адриан Ровина / Хрватска
Александар Ким / САД
Александра Казаковскаја / Русија
Александра Шленк / Полска
Александра Шуманска / Полска
Алексеј Литвинович / Белорусија
Амбер Лим / САД
Ана Фузеш / Унгарија
Анастасија Јовческа / Македонија
Анастасија Шемјакина / Русија
Беатрикс Пап / Словачка
Беркај Алтај / Турција
Бернарда Поблет / Чиле
Бјанка Шуман / Романија
Ботонд Чиби – Гинделе / Унгарија
Викторија Валужете / Литванија
Грегор Стајнметс / Германија
Грегорж Кабас / Полска
Грејс Ким / САД
Грета Јоткуте / Литванија
Грета Јоткуте / Литванија
Дарја Грекова / Русија
Дарја Грекова / Русија
Дастан Абасканов / Турција
Дастан Абасканов / Турција
Душан Кошанин / Србија
Едона Османи / Македонија
Ема Дамиани / САД
Емоке Питер / Унгарија
Естер Урбанович / Унгарија
Жанг Јулијан / Кина
Зои Јинг / Кина
Ив Кнапи / Финска
Јакуб Собчак / Полска
Јоакин де Оливеира / Португалија
Јунксиао Јуе / Кина
Јустина Каубруте / Литванија
Камила Браво / Чиле
Камила Контрерас / Чиле
Карлос Аркос / Еквадор
Каролина Андреа Баеза Осорио / Чиле
Каролина Лубашку / Полска
Катја Кудина / Белорусија
Ки Занг / Кина
Киансонг Сан / Кина
Кин Лин Ју / Кина
Клара Мартин / САД
Конор Олбердинг / САД
Кристал Холовеј / САД
Кунланид Јодудом / Тајланд
Ленка Болова / Словачка
Ли Јаронг / Кина
Лиз Рамос Контрерас / Чиле
Лорен Бејли / САД
Лукас Периер / САД
Маја ДеНофио / САД
Маријана Иванова / Македонија
Мачиеј Јанушевски / Полска
Мигел Ангел Гуевара Рангел / Мексико
Милош Ристоски / Македонија
Миро Денк / Германија
Миро Денк / Германија
Миро Денк / Германија
Мустафа Гуркан Гурлер / Турција
Најмуш Сакиб / Бангладеш
Никита Тунев / Русија
Огуз Кан Јазги / Турција
Омаир Али / САД
Павел Головиј / Полска
Павел Головиј / Полска
Паскал Бежин / Канада
Патрик Зеликман / Финска
Патрик Криговски / Полска
Патрик Криговски / Полска
Паулина Пеликан / Полска
Петчпрев Лимпрапаипонг / Тајланд
Пиотрек Пјетцак / Полска
Родриго Кабело / Чиле
Ромина Чамизо / Чиле
Ронан О’Ханлон / Ирска
Сара Романов / Македонија
Семоер Монтенегро / САД
Сена Јулмаз / Турција
Сера Кизилтас / Турција
Сиера Красон / САД
Тамара Браво / Чиле
Тугба Мермечи / Турција
Фан Шишија / Кина
Франк Вајт / САД
Франческа Данобинтиа / Чиле
Хаиро Акеведо / Кина
Чен Ји / Кина
Ченг Веин Лиу / Тајван
Чи Ронг Кун / Кина
Џексон Дилон / САД
Џим Веи / Кина
Џонатан Гузман / САД
Џувон Сео / САД

Фестивалските денови продолжуваат со презентации и дополнителни консултации за учесниците на работилниците од светски реномираните предавачи, чии дела се наоѓаат во светските музеи, на следните теми „Калиграфија и плакат“ под менторство од Реза Абедини и „Lex is more“ водена од Лекс Древински.

Изложбата на плакати во Музеј на Град Скопје ќе биде поставена до 01 декември. Освен главната изложба во Музеј на Град Скопје, може да се посетат поставките на Современ македонски плакат (Twins), This town Needs Posters (Brick Bar) и Специјална селекција на дела од жирито (Four Restaurant).

 

* Алис Твемлоу требаше да биде дел од жирито, но поради сериозни приватни причини не можеше да биде дел од жири-селекциите во живо и на целокупниот 10. Скопје постер фестивал. Нам, како и неа, ни е жал што не можеше да ни се придружи оваа година.

The post Победници на 10. јубилеен СКПФ „Вештачка реалност“ appeared first on Skopje Poster Festival.

]]>
https://skopjeposter.com/mk/10-skpf-pobednici/feed/ 0
Објавен јубилејниот 10. Меѓународен студентски постер конкурс – прославување на дизајнот во функција на човештвото https://skopjeposter.com/mk/objaven-10-skopjeposter-konkurs/ https://skopjeposter.com/mk/objaven-10-skopjeposter-konkurs/#respond Fri, 14 Apr 2017 11:42:32 +0000 https://skopjeposter.com/?p=19834/ Плакарт  - Здружението на графички дизајнери од Македонија прославува 10 годишнина од своето постоење и постоењето на првиот годишен студентски конкурс за плакат кој понуди бесплатно онлајн пријавување. Советот на 10. Меѓународниот студентски конкурс за плакат, односно Скопје постер фестивалот, врз основа на популарноста, важноста на прашањето во глобални рамки и атрактивноста за младите дизајнери [...]

The post Објавен јубилејниот 10. Меѓународен студентски постер конкурс – прославување на дизајнот во функција на човештвото appeared first on Skopje Poster Festival.

]]>
Плакарт  – Здружението на графички дизајнери од Македонија прославува 10 годишнина од своето постоење и постоењето на првиот годишен студентски конкурс за плакат кој понуди бесплатно онлајн пријавување.

Советот на 10. Меѓународниот студентски конкурс за плакат, односно Скопје постер фестивалот, врз основа на популарноста, важноста на прашањето во глобални рамки и атрактивноста за младите дизајнери одлучи тема да биде „Вештачка интелигенција и реалноста“.

„На годинешниот конкурс студентите од Македонија ќе можат да се натпреваруваат со своите колеги од целиот свет на темата, која како и секоја година привлекува посебно внимание во глобални размери. Ова е горлива тема за бизнис елитите и политичките лидери, воедно претставувајќи глобално прашање кое ги засега и развиените, но и земјите во развој и неразвиените земји.“ – изјави Гере Трипков од Плакарт.

Крајниот рок за доставување на плакатите е 30 октомври 2017. Фазата на жирирање ќе се одвива во три фази, прелиминарна онлајн фаза, главна онлајн фаза и жири сесии во живо во Скопје пред отворањето на фестивалот.

Првонаградените ќе добијат можност да ги изложат своите дела во рамки на 11. Скопје постер фестивал во 2018 година, дополнително ќе добијат екслузивен пристап и учество во работата на жирито во текот на 11. СПФ и во сите програмски настани.

Повеќе за темата, условите за учество, наградите: 10. МСКП Скопјепостер конкурс

Меѓународното жири од еминентни дизајнери, едукатори и креативци надополнето со македонски дизајнери ќе биде објавено кон крајот на април, почетокот на месец мај.

Дизајнот на плакатот за овогодинешниот конкурс и фестивал го изработи маестралниот Мишел Буве, организатор на најголемиот фестивал за графички дизајн во Франција „Fête Du Graphisme“, професор, куратор, добитник на бројни меѓународни признанија.

The post Објавен јубилејниот 10. Меѓународен студентски постер конкурс – прославување на дизајнот во функција на човештвото appeared first on Skopje Poster Festival.

]]>
https://skopjeposter.com/mk/objaven-10-skopjeposter-konkurs/feed/ 0
Студенти од Европски Универзитет и Фон Универзитетот ќе заминат на студиско патување во Полска https://skopjeposter.com/mk/pobednici-na-konkursot-za-studentski-promo-plakat-za-rm/ https://skopjeposter.com/mk/pobednici-na-konkursot-za-studentski-promo-plakat-za-rm/#respond Thu, 16 Mar 2017 23:10:32 +0000 https://skopjeposter.com/?p=19598/ Kонкурсот за студентски плакат на тема „Република Македонија како туристичка дестинација“, што го организираат Плакарт, Музеј на град Скопје и Амбасадата на Република Полска во Република Македонија, вчеравечер ја доживеа својата кулминација. Жирито во состав Лазе Трипков, директор на Музејот на современа уметност, Томислав Микулчиќ – директор на Музејот на град Скопје, Ласко Џуровски [...]

The post Студенти од Европски Универзитет и Фон Универзитетот ќе заминат на студиско патување во Полска appeared first on Skopje Poster Festival.

]]>

Kонкурсот за студентски плакат на тема „Република Македонија како туристичка дестинација“, што го организираат Плакарт, Музеј на град Скопје и Амбасадата на Република Полска во Република Македонија, вчеравечер ја доживеа својата кулминација.

Жирито во состав Лазе Трипков, директор на Музејот на современа уметност, Томислав Микулчиќ – директор на Музејот на град Скопје, Ласко Џуровски – основачот на Тотем дизајн студиото, Ришард Каја – реномиран плакатист и илустратор од Полска и Н.Е. Јацек Мултановски – амбасадор на Република Полска во Република Македонија направија селекција од пристигнати 123 плакати од 7 факултети по визуелни комуникации или сродни насоки од земјава.

Финалната изложбата на плакати, која беше отворена во Музејот на град Скопје вчеравечер, вклучуваше 50 студентски дела. Дополнително, изложбата е надополнета со поставка насловена „Мал плакат“, составенa од 20тина детски цртежи на истоимената тема, добиени како резултат на работилницата која полскиот илустратор и плакатист Ришард Каја ја менторираше во ноември 2016 во рамките на 9. Скопје постер фестивал.

Во присуство на студентите – учесници, нивните професори и ментори, дечињата кои беа автори на детските цртежи и љубителите на плакатот претседателот на Плакарт, Гере Трипков, амбасадорот на Полска во Република Македонија, Јацек Мултановски и директорот на Музејот на град Скопје, Томислав Микулчиќ ги обзнанија добитниците на главните признанија.

Добитниците на 3-те главни награди беа наградени со студиско патување во Полска во 2017 година. Ана Петрова и Иван Дургутовски – студенти на Факултетот за арт и дизајн од Европскиот универзитет и Анастасија Јовческа – студентка на Факултетот за дизајн и мултимедија од ФОН Универзитет ќе имаат можност да патуваат по стапките на големите полски мајстори на плакат и да се запознаат и да ги проучат вредностите и значењето на оваа маркантна школа за дизајн, искуство што ќе им служи во развојот на нивната кариера.

Ана Петрова

Иван Дургутовски

Анастасија Јовческа

Ана Грковска – студентка на Факултетот за Архитектура од Универзитет Св. Кирил и Методиј и Лара Маринковиќ – студентка на Семос – Академијата за дизајн се добитници на почесното признание и можност да соработуваат со Музејот на град Скопје, да одржат студентска пракса и да учествуваат во подготовка на промотивните материјали на во оваа значајна културна институција во текот на 2017 година.

Ана Грковска

Лара Маринковиќ

Специјална награда од Ришард Каја беше доделена на Кристијан Арсовски, студент на Факултетот за Архитектура од Универзитет Св. Кирил и Методиј, додека специјалната награда од амбасадорот на Република Полска во Република Македонија ја прими Томислав Акимовски – студент на Факултет за ликовни уметности од Универзитетот Св. Кирил и Методиј.

Кристијан Арсовски

Томислав Акимовски

Изложбата на студентски плакати на тема „Република Македонија како туристичка дестинација“ по нејзиното претставување во Скопје ќе добие патувачки карактер и ќе биде поставена во домовите на култура во 18 градови низ земјата.

Главната цел на конкурсот за студентски плакат на тема „Република Македонија како туристичка дестинација“ беше добивање на плакат со современ израз како дизајнерски производ, преку кој ќе се промовира како земја со богато културно наследство, зачувани природни богатства и богата духовна ризница. Преку одбраната тема, организаторите одлучија да стават акцент на прашањето на квалитетно дизајнирана промоција на Република Македонија во светот како атрактивна туристичка и културна дестинација.

Овој конкурс беше реализиран во рамки на долгорочната соработка на Плакарт, Музеј на град Скопје и Амбасадата на Република Полска во Република Македонија. Значително влијание во успехот имаше Арт-линк мрежата, иницијатива на Музејот на град Скопје која е соединувачка алка на образовните со културните институции во земјата, во која значајна улога има и Плакарт. Проектот во чии рамки беше организиран и овој конкурс, започна во април 2016 година со изложбата „Полската школа на плакат“, која на македонската публика и ја претстави една од најстарите и најкарактеристичните школи за плакат и со предавањето на Лазе Трипков, директорот на Музеј на современа уметност, кој како магистрант на катедрата на маестралниот Лех Мајевски е своевиден претставник на полската школа на плакатот.

Погледнете ја фото-галеријата од отворањето на изложбата: Изложба | Промотивни студентски плакати за Македонија

The post Студенти од Европски Универзитет и Фон Универзитетот ќе заминат на студиско патување во Полска appeared first on Skopje Poster Festival.

]]>
https://skopjeposter.com/mk/pobednici-na-konkursot-za-studentski-promo-plakat-za-rm/feed/ 0
Конкурсот за плакат на тема “Република Македонија како туристичка дестинација“ се затвора за 10 дена https://skopjeposter.com/mk/konkurs-za-plakat-na-tema-rm-kako-turisticka-destinacija-2/ https://skopjeposter.com/mk/konkurs-za-plakat-na-tema-rm-kako-turisticka-destinacija-2/#respond Fri, 24 Feb 2017 10:51:19 +0000 https://skopjeposter.com/deadline-poster-competition-republic-macedonia-travel-destination-approaching/   Преку темата „Република Македонија како туристичка дестинација“ организаторите одлучија да стават акцент на прашањето на квалитетно дизајнирана промоција на Република Македонија во светот како атрактивна туристичка и културна дестинација. Главната цел на конкурсот за студентски плакат на тема „Република Македонија како туристичка дестинација“, што го организираат Музеј на град Скопје, Плакарт и Амбасадата на [...]

The post Конкурсот за плакат на тема “Република Македонија како туристичка дестинација“ се затвора за 10 дена appeared first on Skopje Poster Festival.

]]>
 

Преку темата „Република Македонија како туристичка дестинација“ организаторите одлучија да стават акцент на прашањето на квалитетно дизајнирана промоција на Република Македонија во светот како атрактивна туристичка и културна дестинација.

Главната цел на конкурсот за студентски плакат на тема „Република Македонија како туристичка дестинација“, што го организираат Музеј на град Скопје, Плакарт и Амбасадата на Република Полска во Република Македонија е добивање на плакат со современ израз како дизајнерски производ, преку кој ќе се промовира како земја со богато културно наследство, зачувани природни богатства и богата духовна ризница.

Автор на промо-плакатот: Фросина Цонева – Ивановиќ

Воедно овој проект е со цел да го соедини креативниот капацитет во обид да го привлечеме вниманието на потенцијални посетители, кои би се вљубиле во Македонија. Симболички, реализацијата на проектот беше отпочнат во април 2016 година со изложбата „Полската школа на плакат“, која на македонската публика и ја претстави една од најстарите и најкарактеристичните школи за плакат и со предавањето на Лазе Трипков, директорот на Музеј на современа уметност, кој како магистрант на катедрата на маестралниот Лех Мајевски е своевиден претставник на полската школа на плакатот. Следствено, проектот се реализираше и во рамки на 9. Скопје постер фестивал, ноември 2016 година, кога се одржа работилницата на плакатистот Ришард Каја од Полска. Полскиот илустратор, автор на огромната серија плакати за промовирање на Полска, одржа и работилница за деца на истоимената тема, чии цртежи ќе бидат дел од главната изложба по завршувањето на конкурсот.
Oтворениот повик е наменет за студенти на додипломски, магистерски и докторски студии на факултетите за уметности, визуелни уметности, архитектура и дизајн, од сите Универзитети во Република Македонија.
Крајниот рок за доставување на постери е 28 февруари, а поднесоците студентите можат да се доставуваат онлајн со регистрација на: www.skopjeposter.com/gallery2.

Награди
Првите 3 наградени се студиски патувања во 2017 год. во Полска – до 5 дена – во организација на Амбасадата на Полска во Република Македонија.
Почесните 2 добитници ќе добијат можност да учестуваат во дизајнирањето на плакатите за изложбите во Музеј на град Скопје за 2017 год. и можност за студентска пракса.

Формат на поднесоците
Секој учесник може да аплицира со максимално 3 поднесоци (плакати), фајлот мора да е JPG формат со припрема за печатење во Б2 формат (500x700mm) со резолуција од 300 dpi со прилагодени CMYK бои, а поединечен фајл не смее да надминува 10мб.

Жири
Жирито за избор на победници го сочинуваат Ришард Каја – илустратор, мајстор на плакатот, Полска, Јацек Мултановски – амбасадор на Република Полска во Република Македонија, Лазе Трипков – директор на Музеј на современата уметност, Томислав Микулчиќ – директор на Музеј на град Скопје, Ласко Џуровски – дизајнер, типограф, сопственик на Тотем – дизајн студиото.

Изложба на конкурсните дела
Изложбата на 50 најдобри дела од овој конкурс, заедно со делата од работилницата наменета за деца под менторство на Ришард Каја ќе бидат изложени од 15ти март во Музејот на град Скопје.

Повеќе детали за настанот: https://skopjeposter.com/mk/nastani/

The post Конкурсот за плакат на тема “Република Македонија како туристичка дестинација“ се затвора за 10 дена appeared first on Skopje Poster Festival.

]]>
https://skopjeposter.com/mk/konkurs-za-plakat-na-tema-rm-kako-turisticka-destinacija-2/feed/ 0
Конкурсот за плакат на тема “Република Македонија како туристичка дестинација“ се затвора за 10 дена https://skopjeposter.com/mk/konkurs-za-plakat-na-tema-rm-kako-turisticka-destinacija/ https://skopjeposter.com/mk/konkurs-za-plakat-na-tema-rm-kako-turisticka-destinacija/#respond Fri, 17 Feb 2017 11:14:59 +0000 https://skopjeposter.com/?p=17796 Преку темата „Република Македонија како туристичка дестинација“ организаторите одлучија да стават акцент на прашањето на квалитетно дизајнирана промоција на Република Македонија во светот како атрактивна туристичка и културна дестинација. Главната цел на конкурсот за студентски плакат на тема „Република Македонија како туристичка дестинација“, што го организираат Музеј на град Скопје, Плакарт и Амбасадата на Република [...]

The post Конкурсот за плакат на тема “Република Македонија како туристичка дестинација“ се затвора за 10 дена appeared first on Skopje Poster Festival.

]]>
Преку темата „Република Македонија како туристичка дестинација“ организаторите одлучија да стават акцент на прашањето на квалитетно дизајнирана промоција на Република Македонија во светот како атрактивна туристичка и културна дестинација.

Главната цел на конкурсот за студентски плакат на тема „Република Македонија како туристичка дестинација“, што го организираат Музеј на град Скопје, Плакарт и Амбасадата на Република Полска во Република Македонија е добивање на плакат со современ израз како дизајнерски производ, преку кој ќе се промовира како земја со богато културно наследство, зачувани природни богатства и богата духовна ризница.

Автор на промо-плакатот: Фросина Цонева – Ивановиќ

Воедно овој проект е со цел да го соедини креативниот капацитет во обид да го привлечеме вниманието на потенцијални посетители, кои би се вљубиле во Македонија. Симболички, реализацијата на проектот беше отпочнат во април 2016 година со изложбата „Полската школа на плакат“, која на македонската публика и ја претстави една од најстарите и најкарактеристичните школи за плакат и со предавањето на Лазе Трипков, директорот на Музеј на современа уметност, кој како магистрант на катедрата на маестралниот Лех Мајевски е своевиден претставник на полската школа на плакатот. Следствено, проектот се реализираше и во рамки на 9. Скопје постер фестивал, ноември 2016 година, кога се одржа работилницата на плакатистот Ришард Каја од Полска. Полскиот илустратор, автор на огромната серија плакати за промовирање на Полска, одржа и работилница за деца на истоимената тема, чии цртежи ќе бидат дел од главната изложба по завршувањето на конкурсот.
Oтворениот повик е наменет за студенти на додипломски, магистерски и докторски студии на факултетите за уметности, визуелни уметности, архитектура и дизајн, од сите Универзитети во Република Македонија.
Крајниот рок за доставување на постери е 28 февруари, а поднесоците студентите можат да се доставуваат онлајн со регистрација на: www.skopjeposter.com/gallery2.

Награди
Првите 3 наградени се студиски патувања во 2017 год. во Полска – до 5 дена – во организација на Амбасадата на Полска во Република Македонија.
Почесните 2 добитници ќе добијат можност да учестуваат во дизајнирањето на плакатите за изложбите во Музеј на град Скопје за 2017 год. и можност за студентска пракса.

Формат на поднесоците
Секој учесник може да аплицира со максимално 3 поднесоци (плакати), фајлот мора да е JPG формат со припрема за печатење во Б2 формат (500x700mm) со резолуција од 300 dpi со прилагодени CMYK бои, а поединечен фајл не смее да надминува 10мб.

Жири
Жирито за избор на победници го сочинуваат Ришард Каја – илустратор, мајстор на плакатот, Полска, Јацек Мултановски – амбасадор на Република Полска во Република Македонија, Лазе Трипков – директор на Музеј на современата уметност, Томислав Микулчиќ – директор на Музеј на град Скопје, Ласко Џуровски – дизајнер, типограф, сопственик на Тотем – дизајн студиото.

Изложба на конкурсните дела
Изложбата на 50 најдобри дела од овој конкурс, заедно со делата од работилницата наменета за деца под менторство на Ришард Каја ќе бидат изложени од 15ти март во Музејот на град Скопје.

The post Конкурсот за плакат на тема “Република Македонија како туристичка дестинација“ се затвора за 10 дена appeared first on Skopje Poster Festival.

]]>
https://skopjeposter.com/mk/konkurs-za-plakat-na-tema-rm-kako-turisticka-destinacija/feed/ 0
Прогласени победниците на 9-от Скопје постер конкурс за плакат https://skopjeposter.com/mk/pobednici-na-9-skopjeposter-konkurs/ https://skopjeposter.com/mk/pobednici-na-9-skopjeposter-konkurs/#respond Tue, 06 Dec 2016 17:59:31 +0000 https://skopjeposter.com/?p=17200 Повторно по четири години „Скопје постер фестивал“ пред многубројната публика ги претстави победниците на овогодинешното девето издание во просторите на Музеј на Град Скопје. „Криза на идентитет“ е темата на овогодинешниот конкурс, која сметавме дека е актуелна во целиот свет, тоа го покажа и бројката од 33 отсто зголемување на пристигнати дела во однос на [...]

The post Прогласени победниците на 9-от Скопје постер конкурс за плакат appeared first on Skopje Poster Festival.

]]>
Повторно по четири години „Скопје постер фестивал“ пред многубројната публика ги претстави победниците на овогодинешното девето издание во просторите на Музеј на Град Скопје.

„Криза на идентитет“ е темата на овогодинешниот конкурс, која сметавме дека е актуелна во целиот свет, тоа го покажа и бројката од 33 отсто зголемување на пристигнати дела во однос на минатите години, како и разноликоста на учесниците. Делата од сите континенти се доказ за големиот интерес за темата и овој вид на уметност-рече Гере Трипков, организатор на настанот и претседател на Здружението „ПлакАрт“.

Комисијата составена од пет меѓународни судии: Мишел Буве (Франција), Фонс Хикман (Германија), Фин Нигард (Данска), Ришард Каја (Полска) и Тони Васиќ (Македонија) по четричасовно жирирање ги додели 10-те награди: две главни признанија од ист ранг, две специјални и шест почесни награди.

jury-9-skopjeposter
Претседателот на жирито Тони Васиќ пред присутните ги претстави добитницина награди од ист ранг: Мигуел Ангел Рангел, Универзитет во Сан Луис Потоси од Мексико и Река Немеди Варга од Метрополитен Универзитет – Будимпешта,Унгарија.

Двете специјални награди од  жирито беа доделени на Шујун Лиу, Ксиамен Универзитет, Тан Ках Ки Колеџ, Кина и Дикле Јилдирим, Докуз Универзитет, Турција.

winnerss-9-skopjeposter

Додека пак, почесни признанија добија Јуниј / Зежун Шан / Уанг, Мериленд Институт – Колеџ за уметност од САД, Кајли Димик, Пратт Школа за дизајн од САД, Лазар Митровиќ, Факултет за филологија и уметност од Србија, Инес Филипа да Коста Пимента Кардосо, Школо за убави уметности и дизајн од Португалија, Никола Марфи, Универзитет од Болтон, Обединето Кралство и Карол Шчепанкиевич, Универзитет Никола Коперник од Полска.

Фестивалските денови продолжуваат со презентации и работилници од светски реномираните предавачи, чии дела се наоѓаат по светските музеи, на теми  „Македонија како туристичка дестинација“, „Дизајнирај влијателен социјален плакат“, „Плакат, уметност од улицата“ и „Дизајнирање постер за џез настан“ се наменети за сите студенти и професионалци дизајнери.

Изложбата на плакати во Музеј на Град Скопје ќе биде поставена до 30 ноември.

The post Прогласени победниците на 9-от Скопје постер конкурс за плакат appeared first on Skopje Poster Festival.

]]>
https://skopjeposter.com/mk/pobednici-na-9-skopjeposter-konkurs/feed/ 0
Дополнителни 24 часа за аплицирање на 9. скопјепостер конкурс! https://skopjeposter.com/mk/dopolnitelni-24-casa-za-apliciranje-na-9-skopjeposter/ https://skopjeposter.com/mk/dopolnitelni-24-casa-za-apliciranje-na-9-skopjeposter/#respond Mon, 31 Oct 2016 20:59:38 +0000 https://skopjeposter.com/?p=17053 Фантастичен одзив на млади постерџии од целиот свет, како никогаш досега, е резултатот од 9. Скопјепостер МСКП конкурс. И пред да започнеме со сумирање на резултатите од процесот за аплицирање доживеавме уште еден шок :) Добивме енормно голем број на пораки за продолжување на рокот за конкурсот. Тимот одлучи да го продолжи конкурсот за 24 [...]

The post Дополнителни 24 часа за аплицирање на 9. скопјепостер конкурс! appeared first on Skopje Poster Festival.

]]>
Фантастичен одзив на млади постерџии од целиот свет, како никогаш досега, е резултатот од 9. Скопјепостер МСКП конкурс.

И пред да започнеме со сумирање на резултатите од процесот за аплицирање доживеавме уште еден шок 🙂 Добивме енормно голем број на пораки за продолжување на рокот за конкурсот.

Тимот одлучи да го продолжи конкурсот за 24 часа.

Искористете ја шансата…

Линк до условите за учество: https://skopjeposter.com/mk/proekti/kriza-na-identiet/

Линк до онлајн галеријата за аплицирање: www.skopjeposter.com/gallery2

The post Дополнителни 24 часа за аплицирање на 9. скопјепостер конкурс! appeared first on Skopje Poster Festival.

]]>
https://skopjeposter.com/mk/dopolnitelni-24-casa-za-apliciranje-na-9-skopjeposter/feed/ 0