Мисија и визија

МСКП е најреномиран во регионот на ЈИЕвропа

За нас-организаторите и партнерите ова е една фантастична приказна и сигурни сме дека Вие студентите го чувствувате истото. Направивте одлична работа креирајќи над 15.000 постери во изминатите 9 години од постоењето на Скопјепостер проектот. Дефинитивно поместивме граници, разоткривме табуа, креиравме дела и производи што ќе останат засекогаш и ќе инспирираат, ќе мотивираат и провоцираат рефлексија и кои понудија аргументи за креирање на движење.

Заедно ги воздигнуваме идеалите повисоко и подалеку

Овој конкурс е со бесплатно учество(нема потреба од уплата на такса за поднесоци, ние ги покриваме сите трошоци за печат на постерите). Креираме можности за студентите, ги промовираме младите професионалци и ѕвездите во подем, дизајнерите, визуалните уметници во регионот и Европа преку паралелна промоција на постерот со социјален предзнак. Плакарт и Скопјепостер беа домаќини на над 50 дебати, конференции, работилници и изложби на академии, во галерии, државни институции како во Македонија, така и надвор од земјата.

Мотото на Скопјепостер!

“Да креираме и уживаме во бесконечниот свет и да сонуваме за тоа во нашите нeскротливи соништа. Тоа е тоа што го правиме - ги остваруваме соништата!”