Ако имаш дизајнерско око и сакаш да го искористиш слободното време продуктивно, приклучи нѝ се во тимот кој со твоја помош ќе го организира овогодинешниот јубилеен 10. Скопје постер фестивал. Ќе имаш можност да работиш во креативен тим, да научиш и да запознаеш многу кул дизајнери од Англија, Америка, Иран, Полска, Хрватска, Шпанија, да работиш на забавни настани и да развиваш контакти со твои колеги, професионални креативци.

Во потрага сме по волонтери кои ќе ни помогнат овој фестивал да биде најдобриот до сега. Пожелно е да имаш основни познавања во областа на дизајнот, да си тимски играч, да размислуваш проактивно и креативно. Немаш претходно искуство? Токму рабојтејќи со нас би можел да го стекнеш.

Ако се пронајде во овие два пасуса (или можеби не, ама сепак ти звучи интересно), пријави се на https://goo.gl/3gz6Jp  и очекувај повик.

Рокот за пријавување на повикот е 07 ноември.

Времетраење на ангажманот: 13ти – 20ти ноември.

Те очекуваме! 🙂