Политика на приватност

Оваа политика на приватност се однесува на www.skopjeposter.com и на информациите со кои располага оваа интернет страна.

Oваа политика ги дефинира областите во кои е засегната приватноста на корисниците и ги издвојува обврските и барањата на корисниците, интернет страната и сопствениците на истата. Исто така се однесува и на начинот на кој интернет страната ги обрабоутва, зачувува и заштитува податоците и информациите на корисниците.

Ова интернет страна и нејзините сопственици превземаат проактивен пристап кон податоците на корисниците и уверуваат дека превземени се неопходни чекори со цел да се заштитат приватноста на нејзините корисници.

 

Процесуирање на информациите, искористување и споделување

Ние сме единствените поседувачи на информациите кој оваа интернет страна ги поседува. Ние имаме пристап со цел да ги процесуираме од Вас и по Ваша волја директно преку контакт формата, е-мејл или во процесот на купување и продавање од нашата интернет продавница. Нема да ги продаваме или изнајмуваме информациите. Ќе ги употребуваме за да Ве контактираме во врска со причината за која Вие сте стапиле во контакт со нас. Нема да ги споделуваме Вашите информации со било која трета страна надвор од нашата организација, освен во цели потребни за да се спроведе Вашето барање, како на пример за спроведување и вклучување во сите процеси на селекција или со цел да да ви се испорача порачката. Доколку не побарате да Ве иземеме од комуникацијата, може да Ве контактираме преку и-мејл во иднина за да Ве информираме за нови проекти/активности, специјални понуди, нови производи или услуги, или во врска со промена на Политиката на приватност или Услови и регулации.

 

Вашиот пристап и контролa врз информациите

Можете да  да се откажете од било каков контакт со нас во било кое време. Можете истото да го направите контактирајќи не преку е-мејл адреса наведена на оваа интернет страна. Дополнително доколку побарате писмено преку мејл, Вашиот кориснички профил може да биде избришан.

Ниеден корисник нема право да искористува податоци на било кој друг корисник од оваа интернет страна/сервис. Ние не сме одговорни за искористувањето или предавањето на информациите од друга страна.

 

Кориснички профил

Можете да креирате сопствен кориснички профил со цел да вршите купување на производи од Скопје постер интернет продавницата, како и за продажни активности во рамки на нашата интернет продавница за производи кои се поврзани со конкурсите на Скопје постер. Креирањето корисник се одвива преку формата за регистрација на https://skopjeposter.com/mk/moj-akaunt/.

Вашиот кориснички профил може да биде користен единствено лично од Вас и не е пренослив во никоја форма, комерцијална или некомерцијална.

Корисникот е одговорен за одржување на сопствениот профил и информациите кои ги споделува на него, вклучитечно информациите за лична идентификација.

Нема да биде толерирана содржина која содржи акт на омраза, насилство, спам или несоодветно промовирање спротивно на нашите услови и правила на користење, содржина која вклучува вируси или софтвер кој може да наштети или предизвикува преземање на заштитени, доверливи или лични податоци. Профилот на корисникот кој ќе го прекрши ова правило ќе биде суспендиран до моментот на разјаснување на случајот. Доколку се утврди дека правилото е прекршено корисникот ќе биде избришан од листата блогери, а неговиот профил блокиран, а содржината која ја креирал избришана.

Администраторите го задржуваат правото во било кое време да го блокираат и повлечат од употреба на профил за кој е утврдено дека корисникот ги прекршува правилата и условите за употреба.

 

Блогер профил

Во рамки на проектот на Плакарт и Скопје постер за Студентси Блог ( https://skopjeposter.com/mk/studentski-blog/) имате право како студент да побарате од нас да Ве додадеме како блогер, што е бесплатна опција за водење на сопствена блог-страна. Заинтересираната особа за водење на свој блог профил креира профил на нашата интернет страна преку формата за регистрација достапна на https://skopjeposter.com/mk/moj-akaunt/. По регистрацијата мора да ни испрати мејл со тема „Скопје постер блогер“ во која наведува на кој универзитет и факултет студира и за која намена би му служел блогот.

По разгледувањето на барањето, најбрзо за 3 дена, ќе бидете информирани дали истото е одобрено.

Доколку е одобрено Вашиот профил ќе биде активиран и ќе Ви бидат испратени инструкции за водење на сопствениот блог профил.

Нема да биде толерирана содржина која содржи акт на омраза, насилство, спам или несоодветно промовирање спротивно на нашите услови и правила на користење, содржина која вклучува вируси или софтвер кој може да наштети или предизвикува преземање на заштитени, доверливи или лични податоци. Профилот на корисникот кој ќе го прекрши ова правило ќе биде суспендиран до моментот на разјаснување на случајот. Доколку се утврди дека правилото е прекршено корисникот ќе биде избришан од листата блогери, а неговиот профил блокиран, а содржината која ја креирал избришана.

Администраторите го задржуваат правото на повлекување од употреба на профил за кој е утврдено дека корисникот не е повеќе студент.

Важна забелешка: Доколку сте еден од 10те финалисти на нашите конкурси, Вашето барање не подлежи на процесот на одобрување, односно ќе биде одобрен по автоматизам, освен во случај Вашето учество и доделена награда да е повлечена поради прекршување на правилата и условите за учество.

 

Безбедност

Ги превземаме сите неопходни чекори за заштита на Вашите информации. Кога поднесувате чувствителни информации преку интернет страната, Вашите информации се заштитени и онлајн и офлајн. Единствено нашите соработници од организацијата имаат пристап до информациите за лична идентификација. Кога и да ги процесуираме истите, таа информација е енкриптирана и испратена до нас по сигурен пат.

Покрај тоа што Вашите податоци се сигурно испраќани онлајн, исто така се заштитени и офлајн. Компјутерите/сервисите во кои се чувани овие информации се во сигурна средина.

Наплатата за закупен производ/услуга се извршува преку https безбедносна врска на платежниот систем на НЛБ Банка АД Скопје и податоците кои ги внесувате преку истиот не се зачувани од наша страна.

 

Ажурирање на информациите

Нашата Политика на приватност може да се промени и сите ажурирања ќе бидат објавени на оваа интернет страна.

 

Закони

Оваа интернет страна/сервис подложи на сите законски одредби на Република Македонија и услови за приватност на корисници.