Екологика

3. Меѓународен студентски конкурс за плакат, Скопје 2010
26 ноември-06 декември 2010
Музеј на град Скопје

Партнерство

Плакарт во партнерство со Музеј на град Скопје го објави третиот Меѓународен студентски конкурс за плакат, Скопје 2010. Проектот е поддржан од Министерство за култура и град Скопје, како и од Варшавското постер биенале и бројни меѓународни соработници – професори од Европа, Израел, Турција.

Тема

Програмскиот совет на Скопје МСКП одлучи конкурсот во 2010 година да биде на тема Екологика. Климатските промени, глобалното затоплување, намалување на биодиверзитетот, водата за пиење и санитарните проблеми, намалување на природните ресурси, загадувањето, Киото протоколот, Копенхашкиот самит….превземи акција и истапи напред! Покажи го твоето мислење за енормниот проблем со кој се соочува нашата планета.

Кауза

Конкурсот за плакат на тема Екологика треба да придонесе за зголемување на свеста кај јавноста. Целта е да се обединат идеите преку можноста младите да ги изразат своите верувања и размисли за екологијата во светот, преку креирање на силни пораки(плакат). Тоа директно ќе влијае на општеството и ќе значи отворање на нови хоризонти и пружање можност за младите да работат за подобра иднина. Овој проект има за цел да го промовира плакатот како средство за изразување на идеите помеѓу младите во Европа.

Целна група – млади таленти

Ги поканивме студентите на графички дизајн и визуални уметности од целиот свет да направат постер на дадената тема. „Екологика“ се стреми кон културен развој на младите луѓе и нивната социјална и културна независност. Еден од аспектите на овој проблем е недостигот на можности за самореализација, поточно за постигнување на своите аспирации и животни амбиции. Организаторот ќе продолжи да ги промовира младите уметници и нивните дела ширум светот

Овој проект продолжува да промовира културна размена, нови пријателства и осознавање на важноста на сиромаштијата како еден од главните цели. Преку дефинирањето на темата екологија младите треба да ја осознаат нејзината вредност и да ги сфатат општите вредности кои овој концепт ги нуди, градење на солидна основа за натамошна промоција на проблемот на глобално ниво.

Победници & почесни признанија

I награда Маријам Калеги Јазди – Иран
1500 евра
II награда Богларка Нади – Унгарија
1000 евра
III награда Садби Азири – Македонија
600 евра

Почесни признанија:

Ана Фаркас – Унгарија
Агналдо Силва – Бразил
Хедае Јун – Јужна Кореја
Јан Бајтлик – Полска
Никола Радоњиќ – Црна Гора
Ришел Давидсон – САД
Далин Ли  – Кина

Жири

проф. Петер Ветер
-декан на Универзитетот за визуални комуникации, Цирих, Швајцарија
проф. Лех Мајевски
-Академија за убави уметности, Варшава, Полска
проф. Истван Орос
-Сопрон Факултет за убави уметности, Унгарија

проф. Назан Еркмен
-декан на Факултетот за уметност – Мармара Универзитет, Истанбул, Турција
проф. Серџо Оливоти
-Политехника Милано, Италија
Ивица Спасовски
-креативен директор, Мекен Ериксон, Скопје