Дизајн за мир

7. Меѓународен студентски конкурс за плакат, Скопје 2014
05-20 декември 2014
МКЦ

Партнерство

Плакарт во соработка со МКЦ го објави Седмиот Меѓународен студентски конкурс за плакат, Скопје 2014. Овој проект е поддржан од Министерство за култура и град Скопје, како и од меѓународни партнери и соработници.

Тема

Темнината не може да ја покори темнината: само светлината тоа го може. Омразата не може да ја покори омразата: само љубовта го може тоа. ”
-Мартин Лутер Кинг

Главната цел на овој конкурс е  светскиот мир и прашањето на човековите права. Познати се синонимите за мир: пријателство, хармонија, слога, спокојство, доверба, пасивност, примирје, пацификација и неутралност. Дали дизајнерот може да биде миротворец на светот?
Иако дел од овие дефиниции се соодветни, сепак се доста ограничени во описот на основата на мирот и улогата на миротворецот. Секоја проба да се артикулира природата на мирот и миротворецот мора да ги посочува тие услови кои се одлучни за неговото претставување. Слободата, човековите права и правдата се претсказателите. Во овој концепт место заземаат и проактивните стратегии како разрешувањето на конфликтите, ненасилните акции, градењето на заедници и демократизација на власта.

Кауза

Целта на овој конкурс е да креира и промовира концепт за мирот и човековите права. Да охрабрува луѓе, како во дизајнот така и надвор од дизајнот и заедниците, кон едно движење за мир. Покренување на нова генерација која е посветена на мирот. Потруди се да креираш и да привлечеш внимание кое можеби ќе прерасне во меѓународно движење, кампања, да објасниш/креираш и достигнеш повисоки стандарди на визуални комуникации преку визуализација на своите размисли.

Највисока цел

Како дизајнери ние сме обврзани да делуваме против нетолеранцијата, неправдата и воените злочини… Токму затоа ќе креираме и покренеме глобална акција, прво преку поканата за студентите да учествуваат во конкурсот, потоа преку покана на професионалните дизајнери да испратат постери на истоимената тема. Еден од најголемите креативни умови, Масимо Вињели, има кажано: „Животот на дизајнерот е живот на борба: борба против грдотијата“.

Бриф

Денес се соочуваме со постојана војна на сите континенти. Големиот Џорџ Орвел напишал: „Војната е мир. Мирот е ропство. Игнорантноста е сила“. Од денешна перспектива оваа изјава е далеку пред времето, безвременска и универзална. Политичкиот јазик во сите свои варијации е дизајниран ЛАГАТА да звучи како ВИСТИНА! Денес живееме во свет во кој континуирано смее напаѓани со информации, но колку и да звучи тоа нелогично и несекојдневно, ние сите сме гладни за вистината! Постои кажување „кажана лага е 50% вистина“, но од денешна перпектива тоа е изменето во „50% вистина е голема лага“.
Соочувајќи се со ова прашање не сакаме да звучиме како дневник од нашето минатото, сегашноста или иднината, бидејќи сите сме сведоци на времето и бремето кое произлегува од нашите сопствени уверувања.
Со оваа тема секој еден од нас, младите дизајнери ќе ја трансформираат сопствената вистина во визуална порака, во светот во кој само храбрите успеваат да ги поместат границите на релативноста.
Животот е убав, љубовта е најмоќното оружје, дизајнери од цел свет обединете се и дизајнирајте за мир!

“Око за око ќе го направи целиот свет само слеп.”
-Махатма Ганди

Награди

Двајца победници ќе бидат наградени со:
1. Учество во жирирањето во 2015 година на 8. МСКП (целосно покриени трошоци)
2. Организација на изложба на плакат во МКЦ во 2015 год.
3. ICOGRADA Цертификати

Победници & почесни признанија

2023 студентски плакати
1109 апликанти
44 земји

Победници

1. Ферхат Тунч – Турција
2. Аслихан Татлигил – Турција
E. Јохана Педарниг – Германија

Icograda excellence: Еврим Актепе – Турција

Почесни признанија:
Жанг Јичи – Кина
Марија Димитриевска – Македонија
Мари Јудина – Русија
Амадеус Фронк – Германија
Меган М. Брајкович – САД
Минглианг Ли – Кина
Хрант Петросјан – Ерменија

Жири/ Гости на конференцијата

Давор Брукета
-Bruketa&Zinic, Хрватска
Ива Бабаја
-Претседател на Icograda
Костадин Танчев – Динка
-Македонија
проф. Ајшеѓул Изер
-декан на Одделот за графички дизајн, Мимар Синан Универзитет за уметност, Турција
Борут Вилд
– Србија
Мила Меланк
– Асоцијација за применети уметности и дизајн, БиХ
Ивана Стојановска
– Elance-oDesk, Македонија