Ферхат Тунц -Турција ,  Аслихан Татлигил -Турција и Јохана Педарниг – Германија, ги земаа првите три места на овогодинешното издание на Скопје Постер под мотото „Дизајн за мир“, чиешто отворање се случи вчера вечер во галеријата на Младинскиот Културен Центар во Скопје. Наградата ќе се состои од организација на нивна изложба од страна на Плакарт за време на 8. Скопје постер фестивал, учество во жирито на наредногодишниот конкурс, како и престижен сертификат од Icograda.

Еврим Актепе е награден со признанието Icograda excellence,а Почесни признанија добија Занг Јичи –Кина, Марија Димитриевска –Македонија, Мари Јудина-Русија, Амадеус Фронк-Германија, Меган М. Брајкович –САД, Минлианг Ли –Кина и Хрант Петросиан –Ерменија.

Жирито, кое се состои од светски познатите дизајнерски имиња како Давор Брукета-Хрватска,  Борут Вилд-Србија, Ајшеѓул Изер – Турција, Константин Танчев  – Македонија и претседателката на жирито и воедно на светската дизајн асоцијација Icograda, Ива Бабаја ,  имаа сериозен предизвик да изберат победници од вкупно 2023 плакати од учесници од 44 земји.

Исклучително богата, креативна  и иновативна програма  го бележи седмото  издание на Скопје постер фестивал, кој ќе трае се до 20.12.2014.  Организаторите- Здружението на графички дизајнери ПЛАКАРТ и Младинскиот културен центар,  поддржани од Министерството за култура на Република Македонија,  сигурни се  дека и овој пат ќе ги задоволат вкусовите на креативната фела.

Под мотото „Дизајн за мир“ Меѓународниот студентски конкурс за плакат годинава опфаќа идејни решенија на графички дизајнери од целиот свет  кои на исклучителен начин ја искористиле својата креативност , како и детските цртежи кои земаа учество во рамките на акцијата „Цртаме за мир“.

Во рамки на фестивалот на 06 декември о просториите на Кино Фросина во МКЦ се одржа и првата регионална дизајн конференција во земјава на тема „Состојбата на дизајнот на Балканот и негово интегрирање во едукативните процеси“. На конференцијата можеше да се проследат презентации и предавања на погоре споменатите Ива Бабаја, Ајшеѓул Изер и Костадин Танчев, но и Давор Брукета – препознаен како еден од најуспешните креативци на Балканот и во Југоисточна Европа, Борут Вилд, еден од балканските дизајнери кој зад себе има 100 меѓународни проекти и Мила Меланк од Здружението на дизајнери од Босна, организатор на успешната меѓународна акција насловена Сараево 100, по повод стогодишнината од сараевскиот атентат во која учество земаа 250 постери на еминетни дизајнери од целиот свет. Организаторите изјавија дека нема да остане само на презентациите и предавањата, туку дека конференцијата ќе поттикне сериозна дискусија на темата, од која се извлекоа конкретни заклучоци и решенија за подобрување на состојбите на дизајнот во регионот.

„Дизајнот има временски контекст. Значи со наметнување одредени критериуми, се ставаат дополнителни рамки со кои дизајнот не функционира. Дизајнот е артефакт, плакатот е артефакт кој функционира вон времето и без одредена географска должина и ширина. Значи јас многу често се доведувам во ситуација да откажам работи зашто чувствувам дека немам доволно дизајнерска слобода да се изразам“, изјави Лазе Трипков ,претседателот на Скопје Постер Фестивал , додавајќи дека несоодветниот третман од страна на институциите на системот, слабата едукација за значењето на дизајнот,  малата финансиска надокнада, а пред се наметнатите ограничувања на кои се изложени дизајнерите од клиентите, при изработка на нивните производи, се клучните проблеми на кои се жалат претставниците на оваа фела.

Според Ива Бабаја, претседателката на Светското здружение на графички дизајнери „ ИКОГРАДА„ и воедно на овогодишното жири за избор на најдобар студентски плакат, рецесијата ги погодила поголем дел од земјите, а резултатите од истата се далеку поразлични од оние пред 10 години. Денес за двојно повеќе работа добиваат двојно помалку сретства.

-Дизајнот не е прашање на допаѓање, туку еден вид математика, ако така сакате. Мака мачиме, повеќе или помалку не само со едуцирањето на клиентите, туку и со едукацијата за некоја инфраструктура , дали се тоа Владите, дизајнерските центри или националната дизајнерска политика, изјави Бабаја.

Со тоа се согласи и македонскиот ликовен уметник и графички дизајнер Константин Танчев- Динка, смета дека во минатото нарачателите повеќе го почитувале авторскиот труд. Тој решението го гледа во градењето квалитетен систем за едукација во сферата на дизајнот.

„Критериумите се многу ослабнети и сметам дека мора најпрвин во образовниот систем да се направат критериуми, кои се тие што можат да се занимаваат со дизајн . Се разбира дека не мислам дека треба да се забрани слободата на изборот , туку да се направи принцип, селекција, критериум, да се најдат вистинските луѓе што ќе се занимаваат, потенцираше Константин Танчев- Динка.

Дизајнот е првиот визуелен допир со културата. Од тука се гради и развива естетиката кај секој поединец и затоа на неквалитетониот дизајн треба да му се стави крај, категорични се балканските дизајнери.

Познатиот дизајнер и воедно Креативниот директор на една од најнаградуваните рекламни агенции во регионот „Брукета и Жиниќ“,Давор Брукета  во предавањето што го одржа во рамки на денешната конференција потенцираше дека и наспроти  појавата на нови училишта и  сериозни дизајнери на типографија, графичкиот дизајн во Хрватска  се соочува со сериозни финансиски предизвици и всушност многу луѓе и почнаа да бараат работа во странство, што е голема штета, бидејќи на тој начин доаѓа до сериозен одлив на мозоци.

„ Драго ми е што што во овие  дигитални времиња плакатот успеа да преживее како релевантен комуникациски канал, што е многу необично.Тоа е многу инспиративно за младите автори што се гледа и по нивните решенија што ги испратија на конкурсот кои се многу свежи и креативни“, посочува Брукета.

Во Турција графичките дизајнери се многу сериозни за нивната професија, изјави Ајшеѓул Изер , член на жирито од Турција.  – “Делата ги оценувавме според графичкиот дизајн, креативноста на младите, типографијата, бојата, дизајнот, буквално сѐ. Во Турција постојано се доделуваат награди. Сакам во блиска иднина да поканам професори и млади студенти од вашата земја во Турција за да можат да се разменат токму тие искуства, да организираме работилници, многу е важно сите тие да дизајнираат и да работат за мирот, да ја развиваат свеста, етиката и графичкиот дизајн“, вели Изер.

Скопјепостер е веројатно единствениот студентски проект кој организира најдолготраечки изложби. 7та Скопјепостер изложба на плакати финалисти ќе трае до 15 декември. Изложбата на Лазе Трипков, како и изложбите на 7от Скопје постер фестивал, настани кои се одржуваат во МКЦ го одбележуваат месецот на плакатот во нашава земја.

Победници

 

1. Ферхат Тунч / Турција

14

2. Аслихан Татлигил / Турција

15

3. Специјална награда од жирито: Јоханна Педарниг / Германија

16

4. Признание Icograda excelence: Еврим Актепе / Турција

17

 

Почесни признанија

5. Жанг Јичи/Кина

18

6. Марија Димитриевска / Македонија

19

7. Мари Јудина / Русија

20

8. Амадеус Фронк / Германија

21

9. Меган М. Брајковиќ / САД

22

10. Минглианг Ли / Кина

23

 

 

Skopje Poster

Skopje Poster

I am Skopjeposter and I am here to provide you with all needed informations. Please contact me in any matter!
Skopje Poster