Граѓани 2020

6. Меѓународен студентски конкурс за плакат, Скопје 2013
18 октомври – 20 ноември 2013
МКЦ

Партнерство

Плакарт во соработка со МКЦ го објави шестиот Меѓународен студентски конкурс за плакат, Скопје 2013. Проектот е поддржан од Министерството за кулутра и град Скопје и од меѓународни партнери и соработници.

Тема

Овој конкурс има за цел да одговори на тоа дали е можно да се воспостави визија и мислење за граѓанинот во 2020 година, и доколку е можно, тогаш што се предвидува?
Исто така, репрезентира визија на младите/студентите кои гледаат кон иднината, да го замислат светот кој ги исполнува очекувањата…или можеби не!? Би сакале да се соочиме со загатката на постоењето, која метафорички ќе ја прогласиме за домот на начинот на мислењето во дизајнерска смисла. Овој пристап ќе предложи чекор напред за студентите од сите континенти да се замислат како граѓани на светот во 2020 година.

Кауза

Развојот и популаризацијата на „Граѓани 2020“ е сржтта на овој проект, што ќе биде постигнато преку откривање и поставување на индивидуални вредности и комплетирање на сликата за самите себе преку сликата на другите.

Младите луѓе имаат потреба од шанса да ги изразат своите мисли, потенцијали и капацитет, но и потреба од место или начин каде можат да ги артикулираат општо прифатените потреби. Овој проект ќе помогне да се комбинира споменатото со концептот „Граѓани 2020“ и за поддршка да се прошират идеите и очекувањата.

Фокус прашања

Оваа тема може да биде опишана во различни контексти, кои даваат различни интерпретации, имајќи го предвид проблемите со кои ќе се среќаваме на патот кон иднината:
• Дали луѓето ќе станат посвесни за нивните права и ќе можат да ги остварат индивидуалните соништа, кои ги поставува индивидуите и исполнувањето на граѓанските права во центарот на делувањето
• Право за слободно движење, особено во зајакнување на кохезијата основана на меѓучовечкото разбирање
• Здравствени проблеми и развој на медицината
• Креирање на простор за слобода, безбедност и правда
• Заштита на правата, како во татковината така и надвор, но и заштита на податоците на интернет
• Дали 2020 е матрикс?
• Дали носиме лилјави очила, или пак жолти, црвени…?

Еден од главните цели е барањето на единствената вистина и за олеснување на развојот на размената меѓу студентите на графички дизајн од Источна и Западна Европа, од Блискиот исток, Азија, Америка. Сите можат да бидат креатори на релацијата и платформата која не познава културни, политички или верски граница. Нашата улога е да ги срушиме ѕидовите, да ги елиминираме ограничувањата и да понудиме визија за 2020та година.

Победници и почесни признанија

Победници

Ахмад Деракшандех – Иран
Маја Стојановиќ – Босна и Херцеговина
Ана Гизела Варга – Унгарија

Почесни признанија

Тони Џуровски – Македонија
Јуми Ким- Јужна Кореја
Јакоб Колоси – Канада
Гуна Биеранде – Турција
Фатих Јапар – Турција
Сена Сенгир – Турција
Тарас Макар – Украина
Холи Нелсон – САД

Жири

Мирко Илиќ
-Босна и Херцеговина/ САД
Франсоа Каспар
-Француска дизајн асоцијација, Франција
Небојша Гелевски
-Кома Лаб, Македонија