На публиката од градот на Големото јаболко ќе и биде претставена изложбата на најдобрите 50 постери – финалисти од конкурсите на Скопјепостер од 2008 до 2012 година.
Здружението за графички дизајнери Плакарт за прв пат изложува во Њујорк, но втор пат во САД. Претходно во соработка со Универзитетот во Мизури и проф. Чедомир Костовиќ, токму на овој универзитет беа изложени плакати од 3. МСКП „Екологика“. Постерите кои се во поставката во Галеријата МЦ се дела на студенти од првите 5 конкурси на темите Толеранција-глобален предизвик, Моќ наспроти сиромаштија, Екологика, ХИВ/СИДА, Пари бесплатно. Од вкупно 10000 пристигнати апликации овие 50 постери беа избрани од страна на членовите на меѓународните жирија за најдобри. Од нив 15. се здобија со највисоко признание, а останатите 35. беа издвоени како почесни дела. Автори на наградените дела се дизајнери од Израел, Полска, Иран, Кина, Турција Белорусија, Мексико, САД и секако од Македонија.
„Изложбата е иницијатива која произлезе сосема природно по 5 години од Скопјепостер како урбан дизајнерски проект со меѓународен карактер. По Париз, Истанбул, Варшава, Њујорк е правото место за уште еднаш да ја одбележиме 6-годишната приказна на Скопјепостер фестивалот.“ – изјави Лазе Трипков од Плакарт.
Поставката „50 финалист на Скопјепостер“ има патувачки карактер и во следниот период ќе биде изложена и во Минск, Белорусија, Дубаи, Соединети Арапски Емирати и Прага, Чешка.
Изложбата ќе биде отворена во Галеријата МЦ денес, 24 јануари, во 20 часот, а посетителите ќе имаат можност да ја посетат до 30ти јануари.
Претходни изложби