Црвен крст на град Скопје во соработка со здружението на графичи дизајнери „Плакарт“  како дел од проектот „Училишни клубови за едукација и превенција“ поддржан од Град Скопје, објавува

 

МЕЃУНАРОДЕН НАГРАДЕН КОНКУРС

на тема: НАСМЕВКА 🙂  „Насекаде за секого“/ SMILE 🙂 „Everywhere 4 everyone“

 

Во пресрет на Светскиот ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина 8 мај, но и во текот на целата 2018 година, ќе ја прославиме силата и моќта на нашата глобална мрежа, како и придонесот на нашиот персонал и на околу 14 милиони волонтери во светот преку мотото “Насекаде за секого”.

Оваа година имаме за цел да ги прошириме знаењата за мисијата и придонесот на Црвениот крст со истакнување на разновидноста на нашата работа и универзалноста во нашиот пристап. Користиме едноставен повик за акција за да го споделиме еден од најпознатите универзални симболи – насмевката.

Насмевката е универзален знак на среќа, удобност и задоволство.

За волонтерите, тоа значи добро завршена работа. За некој погоден од непогода или криза, тоа може да значи дека постои некој кој е подготвен да помогне. Сакаме да ја искористиме моќта на овој симбол за да ја прославиме посветеноста и влијанието на Црвениот крст и Црвената полумесечина, волонтерите и вработените лица. Нашата цел е да истакнеме како Движењето ги решава хуманитарните предизвици преку оригинални, иновативни и необични пристапи.

Фокусирајќи се на акција и позитивни промени во заедницата, ќе ги споделиме позитивните приказни за промени и надеж со повикот за акција “Споделете го она што поттикнува насмевка”.

 Со цел промоција на работата на Црвениот крст и позитивните промени во заедницата, Црвен крст на град Скопје, со поддршка на здружението на графичи дизајнери „Плакарт“  објавува награден конкурс на тема: НАСМЕВКА 🙂 „Насекаде за секого“/ SMILE 🙂 „Everywhere 4 everyone“

Конкурсот ќе биде отворен од 1 април до 1 мај 2018 година.

Конкурсот е наменет за ученици, студентите на факултети / академии / колеџи за уметност и дизајн регистрирани во образовна институција како и сите професионални дизјанери без ограничување на возраста за пријавување. Секој учесник може да аплицира максимум три постери;

Групни апликации не се дозволени.

 

УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО

  • Плакатот треба да ја промовира темата НАСМЕВКА 🙂 „Насекаде за секого“/ SMILE 🙂 „Everywhere 4 everyone“
  • Поднесениот плакат мора да биде со димензии 500 х 700 мм со резолуција 150 dpi во CMYK профил во формат PDF или JPG. Фајловите не треба да бидат поголеми од 25 мб и  треба да се испратат на електронската адреса: skopje.mladi@redcross.org.mk не подоцна од 1 мај 2018 година (до 00:00 ч).
  • Сите користени фонтови треба да бидат векторизирани или растеризирани.
  • Изборот на најдобро идејно решение ќе го направи 3 (три) члена комисија составена од претставници од Црвен крст, Град Скопје и здружението на графички дизајнери „Плакарт“.
  • Не е дозволено користење на дизајни/материјали за кои не поседувате авторски права.

Организаторите го задржуваат правото да ги користат поднесените вузуeлни решенија за презентација и медиумска употреба и за репродукција за промотивни цели во рамки на меѓународните промотивни активности и кампањи.

Сите пристигнати идејни решенија авторите ќе ги отстапат на Црвен крст на град Скопје и во иднина истите може да бидат искористени исклучиво од Црвен крст во кампања и/или во активности за промоција на организацијата и волонтерската ангажираност.

Црвен крст на град Скопје/ Здружението на графички дизајнери „Плакарт“/Град Скопје