Политика за замена/враќање на производот
Плакарт и Скопје постер полага огромно внимание на сатисфакцијата кај своите клиенти вклучувајќи ја и понудата на најквалитетно изработени производи. Вашето задоволство е наш најголем приоритет!
Постои причина поради која не сте задоволни од добиениот производ или услуга?
Се трудиме да го имате можно најдоброто искуство и со таа цел Ви го нудиме следното…
Побарајте замена/враќање на производот
Ако сте купувачот и сопственикот на дадениот производ, Ве охрабруваме да не контактирате на мејл за да добиете поддршка од нашот тим. Правото за замена/враќање на производот може да се оствари во рок од 7 дена од денот на достава/подигање на истиот.
Упатство за враќање/замена на производот
Доколку производот Ви е доставен ао дефект или уништен Ви нудиме замена на истиот.
Молиме да направите фотографија на кутијата/пакувањето на пратката од уништениот производ и пратете ни ја на info@skopjeposter.com. Во пораката внесете ги бројот на испораката, бројот на порачката, објаснување за прилината поради која го враќате производот и за кој барате замена.
По добивањето на Вашиот мејл и проверка на Вашето барање, ќе бидете информирани за понатамошното постапување.
Политиката за замена/враќање може да не биде применливо во случај на производи од ограничена специјална серија, производи и услуги чии авторски права не се на Плакарт и Скопје постер.
Може да бидете замолени да го вратите производот на свој трошок пред да биде земено во предвид барањето за замена/враќање на производот.
Сугерираме да го враќате производот преку доставувач која овозможува следење на пратката затоа што не може да гарантираме дека истата ќе биде испорачана до нас.
Адреса за замена/враќање на производ
Ул. 23 Октомври 21/5
Скопје, 1000
Македонија
ЕМБС 6215084
ЕДБ 4030007630698
Забелешка: Производот кој ќе биде вратен без претходно испратено барање за замена/враќање преку е-мејл нема да бидат уважувани. Ненавременото реагирање на нашите пораки можат да резултираат со закаснета испорака или откажување на испораката.