1000 лица годишно умираат од загаден воздух!!! Скопје е постојано прогласуван за еден од најзагадените градови во светот.

Пораст на алергиски реакции кај деца, зголемување на бројот на болести на дишните патишта… Депонии, диви депонии, фабрики, хемиски отпад, мали погони загадувачи, нееколошки материјали за топлинска енергија, застарен возен парк…

Ова се само неколку причини да ни се придружите во општествената акција со наслов #Смогје, преку визуелните пораки  и постери да ги разбудиме нашите заспани сограѓани, властите и општата јавност!

Дизајнерите секогаш знаеле да ги превземат нештата во своите раце, да „подигнат“ иљадници, милиони луѓе и да поттикнат промени!

 
УСЛОВИ ЗА ПОДНЕСОЦИТЕ
    • Секој има право за учество со МАКСИМУМ 3 плакати.
    • Постерот треба да ја промовира дадената тема и да промовира концепт или можно решение.
    • Плакатот мора да го содржи мотото на акцијата #СМОГЈЕ или #SMOGJE.
    • Инкорпорирани исписи да бидат на македонски или друг јазик кој се говори во Македонија.
    • JPG фајл со припрема за печатење, Б3 формат (350x500mm) , резолуција 300 dpi  / CMYK бои.
  • Не е дозволено користење на дизајни/материјали за кој не поседувате авторски права.


Испрати го Твојот постер НАЈДОЦНА до 19 февруари.

Аплицирај тука

Оваа иницијатива има за цел да пресрасне во кампања, која ќе го третира ова прашање, со безрезервна поддршка од медиумите и полно право на авторите на делата кои учествуваат за нивна промоција во рамки на истата. Визуелните решенија ќе бидат користени за презентација и медиумска употреба и/или за репродукција за промотивни цели во кампањата.

МојВоздух ќе се приклучи на нашата иницијатива за  состобите на загадувањето и заедно ќе работиме на поголемо подигнување на свеста за овој застрашувачки проблем.

Биди дел од #Смогје .

Skopje Poster

Skopje Poster

I am Skopjeposter and I am here to provide you with all needed informations. Please contact me in any matter!
Skopje Poster