Денес (5ти ноември) во Истанбул, Турција ќе биде отворена изложбата на Плакарт – Здружението на графички дизајнери и Скопје постер фестивалот. Поставката која ќе биде изложена во Универзитетот Мармара ќе ја сочинуваат 50тина постери на финалисти од минатогодишниот конкурс на Скопје постер фестивалот на тема „Citizen2020“ чие финале се одржа во ноември во Младинскиот културен центар.  Само за потсетување претседател на меѓународното жири кое имаше задача да направи селекција од над 1920 постери од 38 земји беше Мирко Илиќ, дизајн-иконата на екс југословенските простори.

„Оваа е веќе петта изложба на постери на Плакарт во оваа земја и е одраз на долгогодишната соработка со еден од најголемите универзитети во Турција, Мармара Универзитетот, односно Факултетот за ликовни уметности. “ изјави Лазе Трипков, основачот на Плакарт и Скопје Постер Фестивалот.

По поконкурсните изложби на Плакарт и Скопје Постер во Њујорк и во Истанбул, оваа година во план е и изложба во Варшава, Полска, а истата ќе биде отворена во втората половина на декември.

Skopje Poster

Skopje Poster

I am Skopjeposter and I am here to provide you with all needed informations. Please contact me in any matter!
Skopje Poster