Добредојдовте на МСКП/Скопјепостер!

Меѓународниот студентски конкурс за плакат е инициран во 2007 година како прв студентски конкурс за плакат на социјално-општествени теми со бесплатно учество! Иницијатор и организатор е Плакарт – Здружение за графички дизајн, филм и мултимедија од Македонија, а во соработка со Варшавското биенале за плакат и Асоцијацијата на графички дизајнери од Чешка. МСКП е за прв пат организиран во Скопје, Македонија во јуни 2008 година како прв студентски конкурс за плакат во регионот кој пропагира меѓународна промоција на идеи и визуелни комуникации, со особен акцент на глобалните проблеми. Само по неколку години постоење се здоби со реноме на најважен конкурс во Југоисточна Европа.

За организаторот на МСКП

Плакарт – Здружението на графички дизајнери е невладина организација со седиште во Скопје, Македонија. За своето 9 годишно постоење работи посветено на подобрување на уметничките и социјалните културни вредности и за промоција на културните придобивки на повисоко ниво во Македонија и регионот на ЈИЕ. Фокусот на Плакарт останува главно во Европа, но работи на проекти надвор од континетот. Најуспешниот проект од портфолиото на Плакарт е токму Меѓународниот студентски конкурс за плакат, кој стана респектиран студентски настан во регионот и пошироко.

Организатор на МСКП е Плакарт – Здружение на графички дизајнери од Македонија, кој работи на глобално ниво заедно со партнери од Чешка, Полска, Турска и Италија.

Во 2007 година, од самите почетоци на МСКП му беше доделен патронат од Министерството за култура на Република Македонија и соработка од град Скопје, град Варшава, Парламент на Република Чешка. Постерите на МСКП се изложувани меѓудругото во Чешкиот Парламент, седиштето на град Варшава, Музејот на постер во Варшава и Националниот Театар во Цирих, и во десетици градови ширум светот.

Во 2011 година Плакарт стана со-организатор на Скопската недела на дизајн.

МСКП/Скопјепостер придонесува за подобрување на условите во културата и визуалните комуникации, преку дизајнот промовира опшествена одговорнос, а работи и на размена на идеи, вмрежување со цел овој студентски конкурс за плакат светски промотор на решениија за глобалните проблеми.
МСКП/Скопјепостер е првиот регионален студентски конкурс за плакат кој пропагира меѓународна промоција на идеи и визуални комуникации со особен акцент на глобалните проблеми.
Досега исркреирани се нови можности за студентите, промоција на млади професионалци и ѕвезди во подем, дизајнери, визуални уметници во регионот и Европа преку паралелна промоција на плакатот со социјален предзнак. Плакарт и Скопјепостер досега организирале десетици дебати, семинари, конференции, работилници и изложби на академии, во галерии, државни институции во Македонија и надвор од земјата.

 

Логоа

 

Партнери и поддржувачи

partners