Активности – Skopje Poster Festival https://skopjeposter.com/mk/ Меѓународен студентски конкурс за плакат Wed, 11 Nov 2020 19:10:11 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=5.5.17 13. Скопје постер фестивал се приклучува кон дизајн-движењето на тема КОВИД-19 https://skopjeposter.com/mk/13-skopje-poster-festival-na-tema-kovid-19/ https://skopjeposter.com/mk/13-skopje-poster-festival-na-tema-kovid-19/#respond Wed, 11 Nov 2020 19:05:20 +0000 https://skopjeposter.com/?p=21016 ПЛАКАРТ е еден од организаторите потткнувачи на создавањето на глобална мрежа на дизајн асоцијации и здруженија, кои имаат за цел да инспирираат движење за поддршка во борбата со пандемијата предизвикана од Ковид-19 и сите предизвици поврзани со истата. За таа цел, во склоп на овогодинешното 13-то издание на Скопје постер фестивал, ќе бидат изложени плакати [...]

The post 13. Скопје постер фестивал се приклучува кон дизајн-движењето на тема КОВИД-19 appeared first on Skopje Poster Festival.

]]>
ПЛАКАРТ е еден од организаторите потткнувачи на создавањето на глобална мрежа на дизајн асоцијации и здруженија, кои имаат за цел да инспирираат движење за поддршка во борбата со пандемијата предизвикана од Ковид-19 и сите предизвици поврзани со истата.

За таа цел, во склоп на овогодинешното 13-то издание на Скопје постер фестивал, ќе бидат изложени плакати од 75 светски дизајнери, од 56 земји од целиот свет, вклучувајќи ја и Македонија. Целата иницијатива се реализира во соработка со „Poster Тerritory” од Калифорнија, Чешката асоцијација за графички дизајн, Московското биенале и реномираниот дизајнер Мирко Илиќ од Њујорк – познат на нашата публика како еден од најинспиративните дизајнери и стрип уметници од бивша Југославија. Исто така ќе бидат претставени и студентски плакати кои се приклучија на повикот на нашата иницијатива и секако заеднички ќе дадеме допринос во ширењето на мисијата и гласот на уметникот.

Дел од дизајнерите кои ќе бидат застапени се: Јоси Лемел (Израел), Мирко Илиќ (Љу Јорк), Хавиер Борбола (Куба), Адек Сапутра (Индонезија), Петре Поч (Унгарија), Тирсо Цезар (Италија), Кристофер Скот (Еквадор), Луис Ривера (Бразил), Ерин Брајт (САД), Роберт Јанг (Велика Британија), Небојша Гелевски и Лазе Трипков (Македонија), Хитоши Мјура (Јапонија) и др…

Изложбата ќе биде поставена во МКЦ од 16 до  26 ноември, во долната галерија.

Согласно препораките на Комисијата за здравство и Министерството за здравство, посебен термин за отворање нема да има, а сите заинтересирани ќе можат да ја посетат согласно препораките за почитување на мерките од Ковид-19 во период од 10 до 20 часот секој ден.

Проектот е поддржан од Министерството за култура на Македонија.

The post 13. Скопје постер фестивал се приклучува кон дизајн-движењето на тема КОВИД-19 appeared first on Skopje Poster Festival.

]]>
https://skopjeposter.com/mk/13-skopje-poster-festival-na-tema-kovid-19/feed/ 0
Одбележување на победниците на конкурсот „Инклузија, не ексклизија“ со хуманитарно дружење https://skopjeposter.com/mk/odbelezuvanje-na-pobednici-na-inkluzija-ne-ekskluzija/ https://skopjeposter.com/mk/odbelezuvanje-na-pobednici-na-inkluzija-ne-ekskluzija/#respond Wed, 12 Jun 2019 21:05:16 +0000 https://skopjeposter.com/odbelezuvanje-na-pobednici-na-inkluzija-ne-ekskluzija/ Скопје постер фестивалот во реализација на својата мисија има зацртано да делува на полето на подигање општествена свест за глобалните предизвици - оваа година тој предизвик е насловен „Инклузија, не ексклузија“. Тема на 12-от европски конкурс за изработка на плакат, Плакарт - Здружението на графички дизајнери и Советот на СПФ одлучија да биде вклученоста [...]

The post Одбележување на победниците на конкурсот „Инклузија, не ексклизија“ со хуманитарно дружење appeared first on Skopje Poster Festival.

]]>

Скопје постер фестивалот во реализација на својата мисија има зацртано да делува на полето на подигање општествена свест за глобалните предизвици – оваа година тој предизвик е насловен „Инклузија, не ексклузија“.

Тема на 12-от европски конкурс за изработка на плакат, Плакарт – Здружението на графички дизајнери и Советот на СПФ одлучија да биде вклученоста на најранливите групи во општеството.

Студентите од Европскиот континент, преку своите дела, изразија цврст став за разбивање на стигмите и табуата поврзани со лицата од социјалната маргина, дискриминираните и несоодветно вклучените инивидуи и општествени групи. Студенти од речиси целиот континент, од Португалија до Турција, од Велика Британија до Русија учествуваа во конкурсот „Инклузија, не ексклузија“.

Главната награда, која ја понесоа 8 автори, е патување и учество во еднонеделна off-town работилница во Преспа, на која учесниците заедно со врвни менторите од Швајцарија(Штефан Бунди) и Македонија(Костадин Танчев-Динка) ќе работат на создавање дополнителни дела кои ќе бидат изложени во рамки на патувачката турнеја на 12. издание на СПФ, почнувајќи од 15 јули.

Победници на конкурсот „Инклузија, не ексклузија“ се: Денис Несмејанов (РУС),  Еце Батур (ТУР), Едуардо Рибеиро (ПОР), Лука Прстојевиќ (СРБ), Стефан Симоновски (МКД), Теодора Младеновска (МКД), Клаудиа Заблоцка (ПОЛ), Џина Парк (ПОЛ).

Како најава за изложбата на финалиситите од конкурсот, која ќе биде отворена на 18 јуни во МКЦ во рамки на 12. Скопје постер фестивал, во текот на вчерашниот ден на платото и паркот во кругот на Младинскиот културен центар дечиња од Посебното основно училиште „Иднина“ цртаа со искористување на различни техники, а со цел подигање на свеста за нивната рамноправна улога во општеството. Делата на дечињата ќе бидат понудени на продажба во хуманитарни цели, токму на отворањето на изложбата на 12 јуни, каде донаторите ќе може и да се сретнат со авторите.

Проектот „Инклузија, на ексклузија“, организиран со поддршка од Амбасадата на Швајцарија, свое финале ќе има со организација на серија изложби со делата од финалистите, надополнети со сите дела креирани од страна на победниците за времетраењето на работилницата во Преспа.

The post Одбележување на победниците на конкурсот „Инклузија, не ексклизија“ со хуманитарно дружење appeared first on Skopje Poster Festival.

]]>
https://skopjeposter.com/mk/odbelezuvanje-na-pobednici-na-inkluzija-ne-ekskluzija/feed/ 0
Конкурс за плакат „Инклузија, не ексклузија“, предзвик на 21-от век https://skopjeposter.com/mk/konkurs-inkluzija-ne-ekskluzija/ https://skopjeposter.com/mk/konkurs-inkluzija-ne-ekskluzija/#respond Sat, 02 Mar 2019 22:26:53 +0000 https://skopjeposter.com/?p=20818 Социјална инклузија или вклучување е процес за унапредување на условите врз чија основа индивидуите или општествените групи земаат учество во општеството, односно подобрување во поглед на унапредена способност, понудени можности и дигнитетот на луѓето кои се соочуваат со социјална и економска обесправеност. Европскиот континент, како еден од најразвиените континенти сеуште се соочува со огромен [...]

The post Конкурс за плакат „Инклузија, не ексклузија“, предзвик на 21-от век appeared first on Skopje Poster Festival.

]]>

Социјална инклузија или вклучување е процес за унапредување на условите врз чија основа индивидуите или општествените групи земаат учество во општеството, односно подобрување во поглед на унапредена способност, понудени можности и дигнитетот на луѓето кои се соочуваат со социјална и економска обесправеност.

Европскиот континент, како еден од најразвиените континенти сеуште се соочува со огромен предизвик, каков што е социјалната екслузија. Стереотипите, стигмите и предрасудите по основа на пол, раса, етничка и верска припадност, сексуална определба, како и степенот на попреченост предизвикуваат нарушување на дигнитетот, безбедноста на луѓето со попреченост, што резултира со нивно маргинализирање и дискриминација.

 

ВОВЕД

Агендата Европа 2020 на ЕУ, Програмата за акција на Светскиот самит за социјален развој и Одржливите цели за развој на ООН, се само дел од документите кои ги третираат прашањeто на социјалната ексклузија, со кој е предвидено луѓето со попреченост да бидат поддржани и вклучени во социјалните и општествените текови, а со тоа да се намали ризикот од нивна маргинализација.

Но, дaли мерките за нивно интегрирање преку стратегиите за економски напредок се доволни? Дали иако просечната невработеност во Западна Европа изнесува 8,5 %, а во Источна Европа 5,3%(не вклучувајќи ги земјите кои не се членки на Европската Унија), ни дава јасна слика за подобрување на состојбата со социјалната инклузија и инклузијата на луѓето со попречености?

Што е поважно, треба ли оваа тема да се третира сегментарно, категоризациски? Или можеби пристапот треба да е мултидисциплинарен, а инклузијата да вклучува мерки кои ќе го подобрат квалитетот и стандардот на живеење на луѓето со попреченост? Од круцијално значење е притоа нивното директно вклучување во процесите на креирање политики и стратегии за напредок, но и со подигање на свеста кај пошироката популација и нивна едукација за потребата за соодветен третман и отвореност кон маргинализираните општествени групи, што ќе резултира со унапредување на социјалната кохезија?

 

ИНФОРМАЦИИ ЗА КОНКУРСОТ

Плакатот, како медиум низ историјата безкомпромисно и цврсто делувал врз подигање на свеста и силно влијаел врз процесите за креирање на промени, историските пресврти. Плакатот е моќна алатка, која Плакарт и Скопје постер фестивалот измината декада ја промовираат и етаблираат во земјава и во светски рамки. 

Оваа година, со поддршка и во соработка со Амбасадата на Швајцарија во Скопје, Плакарт го промовира проектот „Инклузија, не ексклузија“, Социјална инклузија, предзвик на 21-от век, кој вклучува конкурс за плакат и off-town работилница – како финале кое ќе вклучува патување за авторите на најдобрите 7 плакати до регионот на Преспа и Охрид, кои заедно со менторите, експерти по графички дизајн и комуникации од Северна Македонија, Швајцарија ќе одржат 10-дневна работилница. Плакатите од работилницата, заедно со плакатите кои ќе земат учество во конкурсот ќе бидат изложени на посебна изложба и ќе бидат дел од специјално подготвениот каталог.

Ги покануваме студентите од академиите за уметност, графички дизајн, визуелни комуникации од европскиот континент да земат учество во конкурсот за дизајн на плакат наречен „Инклузија, не ексклузија“ (ориг. „Include, Not Xclude“).

 

ДЕТАЛИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ

Пријавувањето на конкурсот е бесплатно, на следниот линк: www.skopjeposter.com/gallery2

Секој учесник, по регистрацијата(доколку не е веќе регистриран), може да аплицира со 1, 2 или 3 плакати, дозволени се исклучиво индивидуални дела(не групни).

Доколку учесникот користи текстуални исписи, препорачливо е истите да се на англиски, иако и дела со текстови на друг јазик се прифатливи.

Плакатот мора да е со следниве технички параметри: JPG фајл со припрема за печатење во Б3 формат (350x500mm) со резолуција од 300 dpi со прилагодени CMYK бои; Поединечен фајл не смее да надминува 10мб;  Сите користени фонтови треба да бидат во аутлајн или растеризирани.*/**

 

КРАЕН РОК ЗА АПЛИЦИРАЊЕ: 31 мај 2019 година (Централно европско време).

 

Сите условите за учество на следниот линк: https://skopjeposter.com/gallery2/?page=terms-conditions

 

 

 

1 март  – 31 мај

Временска рамка за конкурсот за аплицирање на плакати на тема „Инклузија, не ексклузија“ (ориг. „Include, Not Xclude“)

 

31 мај – 6 јуни

Евалуација од страна на меѓународното жири

 

7 јуни

Објавување на резултатите од конкурсот за плакат

 

25 јуни – 25 јули

Менторски 10-дневни работилници во регионот на Преспа и Охрид со авторите на 7-те највпечатливи плакати

 

25 јули – 1 септември

Изложба на плакатите во градови низ Република Северна Македонија, Промоција на проектниот каталог.

 

 

______________

*Не е дозволено користење на дизајни/материјали за кој не поседувате авторски права.

**Организаторите го задржуваат правото да ги користат поднесените вузуални решенија за презентација и медиумска употреба и за репродукција за промотивни цели во рамки на меѓународните промотивни активности и кампањи.

 

The post Конкурс за плакат „Инклузија, не ексклузија“, предзвик на 21-от век appeared first on Skopje Poster Festival.

]]>
https://skopjeposter.com/mk/konkurs-inkluzija-ne-ekskluzija/feed/ 0
11. Скопје постер фестивал ја отвора новата декада под мотото „Моќта на плакатот“ https://skopjeposter.com/mk/11skpf-mokta-na-plakatot/ https://skopjeposter.com/mk/11skpf-mokta-na-plakatot/#respond Mon, 26 Nov 2018 01:03:31 +0000 https://skopjeposter.com/?p=20787 Нова декада, нови предизвици, НОВА ЕРА!!! Покрај сите предизвици и институционални „сопки“, Плакарт – Здружението за графички дизјанери, односно Советот на Скопје постер фестивалот, одлучија да не го згаснат овој витален културен проект, напротив, да продолжат со креирање на уште поуспешна и поинсипративна иднина на единствениот фестивал за плакат на Балканот посветен на младите дизајнери!!! [...]

The post 11. Скопје постер фестивал ја отвора новата декада под мотото „Моќта на плакатот“ appeared first on Skopje Poster Festival.

]]>
Нова декада, нови предизвици, НОВА ЕРА!!!

Покрај сите предизвици и институционални „сопки“, Плакарт – Здружението за графички дизјанери, односно Советот на Скопје постер фестивалот, одлучија да не го згаснат овој витален културен проект, напротив, да продолжат со креирање на уште поуспешна и поинсипративна иднина на единствениот фестивал за плакат на Балканот посветен на младите дизајнери!!!

Фестивалот, чија промоција на плакатот како моќен и пожив медиум од било кога претходно ќе продолжи консеквентно да биде во одбрана на квалитетниот – општествен и некомерцијален плакат. Тоа е и главната причина Советот на Скопје постер фестивалот да ја избере темата на овогодинешниот фестивал да биде „Моќта на плакатот“.

Овогодинешната фестивалска програма, значително променета и прилагодена на условите со кои Плакарт и Фестивалот се соочуваа во изминатиот период, од институционален и финансиски карактер, е со фокус на сите автори кои имаа големо влијание на развојот на Скопје постер, но и да останеме доследни и vice-versa. Авторите на наградените плакати, добитниците на почесни награди од претходните 10 години на СПФ беа поканети да креираат плакат за темата на 11. СПФ „Моќта на плакатот“.

Дополнително, четири изложби и над 200 плакати ќе бидат презентирани за време на фестивалот: 100х10, 100 наградени плакати од изминатите 10 години, 2) Дела од Славимир Стојановиќ Футро, 3) Плакати од постер-акцијата против загадувањето #СМОГЈЕ и 4) Плакати од млади дизајнери од Унгарија.

Официјалното отворање на 11. Скопје постер фестивал е на 26 ноември 2018 г, во Мултумедијалниот Центар >Мала Станица<, во 19:00.

Следниот ден, 27 ноември 2018 во Арткафето – книжарата >Литература.мк<, е резервиран за промоција на Илустрираните раскази „ДЕВЕТ“ – новата книга на Славимир Стојановиќ Футро.

11. Скопје постер фестивал ќе биде отворен за посетители до 6 декември.

Придружете ни се во новата деката полна со несекојдневни дизајн искуства, инспирација и креативна сила!!!

The post 11. Скопје постер фестивал ја отвора новата декада под мотото „Моќта на плакатот“ appeared first on Skopje Poster Festival.

]]>
https://skopjeposter.com/mk/11skpf-mokta-na-plakatot/feed/ 0
Меѓународен конкурс за плакат НАСМЕВКА :) „Насекаде за секого“ во организација на Црвен Крст и Плакарт https://skopjeposter.com/mk/konkurs-crven-krst-i-plakart-nasmevka-nasekade-za-sekogo/ https://skopjeposter.com/mk/konkurs-crven-krst-i-plakart-nasmevka-nasekade-za-sekogo/#respond Wed, 04 Apr 2018 16:38:34 +0000 https://skopjeposter.com/?p=20747 Црвен крст на град Скопје во соработка со здружението на графичи дизајнери „Плакарт“  како дел од проектот „Училишни клубови за едукација и превенција“ поддржан од Град Скопје, објавува   МЕЃУНАРОДЕН НАГРАДЕН КОНКУРС на тема: НАСМЕВКА :)  „Насекаде за секого“/ SMILE :) „Everywhere 4 everyone“   Во пресрет на Светскиот ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина 8 мај, [...]

The post Меѓународен конкурс за плакат НАСМЕВКА :) „Насекаде за секого“ во организација на Црвен Крст и Плакарт appeared first on Skopje Poster Festival.

]]>
Црвен крст на град Скопје во соработка со здружението на графичи дизајнери „Плакарт“  како дел од проектот „Училишни клубови за едукација и превенција“ поддржан од Град Скопје, објавува

 

МЕЃУНАРОДЕН НАГРАДЕН КОНКУРС

на тема: НАСМЕВКА 🙂  „Насекаде за секого“/ SMILE 🙂 „Everywhere 4 everyone“

 

Во пресрет на Светскиот ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина 8 мај, но и во текот на целата 2018 година, ќе ја прославиме силата и моќта на нашата глобална мрежа, како и придонесот на нашиот персонал и на околу 14 милиони волонтери во светот преку мотото “Насекаде за секого”.

Оваа година имаме за цел да ги прошириме знаењата за мисијата и придонесот на Црвениот крст со истакнување на разновидноста на нашата работа и универзалноста во нашиот пристап. Користиме едноставен повик за акција за да го споделиме еден од најпознатите универзални симболи – насмевката.

Насмевката е универзален знак на среќа, удобност и задоволство.

За волонтерите, тоа значи добро завршена работа. За некој погоден од непогода или криза, тоа може да значи дека постои некој кој е подготвен да помогне. Сакаме да ја искористиме моќта на овој симбол за да ја прославиме посветеноста и влијанието на Црвениот крст и Црвената полумесечина, волонтерите и вработените лица. Нашата цел е да истакнеме како Движењето ги решава хуманитарните предизвици преку оригинални, иновативни и необични пристапи.

Фокусирајќи се на акција и позитивни промени во заедницата, ќе ги споделиме позитивните приказни за промени и надеж со повикот за акција “Споделете го она што поттикнува насмевка”.

 Со цел промоција на работата на Црвениот крст и позитивните промени во заедницата, Црвен крст на град Скопје, со поддршка на здружението на графичи дизајнери „Плакарт“  објавува награден конкурс на тема: НАСМЕВКА 🙂 „Насекаде за секого“/ SMILE 🙂 „Everywhere 4 everyone“

Конкурсот ќе биде отворен од 1 април до 1 мај 2018 година.

Конкурсот е наменет за ученици, студентите на факултети / академии / колеџи за уметност и дизајн регистрирани во образовна институција како и сите професионални дизјанери без ограничување на возраста за пријавување. Секој учесник може да аплицира максимум три постери;

Групни апликации не се дозволени.

 

УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО

  • Плакатот треба да ја промовира темата НАСМЕВКА 🙂 „Насекаде за секого“/ SMILE 🙂 „Everywhere 4 everyone“
  • Поднесениот плакат мора да биде со димензии 500 х 700 мм со резолуција 150 dpi во CMYK профил во формат PDF или JPG. Фајловите не треба да бидат поголеми од 25 мб и  треба да се испратат на електронската адреса: skopje.mladi@redcross.org.mk не подоцна од 1 мај 2018 година (до 00:00 ч).
  • Сите користени фонтови треба да бидат векторизирани или растеризирани.
  • Изборот на најдобро идејно решение ќе го направи 3 (три) члена комисија составена од претставници од Црвен крст, Град Скопје и здружението на графички дизајнери „Плакарт“.
  • Не е дозволено користење на дизајни/материјали за кои не поседувате авторски права.

Организаторите го задржуваат правото да ги користат поднесените вузуeлни решенија за презентација и медиумска употреба и за репродукција за промотивни цели во рамки на меѓународните промотивни активности и кампањи.

Сите пристигнати идејни решенија авторите ќе ги отстапат на Црвен крст на град Скопје и во иднина истите може да бидат искористени исклучиво од Црвен крст во кампања и/или во активности за промоција на организацијата и волонтерската ангажираност.

Црвен крст на град Скопје/ Здружението на графички дизајнери „Плакарт“/Град Скопје

The post Меѓународен конкурс за плакат НАСМЕВКА :) „Насекаде за секого“ во организација на Црвен Крст и Плакарт appeared first on Skopje Poster Festival.

]]>
https://skopjeposter.com/mk/konkurs-crven-krst-i-plakart-nasmevka-nasekade-za-sekogo/feed/ 0
Скопје постер фестивалот ја започна 10 – годишната јубилејна изложбена турнеја https://skopjeposter.com/mk/10-god-jubilejna-svetska-tura/ https://skopjeposter.com/mk/10-god-jubilejna-svetska-tura/#respond Fri, 16 Mar 2018 09:18:14 +0000 https://skopjeposter.com/?p=20727 Поставката на најдобрите 100 плакати од 10-те конкурси на СКПФ беше официјално отворена вчера на Академијата за уметност во Шчечин, Полска. Плакатите на млади дизајнери од цел свет, вклучително прво наградените и добитниците на почесни и посебни награди од изминатите десет изданија на фестивалот се дел од јубилејниот изложбен караван чиј почеток ја означи токму [...]

The post Скопје постер фестивалот ја започна 10 – годишната јубилејна изложбена турнеја appeared first on Skopje Poster Festival.

]]>
Поставката на најдобрите 100 плакати од 10-те конкурси на СКПФ беше официјално отворена вчера на Академијата за уметност во Шчечин, Полска. Плакатите на млади дизајнери од цел свет, вклучително прво наградените и добитниците на почесни и посебни награди од изминатите десет изданија на фестивалот се дел од јубилејниот изложбен караван чиј почеток ја означи токму изложбата во Полска.

“Студенти од Австрија, Босна, Иран, Кина, Полска, Русија, САД и многу други земји, но и неколку плакати од Македонија, ќе пренесат моќна порака за глобалните и горливите теми. Дополнително ќе ја потврдат исклучителната моќ на социјалниот, културен, политички, некомерцијален медиум – постерот во подигање на свеста на јавноста и политичките чинители.” – посочија организаторите од Плакарт.

Во рамки на соработката на Плакарт со Академијата за уметност од Шчечин, претставникот на Плакарт – Гере Трипков одржа предавање на тема “10 години пасија кон плакатот”, преку кое ги презентираше децениските достигнувања и планови на Плакарт за делувањето на полето на графичкиот дизајн и креативните индустрии во Македонија, но и надвор од неа, вклучувајќи ги долгогодишните меѓународни иницијативи и соработки.

Презентацијата и претходеше на отворањето на изложбата, на кое кураторот Томаш Швиталски потенцираше дека овој конкурс е проект атрактивен за шчечинските студенти и обработува значајни, небанални теми од глобално значење и токму затоа е воведен во програмската академска настава и веќе неколку години привлекува голем интерес кај студентите на оваа значајна академија за графички дизајн.

Консеквентната соработка на академиите за дизајн ширум светот – вклучително од Македонија – со Скопје постер фестивалот дава позитивен пример за поттик и напредок на младите дизајн надежи и нудење платформа за нивно конкурирање и промоција во светски размери.

Изложбата на Академијата за уметност во Шчечин, Полска ќе биде отворена до 30 април, а плакатите произлегуваат од конкурсните теми: Толеранција, Беда наспроти Сиромаштија, Екологика, ХИВ/СИДА, Пари бесплатно, Граѓанин2020, Дизајн за мир, Сите за луѓе со попреченост, Криза на идентитет и Вештачка реалност.

По изложбата во Шчечин планирана е серија на изложби ширум светот, со што ќе се одбележи 10 годишнината на Меѓународниот студентски конкурс за плакат и Скопје постер фестивалот.

The post Скопје постер фестивалот ја започна 10 – годишната јубилејна изложбена турнеја appeared first on Skopje Poster Festival.

]]>
https://skopjeposter.com/mk/10-god-jubilejna-svetska-tura/feed/ 0
Постер – акција #СМОГЈЕ https://skopjeposter.com/mk/smogje/ https://skopjeposter.com/mk/smogje/#respond Sat, 10 Feb 2018 11:39:18 +0000 https://skopjeposter.com/?p=20669 1000 лица годишно умираат од загаден воздух!!! Скопје е постојано прогласуван за еден од најзагадените градови во светот. Пораст на алергиски реакции кај деца, зголемување на бројот на болести на дишните патишта... Депонии, диви депонии, фабрики, хемиски отпад, мали погони загадувачи, нееколошки материјали за топлинска енергија, застарен возен парк... Ова се само неколку причини да ни се [...]

The post Постер – акција #СМОГЈЕ appeared first on Skopje Poster Festival.

]]>
1000 лица годишно умираат од загаден воздух!!! Скопје е постојано прогласуван за еден од најзагадените градови во светот.

Пораст на алергиски реакции кај деца, зголемување на бројот на болести на дишните патишта… Депонии, диви депонии, фабрики, хемиски отпад, мали погони загадувачи, нееколошки материјали за топлинска енергија, застарен возен парк…

Ова се само неколку причини да ни се придружите во општествената акција со наслов #Смогје, преку визуелните пораки  и постери да ги разбудиме нашите заспани сограѓани, властите и општата јавност!

Дизајнерите секогаш знаеле да ги превземат нештата во своите раце, да „подигнат“ иљадници, милиони луѓе и да поттикнат промени!

 
УСЛОВИ ЗА ПОДНЕСОЦИТЕ
    • Секој има право за учество со МАКСИМУМ 3 плакати.
    • Постерот треба да ја промовира дадената тема и да промовира концепт или можно решение.
    • Плакатот мора да го содржи мотото на акцијата #СМОГЈЕ или #SMOGJE.
    • Инкорпорирани исписи да бидат на македонски или друг јазик кој се говори во Македонија.
    • JPG фајл со припрема за печатење, Б3 формат (350x500mm) , резолуција 300 dpi  / CMYK бои.
  • Не е дозволено користење на дизајни/материјали за кој не поседувате авторски права.


Испрати го Твојот постер НАЈДОЦНА до 19 февруари.

Аплицирај тука

Оваа иницијатива има за цел да пресрасне во кампања, која ќе го третира ова прашање, со безрезервна поддршка од медиумите и полно право на авторите на делата кои учествуваат за нивна промоција во рамки на истата. Визуелните решенија ќе бидат користени за презентација и медиумска употреба и/или за репродукција за промотивни цели во кампањата.

МојВоздух ќе се приклучи на нашата иницијатива за  состобите на загадувањето и заедно ќе работиме на поголемо подигнување на свеста за овој застрашувачки проблем.

Биди дел од #Смогје .

The post Постер – акција #СМОГЈЕ appeared first on Skopje Poster Festival.

]]>
https://skopjeposter.com/mk/smogje/feed/ 0
Заврши јубилејното прославување на Скопје постер фестивалот https://skopjeposter.com/mk/zatvoranje-na-jublejnoto-10-skpf/ https://skopjeposter.com/mk/zatvoranje-na-jublejnoto-10-skpf/#respond Mon, 04 Dec 2017 12:58:57 +0000 https://skopjeposter.com/?p=20471 Затворањето на последните изложби од Скопје постер фестивалот во Музејот на град Скопје го заокружи 10-то јубилејно издание. Фестивалот, кој се одржа од 14 ноември до 04 декември 2017 година, понуди изложби, мастер-работилници, дизајн конференција, панел дискусија, дружење со менторите, забавна вечерна програма. Жирито составено од графички дизајнери од 5 земји имаа тешка задача да [...]

The post Заврши јубилејното прославување на Скопје постер фестивалот appeared first on Skopje Poster Festival.

]]>
Затворањето на последните изложби од Скопје постер фестивалот во Музејот на град Скопје го заокружи 10-то јубилејно издание.

Фестивалот, кој се одржа од 14 ноември до 04 декември 2017 година, понуди изложби, мастер-работилници, дизајн конференција, панел дискусија, дружење со менторите, забавна вечерна програма.

Жирито составено од графички дизајнери од 5 земји имаа тешка задача да ја направат селекцијата од иљадници пристигнати плакати од 68 земји ширум светот на 10 скопјепостер конкурс на тема “Вештачка реалност”. Стотина финалисти, меѓу кои и 4 автори од Македонија, се пласираа во почесната селекција за избор на најдобрите. Главните награди заминаа во рацете на дизајнери од Полска и Русија, наградите од жирито беа доделени за плакати од Македонија и Унгарија, а останатите 6 почесни ги добија млади дизајнери од Канада, Кина, Полска, Унгарија.

Јубилејниот Скопје постер фестивал го посетија Лекс Древински, Лех Мајевски, Реза Абедини, Свен Сориќ и Хрвоје Спудиќ, придружени од македонските дизајнери Лазе Трипков и Иван Дургутовски, гости и членови на жирито кои создадоа одлично фестивалско уживање за креативците.

Во рамки на фестивалот, на 17 ноември, се одржа панел дискусија на тема “Дизајнот и социјалната инклузија” и дизајн конференција насловена “5 искуства за успешен дизајн”. Панел-дискусијата со учество на министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, заменик шефот на UNDP Нарине Сахакјан и заменик амбасадорот на Амбасадата на Швајцарија, Стефан Томаџиан, надополнета со презентација на Лазе Трипков за влијанието кое го има дизајнот врз општествените промени и за поголема вклученост на маргинализираните групи понуди корисни искуства и послужи за создавање основи за понатамошна соработка на владиниот сектор и меѓународните организации од една страна и креативните работници од друга страна. Детали за иницираните проекти ќе бидат објавени наскоро.

Освен јубилејната конкурсна поставка, пропратена со изложби од работилниците ширум светот, на фестивалот беа прикажани и изложби на Современ македонски плакат со учество на плакатисти од земјава, на дела од работилниците со Реза Абедини и Лекс Древински, како и изложба на “аналогни” плакати на дуото Свен и Хрвоје – This Town Needs Posters од Хрватска. Издвоената специјална изложба на 50 дела од жири членовите се одржа во Four Restaurant.

Фестивалот, поддржан од Министерството за култура, се одвиваше на 5 локации, Музејот на град Скопје, Брик Бар, Твинс, Four Restaurant, Park Hotel & Spa.

Во наредните месеци изложбата на тема “Вештачка реалност” ќе биде прикажана во неколку градови ширум Македонија. Полска и Турција се само првите од серијата планирани пофестивалски дестинации вон земјава.

Погледнете ја фото-галеријата: 10. Скопје постер фестивал

The post Заврши јубилејното прославување на Скопје постер фестивалот appeared first on Skopje Poster Festival.

]]>
https://skopjeposter.com/mk/zatvoranje-na-jublejnoto-10-skpf/feed/ 0
Победници на 10. јубилеен СКПФ „Вештачка реалност“ https://skopjeposter.com/mk/10-skpf-pobednici/ https://skopjeposter.com/mk/10-skpf-pobednici/#respond Fri, 17 Nov 2017 22:03:05 +0000 https://skopjeposter.com/?p=20446 Јубилејниот 10. Скопје постер конкурс за студентски плакат „Artificial Reality“ ги надмина очекувањата. Пристигнаа  плакати од 68 држави ширум светот. Се повеќе факултети се заинтересирани за воведување на Скопје постер конкурсот во рамки на своите наставни програми, а забележан е и зголемен интерес за изложување на плакатите кои се дел од изложбите во рамки на [...]

The post Победници на 10. јубилеен СКПФ „Вештачка реалност“ appeared first on Skopje Poster Festival.

]]>
Јубилејниот 10. Скопје постер конкурс за студентски плакат „Artificial Reality“ ги надмина очекувањата. Пристигнаа  плакати од 68 држави ширум светот. Се повеќе факултети се заинтересирани за воведување на Скопје постер конкурсот во рамки на своите наставни програми, а забележан е и зголемен интерес за изложување на плакатите кои се дел од изложбите во рамки на сопствените галериски простори.

Комисијата составена од пет меѓународни судии: Лекс Древински (Полска), Лех Мајевски (Полска), Свен Сориќ и Хрвоје Спудиќ од дуото This Town Needs Posters (Хрватска)*. За претседател на жирито беше избран Реза Абедини (Иран). По четричасовното жирирање ги додели десетте награди.

Организаторот на настанот и претседател на Здружението „ПлакАрт “, Гере Трипков, пред присутните ги претстави добитниците на награди од ист ранг: Јакуб Собчак (Полска) и Дарја Грекова (Русија).

Специјалната награда од жирито беше доделена на Сара Лехофер (Унгарија), а специјалната награда за македонски плакат ја доби Анастасија Јовческа.

Со почесни награди се здобија Паскал Бежин (Канада), Каролина Лубашко (Полска), Емоке Питер (Унгарија), Јин Веи (Кина), Павел Гојови (Полска), Пиотрек Пиетшак (Полска).

Ви ја претставуваме листата на автори на плакатите избрани од меѓународното жири, кои учествуваа во изложбата:
Адриан Ровина / Хрватска
Александар Ким / САД
Александра Казаковскаја / Русија
Александра Шленк / Полска
Александра Шуманска / Полска
Алексеј Литвинович / Белорусија
Амбер Лим / САД
Ана Фузеш / Унгарија
Анастасија Јовческа / Македонија
Анастасија Шемјакина / Русија
Беатрикс Пап / Словачка
Беркај Алтај / Турција
Бернарда Поблет / Чиле
Бјанка Шуман / Романија
Ботонд Чиби – Гинделе / Унгарија
Викторија Валужете / Литванија
Грегор Стајнметс / Германија
Грегорж Кабас / Полска
Грејс Ким / САД
Грета Јоткуте / Литванија
Грета Јоткуте / Литванија
Дарја Грекова / Русија
Дарја Грекова / Русија
Дастан Абасканов / Турција
Дастан Абасканов / Турција
Душан Кошанин / Србија
Едона Османи / Македонија
Ема Дамиани / САД
Емоке Питер / Унгарија
Естер Урбанович / Унгарија
Жанг Јулијан / Кина
Зои Јинг / Кина
Ив Кнапи / Финска
Јакуб Собчак / Полска
Јоакин де Оливеира / Португалија
Јунксиао Јуе / Кина
Јустина Каубруте / Литванија
Камила Браво / Чиле
Камила Контрерас / Чиле
Карлос Аркос / Еквадор
Каролина Андреа Баеза Осорио / Чиле
Каролина Лубашку / Полска
Катја Кудина / Белорусија
Ки Занг / Кина
Киансонг Сан / Кина
Кин Лин Ју / Кина
Клара Мартин / САД
Конор Олбердинг / САД
Кристал Холовеј / САД
Кунланид Јодудом / Тајланд
Ленка Болова / Словачка
Ли Јаронг / Кина
Лиз Рамос Контрерас / Чиле
Лорен Бејли / САД
Лукас Периер / САД
Маја ДеНофио / САД
Маријана Иванова / Македонија
Мачиеј Јанушевски / Полска
Мигел Ангел Гуевара Рангел / Мексико
Милош Ристоски / Македонија
Миро Денк / Германија
Миро Денк / Германија
Миро Денк / Германија
Мустафа Гуркан Гурлер / Турција
Најмуш Сакиб / Бангладеш
Никита Тунев / Русија
Огуз Кан Јазги / Турција
Омаир Али / САД
Павел Головиј / Полска
Павел Головиј / Полска
Паскал Бежин / Канада
Патрик Зеликман / Финска
Патрик Криговски / Полска
Патрик Криговски / Полска
Паулина Пеликан / Полска
Петчпрев Лимпрапаипонг / Тајланд
Пиотрек Пјетцак / Полска
Родриго Кабело / Чиле
Ромина Чамизо / Чиле
Ронан О’Ханлон / Ирска
Сара Романов / Македонија
Семоер Монтенегро / САД
Сена Јулмаз / Турција
Сера Кизилтас / Турција
Сиера Красон / САД
Тамара Браво / Чиле
Тугба Мермечи / Турција
Фан Шишија / Кина
Франк Вајт / САД
Франческа Данобинтиа / Чиле
Хаиро Акеведо / Кина
Чен Ји / Кина
Ченг Веин Лиу / Тајван
Чи Ронг Кун / Кина
Џексон Дилон / САД
Џим Веи / Кина
Џонатан Гузман / САД
Џувон Сео / САД

Фестивалските денови продолжуваат со презентации и дополнителни консултации за учесниците на работилниците од светски реномираните предавачи, чии дела се наоѓаат во светските музеи, на следните теми „Калиграфија и плакат“ под менторство од Реза Абедини и „Lex is more“ водена од Лекс Древински.

Изложбата на плакати во Музеј на Град Скопје ќе биде поставена до 01 декември. Освен главната изложба во Музеј на Град Скопје, може да се посетат поставките на Современ македонски плакат (Twins), This town Needs Posters (Brick Bar) и Специјална селекција на дела од жирито (Four Restaurant).

 

* Алис Твемлоу требаше да биде дел од жирито, но поради сериозни приватни причини не можеше да биде дел од жири-селекциите во живо и на целокупниот 10. Скопје постер фестивал. Нам, како и неа, ни е жал што не можеше да ни се придружи оваа година.

The post Победници на 10. јубилеен СКПФ „Вештачка реалност“ appeared first on Skopje Poster Festival.

]]>
https://skopjeposter.com/mk/10-skpf-pobednici/feed/ 0
Повик за волонтери – 10. Скопје Постер Фестивал https://skopjeposter.com/mk/povik-za-volonteri-10-spf/ https://skopjeposter.com/mk/povik-za-volonteri-10-spf/#respond Mon, 16 Oct 2017 08:46:52 +0000 https://skopjeposter.com/?p=20318/ Ако имаш дизајнерско око и сакаш да го искористиш слободното време продуктивно, приклучи нѝ се во тимот кој со твоја помош ќе го организира овогодинешниот јубилеен 10. Скопје постер фестивал. Ќе имаш можност да работиш во креативен тим, да научиш и да запознаеш многу кул дизајнери од Англија, Америка, Иран, Полска, Хрватска, Шпанија, да работиш [...]

The post Повик за волонтери – 10. Скопје Постер Фестивал appeared first on Skopje Poster Festival.

]]>
Ако имаш дизајнерско око и сакаш да го искористиш слободното време продуктивно, приклучи нѝ се во тимот кој со твоја помош ќе го организира овогодинешниот јубилеен 10. Скопје постер фестивал. Ќе имаш можност да работиш во креативен тим, да научиш и да запознаеш многу кул дизајнери од Англија, Америка, Иран, Полска, Хрватска, Шпанија, да работиш на забавни настани и да развиваш контакти со твои колеги, професионални креативци.

Во потрага сме по волонтери кои ќе ни помогнат овој фестивал да биде најдобриот до сега. Пожелно е да имаш основни познавања во областа на дизајнот, да си тимски играч, да размислуваш проактивно и креативно. Немаш претходно искуство? Токму рабојтејќи со нас би можел да го стекнеш.

Ако се пронајде во овие два пасуса (или можеби не, ама сепак ти звучи интересно), пријави се на https://goo.gl/3gz6Jp  и очекувај повик.

Рокот за пријавување на повикот е 07 ноември.

Времетраење на ангажманот: 13ти – 20ти ноември.

Те очекуваме! 🙂

 

 

 

The post Повик за волонтери – 10. Скопје Постер Фестивал appeared first on Skopje Poster Festival.

]]>
https://skopjeposter.com/mk/povik-za-volonteri-10-spf/feed/ 0