Социјална инклузија или вклучување е процес за унапредување на условите врз чија основа индивидуите или општествените групи земаат учество во општеството, односно подобрување во поглед на унапредена способност, понудени можности и дигнитетот на луѓето кои се соочуваат со социјална и економска обесправеност.

Европскиот континент, како еден од најразвиените континенти сеуште се соочува со огромен предизвик, каков што е социјалната екслузија. Стереотипите, стигмите и предрасудите по основа на пол, раса, етничка и верска припадност, сексуална определба, како и степенот на попреченост предизвикуваат нарушување на дигнитетот, безбедноста на луѓето со попреченост, што резултира со нивно маргинализирање и дискриминација.

 

ВОВЕД

Агендата Европа 2020 на ЕУ, Програмата за акција на Светскиот самит за социјален развој и Одржливите цели за развој на ООН, се само дел од документите кои ги третираат прашањeто на социјалната ексклузија, со кој е предвидено луѓето со попреченост да бидат поддржани и вклучени во социјалните и општествените текови, а со тоа да се намали ризикот од нивна маргинализација.

Но, дaли мерките за нивно интегрирање преку стратегиите за економски напредок се доволни? Дали иако просечната невработеност во Западна Европа изнесува 8,5 %, а во Источна Европа 5,3%(не вклучувајќи ги земјите кои не се членки на Европската Унија), ни дава јасна слика за подобрување на состојбата со социјалната инклузија и инклузијата на луѓето со попречености?

Што е поважно, треба ли оваа тема да се третира сегментарно, категоризациски? Или можеби пристапот треба да е мултидисциплинарен, а инклузијата да вклучува мерки кои ќе го подобрат квалитетот и стандардот на живеење на луѓето со попреченост? Од круцијално значење е притоа нивното директно вклучување во процесите на креирање политики и стратегии за напредок, но и со подигање на свеста кај пошироката популација и нивна едукација за потребата за соодветен третман и отвореност кон маргинализираните општествени групи, што ќе резултира со унапредување на социјалната кохезија?

 

ИНФОРМАЦИИ ЗА КОНКУРСОТ

Плакатот, како медиум низ историјата безкомпромисно и цврсто делувал врз подигање на свеста и силно влијаел врз процесите за креирање на промени, историските пресврти. Плакатот е моќна алатка, која Плакарт и Скопје постер фестивалот измината декада ја промовираат и етаблираат во земјава и во светски рамки. 

Оваа година, со поддршка и во соработка со Амбасадата на Швајцарија во Скопје, Плакарт го промовира проектот „Инклузија, не ексклузија“, Социјална инклузија, предзвик на 21-от век, кој вклучува конкурс за плакат и off-town работилница – како финале кое ќе вклучува патување за авторите на најдобрите 7 плакати до регионот на Преспа и Охрид, кои заедно со менторите, експерти по графички дизајн и комуникации од Северна Македонија, Швајцарија ќе одржат 10-дневна работилница. Плакатите од работилницата, заедно со плакатите кои ќе земат учество во конкурсот ќе бидат изложени на посебна изложба и ќе бидат дел од специјално подготвениот каталог.

Ги покануваме студентите од академиите за уметност, графички дизајн, визуелни комуникации од европскиот континент да земат учество во конкурсот за дизајн на плакат наречен „Инклузија, не ексклузија“ (ориг. „Include, Not Xclude“).

 

ДЕТАЛИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ

Пријавувањето на конкурсот е бесплатно, на следниот линк: www.skopjeposter.com/gallery2

Секој учесник, по регистрацијата(доколку не е веќе регистриран), може да аплицира со 1, 2 или 3 плакати, дозволени се исклучиво индивидуални дела(не групни).

Доколку учесникот користи текстуални исписи, препорачливо е истите да се на англиски, иако и дела со текстови на друг јазик се прифатливи.

Плакатот мора да е со следниве технички параметри: JPG фајл со припрема за печатење во Б3 формат (350x500mm) со резолуција од 300 dpi со прилагодени CMYK бои; Поединечен фајл не смее да надминува 10мб;  Сите користени фонтови треба да бидат во аутлајн или растеризирани.*/**

 

КРАЕН РОК ЗА АПЛИЦИРАЊЕ: 31 мај 2019 година (Централно европско време).

 

Сите условите за учество на следниот линк: https://skopjeposter.com/gallery2/?page=terms-conditions

 

 

 

1 март  – 31 мај

Временска рамка за конкурсот за аплицирање на плакати на тема „Инклузија, не ексклузија“ (ориг. „Include, Not Xclude“)

 

31 мај – 6 јуни

Евалуација од страна на меѓународното жири

 

7 јуни

Објавување на резултатите од конкурсот за плакат

 

25 јуни – 25 јули

Менторски 10-дневни работилници во регионот на Преспа и Охрид со авторите на 7-те највпечатливи плакати

 

25 јули – 1 септември

Изложба на плакатите во градови низ Република Северна Македонија, Промоција на проектниот каталог.

 

 

______________

*Не е дозволено користење на дизајни/материјали за кој не поседувате авторски права.

**Организаторите го задржуваат правото да ги користат поднесените вузуални решенија за презентација и медиумска употреба и за репродукција за промотивни цели во рамки на меѓународните промотивни активности и кампањи.