Нашите партнери

Делата од МСКП биле изложени на престижни локации вклучувајќи ги Музејот на град Скопје, Музејот на постер во Варшава, Парламентот на Чешка Република, Мармара Универзитетот… Ништо од ова не би се остварило без поддршка од нашите партнери.

www.kultura.gov
Министерство за култура на Република Македонија
Патрон на МСКП

…Оваа манифестација е практички доказ дека уметноста е впрочем средство за обединување на светот. Од 2007 година, односно од формирањето на Плакарт, неговите членови вложуваат многу енергија во развојот и промоцијата на уметноста и културата, поготово за прогресот на оригиналните уметности како дизајнот и мутимедиите.

Најпосле, би сакала да им посакам на младите уметници никогаш да не го прифаќаат светот онаков каков што е, или да го остават да егзистира како до сега.

г-ѓа Елизабета Канческа Милевска
Министер за култура на Република Македонија

www.postermuseum

Музеј на постер, Варшава, Полска 
Со-организатор на Меѓународниот студентски конкурс за плакат

Беше вистински предизвик да се склучи соработка со најстариот музеј за постер во светот.  Ни претставуваше чест да го добиеме првиот мејл од г-ѓа Мариа Курпик – директорот на оваа фасцинантна иснтитуција, во кој го потврди интересот за взаемна соработка.
Оттогаш, како дел од соработката со варшавскиот Музеј на постер, Плакарт има трајно место во официјалната програма на Варшавското биенале за плакат. Бевме пресреќни во 2010 година да бидеме едни од првите неполски асоцијации кои изложувале во Варшава, како дел од програмата на биеналето. Огромна чест!

2000px-Coat_of_arms_of_Skopje.svg

Град Скопје
Партнер на Меѓународниот студентски конкурс за плакат

Градот Скопје е горд и почестен за можноста да ја поддржи оваа иницијатива на млади која ја воздигнува креативност на младите, како и нивната индивидуалност, здравата чиста интелектуална искреност и критичка мисла за перцепцијата на состојбите во општеството. Овој студентски проект е важен поради два факти. Се стреми да креира подобри социјални можности за младите креативци/дизајнери и за нивната промоција ширум светот и исто така се идентификува со идејата дизајнот да биде средство за пренесување на семиотичките пораки за подобра иднина.

г-дин Коце Трајановски
Градоначалник на град Скопје

 
www.um.warszawaГрад Варшава
Партнер на Меѓународниот студентски конкурс за плакат

Ми претставува особена чест да ја прифатам поканата упатена до градот Варшава за соработка со Меѓународниот студентски конкурс за плакат од Скопје. Овој проект е од големо значење бидејќи вклучува студенти на убавите уметноси од многу земји. Проектот за Толеранција идеално се вклопува во чествувањето на Европската година на меѓукултурниот дијалог, во чии рамки Варшава има активна улога. Само преку промоција на меѓукултурниот дијалог и взаемното учење ќе доведеме до отворена и толерантна врска меѓу националностите.
Би сакала да им честитам на организаторите од Плакарт за иницијативата – изложбата, како и на град Скопје за вклучувањето на Варшава во истата.

г-ѓа Хана Гронкиевич Валц
Претседател на град Варшава

droppedImage

Здружение на графички дизајнери од Чешка Република 
 

Се започна од почетоците на Скопјепостер, од првото издание на Меѓународниот студентски конкурс за плакат, Скопје 2008, „Толеранција – глобален предизвик“. Седејќи и пиејќи кафе со проф. Карел Мишек во еден од кафулињата во центарот на Скопје, за време на паузите во жири селекцијата во која тој учествуваше, се сложивме дека треба да соработуваме со цел распространување на пораките од постерите на студентите подалеку од Балканот. Откога го потпишавме договорот за сорабока со АУГ во 2009 година, организиравме 3 изложби во Прага и неколку работилници за графички дизајн на општествено релевантни теми. И планираме нови соработки. Еден од резултатите на оваа соработка е и конкурсот инициран од АУГ насловен „Миграција во Европа – може ли да помогне во развојот“.

droppedImage_1

Универзитетот за уметност, Цирих, Швајцарија 

Ова беше наша прва соработка надвор од Источна Европа. Ова беше воедно проект – прваче на академско ниво со институција од Западна Европа. На почеток се чинеше дека ќе биде тешко да се пронајде партнер, но го баравме на погрешно место. И тогаш го запознавме проф. Петер Ветер, деканот на одделот за дизајн специјализации во визуални комуникации. Тој веднаш понуди соработка. Заклучивме: 1. Прво ќе работиме на размена на студентски искуства, 2. Потоа ќе соработуваме на заеднички проекти и 3. Да придонесеме МСКП да стане мост помеѓу студентите од Источна и Западна Европа. И во тој момент немавме дилеми дека проф. Петер Ветер треба да го поканиме да биде член во жирито на 4. МСКП. Денес можеме да утврдиме дека тоа беше почеток на пријателство кое ќе трае долго.

international_poster_biennale_logo_colour_low_res
Варшавско меѓународно постер биенале, Полска 
 

Според мене, организирањето на Меѓународниот студентски конкурс за плакат од млади луѓе во оваа млада држава е голем уметнички настан. На овoj предизвикувачки конкурс многу интересни постери беа креирани и аплицирани од студенти ширум светот. Постери кои презентираат различни национални пристапи кон темата. Многу од нив го третираат прашањето со толеранцијата општо, но имаше и постери кои ја третираат нетолеранцијата од регионален аспект. Едвај ги чекам конкурсите во наредните години.

проф. Лех Мајевски
Претседател  на Варшавското постер биенале

ico-D_Badge_Member2015

Член на Icograda

 
InfoProject logo2InfoProject
 
 

Кога се во прашање софтверски и интернет решенија секогаш можеме да се потпреме на првата македонска информатичка компанија со над 25 годишно искуство. Портфолиото на InfoProject е огромно и вклучува соработка со огромен број на фирми, не само од Македонија. Горди сме што добивме несебична поддршка од професионалниот тим на оваа компанија, кои патем се страсни љубители на плакатот!