Project Description

10. Скопје постер фестивал „Вештачка реалност“

Информации за проектот

Дата: 14 ноември – 04 декември 2017

Локација: Музеј на град Скопје / Парк Хотел и Спа / Фор ресторан / Твинс / Брик Бар Скопје

Затворањето на последните изложби од Скопје постер фестивалот во Музејот на град Скопје го заокружи 10-то јубилејно издание.

Фестивалот, кој се одржа од 14 ноември до 04 декември 2017 година, понуди изложби, мастер-работилници, дизајн конференција, панел дискусија, дружење со менторите, забавна вечерна програма.

Жирито составено од графички дизајнери од 5 земји имаа тешка задача да ја направат селекцијата од иљадници пристигнати плакати од 68 земји ширум светот на 10 скопјепостер конкурс на тема “Вештачка реалност”. Стотина финалисти, меѓу кои и 4 автори од Македонија, се пласираа во почесната селекција за избор на најдобрите. Главните награди заминаа во рацете на дизајнери од Полска и Русија, наградите од жирито беа доделени за плакати од Македонија и Унгарија, а останатите 6 почесни ги добија млади дизајнери од Канада, Кина, Полска, Унгарија.

Јубилејниот Скопје постер фестивал го посетија Лекс Древински, Лех Мајевски, Реза Абедини, Свен Сориќ и Хрвоје Спудиќ, придружени од македонските дизајнери Лазе Трипков и Иван Дургутовски, гости и членови на жирито кои создадоа одлично фестивалско уживање за креативците.

Освен изложбата на финалисти од 10. Скопје постер конкурс „Вештачка реалност“ во издвоени поставки беа изложени специјална селекција на дела од членовите на жирито, дела од победниците на минатогодишниот конкурс Мигел Ангел Рангел и Река Немеди – Варга и плакати од работилниците кои беа изработувани во текот на целата година за овогодинешниот конкурс.

Специјален гостин на 10. Скопје постер фестивал беше Река Немеди – Варга, која како победник на 9. Скопје постер конкурс доби право да изложува на 10. СПФ и да одржи презентација за нејзините дела и влијанието на овој интернационален конкурс врз нејзината кариера.

Објавувањето на 11. Скопје постер Меѓународниот студентски конкурс за плакат е закажан за јануари/февруари 2018 година.

Пренесете ги своите импресии во коментарите подолу, споделете ја оваа галерија на социјалните мрежи! 🙂

Повеќе информации за фестивалот на овој линк: 10. Скопје постер фестивал