Вештачка интелигенција и реалноста

10. Меѓународен студентски конкурс за плакат, Скопје 2017

Краен рок: 30 октомври ’17 (СЕТ 00:00)
Отворање на изложбата: 17 ноември ’17
Музеј на град Скопје
Скопје, Македонија

Дизајн: Мишел Буве

Правила за учество

Правила за учество

Поднеси плакат

Аплицирај

Партнерство

Плакарт, во соработка со Музеј на град Скопје, го објавува 10от Меѓународен студентски конкурс за плакат, Скопје 2017. Проектот е поддржан од Министерство за култура, АУГ Асоцијацијата на графички дизајнери, Чешка и бројни соработници од Полска, Чешка, Турција, Србија, Германија, САД и Русија.

Тема

Дали Вештачката интелигенција е нашата Реалност!?

Вештачка интелигенција (како што се наведува во Енциклопедија Британика) е способност на дигитален компјутер или компјутерски контролиран робот да извршува задачи општо катактеристични за интелигентни битија. Овој термин е често употребуван за проекти кои вклучуваат развојни системи надградени со интелектуални процеси карактеристични за луѓето, како способноста за разумност, разбирање на значење, генерализација или учење од минатото.

Технологијата ги диктира нашите животи, ја убива нашата интелигенција. Искусуваме потешкотии во уживањето во животот, духовните задоволства како конверзациите, уметноста… Оваа состојба на апсорпција со технологијата има тенденција да се продлабочи, не само во поглед на влијанието врз нашата иднина, но и врз бизнис опкружувањето.

Најзначајните светски медиуми во последно време не информираат за новите предизвици во врска со зголемената улога на комјутерски-контролираните роботи кои влијаат на глобалната мапа на вработеноста и врз структурата на пазарот на трудот.

Овој проблем стана важна тема за бизнис елитите, политичките лидери во изминативе години… Светскиот економски форум во Давос оваа година одлучи вештачката интелигенција да биде една од водечките теми на овој самит.

Да се каже дека глобализацијата е лоша бидејќи уништува работни места е само мал аспект од нешто за што е потребно многу повеќе аналитичка работа и разбирање” – изјави шефот на Меѓународниот монетарен фонд Кристин Лагард.

Создавањето на поинклузивен развој е еден од главните глобални прашања. Меѓународниот монетарен фонд константно алармира за редистрибуција на богатството како глобален предизвик. Две алтернативи се претставуваат: Вештачката интелигенција оди во прилог на намалувањето на сиромаштијата и зајакнувањето на средната класа или креирањето на подобно опкружување за најбогатите да станат уште побогати.

Во регионален контекст работата е доверена на аутсорсинг компании а производствените капацитети се релоцирани, вработеноста се намалува како резултат на заменување на човечката работна сила со роботи.

Одредница

Нашата обврска како дизајнери е да го изнесеме нашиот став и да испратиме моќна порака!!!

Од особено значење е да ја разбереме природата на значењето на овој растечки проблем. Неопходни се политичка воља и бизнис елити со отворени погледи со цел да се стигне до решение за ова прашање.

Вештачката интелигенција е сметана за позитивен исчекор кон иднината, но воедно и закана.

За едните претставува технолошка промена која ја намалува вработеноста но ќе револуционизира ммогу индустриски гранки, а тоа значи дека ќе можеме да се посветиме на други работи како што се иновациите, развојот и глобалните прашања. Од друга страна експертите тврдат дека унапредувањето на вештачката интелигенција ќе придонесе за голема невработеност – постои мислење дека во 50% од работните места во индустријата и производството во најразвиените земји се загрозени.

Потполниот развој на вештачката интелигенција може да го навести крајот на човечката раса” – Стивен Хокинг

Технологијата и автоматизацијата ја зголемија продуктивноста за 80%, а платите на работниците пораснале само за 10%.

Нееднаквост, општествена подвоеност, намалена улога на човечкиот труд, па дури и екстремизам – војна помеѓу богатите и сиромашните се можни сценарија. Сигурно е дека тоа ќе предизвика нови прашања од етичка природа, како моралната одговорност кај автономно-управувачките возила, импликациите предизвикани од автономните оружја.

“Револуцијата е во напредната фаза и е значајна, дефинитивно ме изненади иако јас бев дел од неа” – со-основач на Гугл, Сергеј Брин

Младите дизајнери од целиот свет ќе бидат поттикнати да се приклучат и да работат на оваа тема и гласно да го искажат ставот во подигање на свеста на пошироката публика и сите засегнати страни.

Студенти, земете ја иднината во Вашите раце и делувајте. Да испратиме порака!

Отворен повик

Ги покануваме студентите на сите образовни нивоа(колеџи, високи школи, факултети, магисерски и докторски студии на уметност, дизајн, визуални уметности) да аплицираат на 10. Меѓународен студентски конкурс за плакат до 30 октомври 2017 година (CET, 00:00 часот).

Оваа година Советот на МСКП одлучи да стави акцент на темата Вештачка интелигенција и реалноста. Време е ние младите дизајнери да делуваме, да бидеме „бучни“ и да креираме пораки кои ќе инспирираат многумина, кои ќе обединуваат, но дефинитивно ќе придонесат за поголема свест кај јавноста и сите засегнати страни по ова прашање, особено кај политичките лидери и моќните бизнисмени и претприемачи.

Цел на конкурсот

Дали постојат интересни контроверзии кои би ги издвоиле или за кои би поставиле прашања на кои и самите имате одговор?

Дали супер-интелигентните роботи кои постигнуваат цели со изврсност претставуваат закана за нас? Во оваа фаза на подем на моќта на технологијата, дали ние – како најнапредни битија – можеме да имаме потполна контрола врз автоматизираните роботи? Што се твоите размисли за иднината на вештачката интелигенција и што тоа значи за човештвото? Дали постојат недоразбирања или предизвици со кои треба да се соочиме?

Ова се неколку од многуте прашања кои треба да поттикнат различни толкувања!

Ги охрабруваме дизајнерите да се приклучат кон ова движење! Да креираат и привлечат внимание, кое ќе прерасне во меѓународно движење, кампања…Да отсликуваат/да се борат/да се стремат кон постигнување на повисоки стандарди во визуалните комуникации и во претставување на своите размисли.

Како дизајнери обврзани сме да делуваме кон разрешување на проблемите или да посочиме решенија. Токму затоа ќе креираме и испровоцираме глобално движење, прво поканувајќи ги студентите да земат учество во овој конкурс, а потоа и професионалните графички дизајнери и преку општествени акции и кампањи со цел подигање на свеста кај јавноста.

Локален акцент

Светот, но и одредени континенти, региони, држави, вклучително Македонија и регионот, се длабоко засегнати од прашањето на идентитетот. Раскрсниците меѓу Западот и Истокот, Северот и Југот, културолошки, национално, етнички – прашањето на идентитетот се длабоко врежано во генетското наследство на народите и земјите, особено се чини на Балканскиот полуостров. Токму затоа младите дизајнери ширум светот, и особено од Македонија треба да се пронајдат себе си во оваа тема и да почувствуваат предизвик да го „кренат“ својот глас со цел културно влијаење на свеста на пошироката јавност и сите засегнати страни.

Целна група-млади таленти

Организаторот на овој конкурс ќе продолжи да ги промовира младите уметници и нивните дела ширум светот, организирајќи патувачки изложби на сите континенти. Еден од целите на овој проект е да се поттикне соработка меѓу студентите од светските академии и Европа со нивните колеги од Република Македонија.

Конкурсот „Вештачка интелигенција и реалноста“ е уште еден наш проект кој на студентите им нуди основа за културна размена и безусловно уметничко изразување. Увидувањето на значењето на технологијата и неговото влијание врз нашите животи и стекнувањето свесност за предностите, но и неповолностите од револуцијата поврзана со вештачката интелигенција и што таа има да ни понуди ќе ни помогне да ја разбереме нејзината целисходност, намена и релевантност.

Награди

Победници (2 подеднакви главни награди)

1. Присуство и учество во селекцијата на меѓународното жири на 11. Скопје постер фестивал 2018 и ВИП учество во сите негови активности (вклучително покривање на сите трошоци за транспорт и сместување)

2. Организација на изложба на сопствени дела – плакати во Музејот на град Скопје за време на 11. СПФ 2018 година

3. Специјален сет на каталози од Плакарт и Скопје постер фестивалот

4. Сертификат за главна награда

5. Назначување како официјален блогер со право за користење на дедицирана веб адреса на официјалниот сајт на СПФ (со вклучена маркетинг поддршка)

Специјално признание од жирито (1) и почесни награди (7)

1. Сертификат за специјално признание од жирито и Сертификат за почесно признание

2. Право за користење на 50% попуст на каталози од онлајн продавницата на Скопје постер

3. Назначување како официјален блогер со право за користење на дедицирана веб адреса на официјалниот сајт на СПФ (со вклучена маркетинг поддршка)

Финалисти (освен победниците, носителите на специјална награда и почесно признание)

1. Учество во главната изложба на Скопје постер фестивалот во 2018 и сите поконкурсни изложби

2. Право за користење на 25 % попуст на каталози од онлајн продавницата на Скопје постер

3. Доделување Признание за финалисти (на индивидуално барање)

 

Жири

Реза Абедини | Иран |

Алис Твемлоу | Велика Британија |

Лекс Древински | Полска / Германија |

 Лех Мајевски | Полска |

Лазе Трипков | Македонија |

Свен Сориќ, Хрвоје Спудиќ / This Town Needs Posters / Хрватска

Победници & почесни признанија

Победници

1. Дариа Грекова / Русија

2. Јакуб Собчак / Полска

Специјалнa наградa од жирито

Сара Лехофер / Унгарија

Специјално признание за македонски плакат

Анастасија Јовческа / Македонија

_____

Повеќе за –> 10. Скопје постер фестивал

Почесни

Паскал Бежин / Канада

Каролина Лубашко / Полска

Емоке Питер / Унгарија

Јин Веи / Кина

Павел Гојови / Полска

Пиотрек Пиетшак / Полска