Хив/Сида
4. Меѓународен студентски конкурс за плакат, Скопје 2011
1 – 14 декември 2011
Национална галерија Чифте амам
Партнерство
Плакарт во партнерство со Национална галерија – Мала станица го објави четвртиот МСКП за отворен.
Овој проект е реализиран во партнерство на Плакарт, Национална галерија – Мала станица, Музејот за плакат од Варшава, АУГ Чешката асоцијација на графички дизајнери. Истата беше реализирана под патронат на Министерството за култура на Република Македонија и со поддршка од град Скопје и во соработка со бројни надворешни соработници од Полска, Чешка, Словенија, Франција, Италија, Словачка, Турција, Македонија и реномирани графички дизанери.
Кауза
“Хив/Сида” се стреми да ги провоцира и инспирира студентите да креираат и комуницираат поотворено, да ја третираат инклузивната перцепција за сидата, да ја промовираат превенцијата и поддршка и да ги препознаат и да се борат против стереотипите.
СИДА – етиологија
(анг.)
Acquired
Immune
Deficiency
Syndrome
СИДА или синдромот на стекнат имунолошки дефицит е здравствена состојба. Поставувањето дијагноза – СИДА означува состојба во која имуниот систем е преслаб да се бори со инфекции.
Од раните 80-ти, кога за прв пат е дијагностицирана СИДА огромен број на луѓе се допрени од глобалната епидемија на истата. Денес се проценува дека има 36 милиони луѓе со ХИВ вирус или СИДА ширум светот.
Жири
проф. Лех Мајевски
-претседател на Варшавското биенале за плакат и професор на Академијата за убави уметности, Варшава, Полска
проф. Тиери Сарфис, специјален гостин
-Франција
Кари Пиипо
-Финска
проф. Сафет Спахиу
-Државен Универзитет во Тетово, Македонија
Што ја причинува СИДА?
СИДАта ја предизвикува Хив вирусот.
Хив постепено ги напаѓа клетките на имуниот систем. Прогресивно уништувајќи ги клетките го прави телото поподложно на инфекции, кое ќе има потешкотии да ги собори. Во овој момент – кога ХИВ вирусот прогресира е моментот кога се дијагностицира СИДА. Може да поминат долги години додека ХИВ го оштети имуниот систем во таа мера да се дијагностицирана СИДА.
Како резултат на СИДАта само во 2009та починале 1,8 милиони луѓе.
Фактот дека повеќе од 36 милиони луѓе во светот се борат со Хив/Сидата, укажува дека ова е ништожна болест и јасен пример дека овој проблем кој е прекуграничен. Последните достигнувања за борба со ова заболување не треба да не прават задоловни. Во сите страни на светот живеат луѓе кои се Хив позитивни или се заболени од Сида и се соочуваат со дискриминација, а многу од нив сеуште немаат пристап кон соодветни медицински третмани.
Организаторот продолжува да промовира млади уметници ширум светот, организирајќи патувачки изложби во Европа и Азија, бидејќи еден од целите е да се обединат студентите од академиите низ светот токму преку македонски проект.
МСКП продолжува со традицијата за изложување на плакатите на улица
За подобро комуницирање со јавноста и за поголем ефект од предложените пораки 10те наградени постери ќе бидат изложени пред јавноста на најфреквентните улици низ градот, на првиот викенд по отворањето на финалната изложба. Секој кој ќе проаѓа низ овие улици ќе ги забележи плакатите кои токму така ја исполнуваат својата цел – директно да комуницираат со публиката. Ова ќе резултира со создавање на основа за подобро осознавање на проблемот, како и за подигање на свеста и толерантноста кај општеството.
На овој начин се издојуваме од останатите слични манифестации, преку директна комуникација со јавноста даваме вистинско значење на плакатот, начин кој е поефективен во промоција на пораките.
Победници & почесни признанија
2034 поднесоци. 636 учесници. 38 држави.
I награда Јан Бајтлик/Ана Кламчињска – Полска
Почесни признанија:
Јунус Ак – Турција
Виолета Коцев/Катерина Николовска – Македонија
Онур Ашкин – Турција
Михал Боб Кукачка – Чешка
Иса Садеги – Иран