Дeцата едногласни – Цртаме за мир!

Оваа активност е дел од претстојниот 7-ми по ред Скопје постер фестивал  чија годинешна тема е “Дизајн за мир“. Цртежите кои децата од различно етничко потекло  на возраст од 8 до 10 години ги изработија, беа основа за изработка на постери на професионални графички дизајнери, кои фестивалот ги користеше како промотивни материјали за истиот и кои беа изложени во рамки на изложбите на 7. Скопје постер фестивал.