Толеранција-глобален предизвик

1. Меѓународен студентски конкурс за плакат, Скопје 2008
20 јуни – 5 јули 2008
Музеј на град Скопје

Партнерство

Плакарт во партнерство со Музејот на град Скопје го објави првиот Меѓународен студентски конкурс за плакат, Скопје 2008 за отоворен. Овој проект е поддржан од Варшавското биенале за плакат и меѓународни соработници од Европа, Израел и Турција.

Тема

„Толеранција – глобален предизвик“ вклучува бројни активности кој би придонеле за степено подобрување на условите на општественото живеење, давајќи посебен акцент на младата популација на возраст меѓу 18 и 28 години. Целта е да се соединат идеите преку можноста младите да ги изразат своите верувања и размисли на темата преку плакат. Тоа директно ќе влијае на општеството и ќе значи отворање на нови хоризонти и пружање можност за младите да работат за подобра иднина. Овој проект има за цел да го промовира плакатот како средство за изразување на идеите помеѓу младите во Европа.

Кауза

Здравото општество мора да служи и да ги задоволува бар основните потреби на популацијата и да нуди разни можности и алтернативни избори. Познато е дека уметничките пристапи имаат поголем потенцијал отколку политичките кога е во прашање носење на специфични пораки. Токму затоа еден од целите на овој проект е да се соединат европските студенти во еден македонски проект. Земјата која беше прогласена за „Оаза на мирот“, но потоа погодена од етнички конфликт. Земја која може да биде добар пример за толеранција наспроти недостигот од одобрување. Перфектно место за глобално да се рашири идејата за ТОЛЕРАНЦИЈА.

Локален акцент

Генерално, дискириминацијата и борбата против неа е прашање со кое се соочуваат сите земји, исто како и Македонија. Проблемот е идентификувањето на дискриминацијата, особено доколку таа не е од директен карактер. Истиот потекнува од неможноста за нејзино лоцирање, што пак е сушинска основа на дискриминацијата и истотака нејзина подлога.

Збор од организаторот

Слично на многу земји од Европа, Република Македонија се соочува со тековна општествена ексклузија, која се манифестира преку лишење од човечките права, како и од делумен или целосен недостиг од услуги или средства својствени за современото живеење. Тоа е особено видливо меѓу младата популација, која треба да биде движечка сила зад новите идеи и во подобрувањето на социо-економските фактори, креирањето подобри услови за живеење. Процесот на диференцијација е видлив, заснован на различни социо-демографски категории (пол, возраст, професија, религиски уверувања, етничка припадност итн) пружејќи солидна основа за појава на антисоцијални постапки. Посебно внимание треба да се осврне на статистичките податоци кои покажуваат зголемување на агресијата меѓу младите во земјата, посебно по војната во 2001 година.
– Плакарт

Целна група-млади таленти

Организаторот на конкурсот ќе продолжи да ги промовира младите уметници и нивните дела ширум светот, организирајќи патувачки изложби. Еден од целите на проектот е да ги обедини младите уметници од академиите ширум светот преку македонски проект.

“Толеранција – глобален предизвик” претставува база за културна соработка, создавање нови пријателства преку осознавање на важноста на толерантноста, што е главната цел. Преку дефинирање на идејата базирана на толеранцијата младите треба да ја осознаат нејзината вредност и да ги сфатат предностите кој ги нуди овој концепт, што е солидна основа за понатамошна промоција на толеранцијата на глобално ниво.

Победници & Почесни признанија

I награда Александра Шекиерко – Полска
1000 евра + пакет ADOBE CS3;
II награда Ана Тодоровска – Македонија
650 евра + пакет ADOBE Photoshop;
III награда Ури Пелег – Израел
350 евро + ADOBE Photoshop elements;

Почесни:

Ахмет Берат Пекмезчи – Турција
Алзига Алјаз – Словенија
Донг Хуанг – Кина
Катја Кориншек – Словенија
Луцие Зелена – Чешка Република
Матјаз Витез – Словенија
Јонза Каракас – Турција

Жири

проф. Лех Мајевски
-претседател на Варшавското постер биенале и професор на Академијата за убави уметности, Варшава, Полска
проф. Карел Мишек
специјален гостин
-Факултет за применети уметности, Усти над Лаба, Чешка Република

Јаша Розов
-Холон Инситут за технологија & Шенкар колеџ, Рамат Ган – Израел
проф. Саваш Чекич
-Мармара Универзитет за убави уметности, Истанбул, Турција
проф. Ришард Кајзер
-Академија за убави уметности, Варшава, Полска