Нова декада, нови предизвици, НОВА ЕРА!!!
Покрај сите предизвици и институционални „сопки“, Плакарт – Здружението за графички дизјанери, односно Советот на Скопје постер фестивалот, одлучија да не го згаснат овој витален културен проект, напротив, да продолжат со креирање на уште поуспешна и поинсипративна иднина на единствениот фестивал за плакат на Балканот посветен на младите дизајнери!!!
Фестивалот, чија промоција на плакатот како моќен и пожив медиум од било кога претходно ќе продолжи консеквентно да биде во одбрана на квалитетниот – општествен и некомерцијален плакат. Тоа е и главната причина Советот на Скопје постер фестивалот да ја избере темата на овогодинешниот фестивал да биде „Моќта на плакатот“.
Овогодинешната фестивалска програма, значително променета и прилагодена на условите со кои Плакарт и Фестивалот се соочуваа во изминатиот период, од институционален и финансиски карактер, е со фокус на сите автори кои имаа големо влијание на развојот на Скопје постер, но и да останеме доследни и vice-versa. Авторите на наградените плакати, добитниците на почесни награди од претходните 10 години на СПФ беа поканети да креираат плакат за темата на 11. СПФ „Моќта на плакатот“.
Дополнително, четири изложби и над 200 плакати ќе бидат презентирани за време на фестивалот: 100х10, 100 наградени плакати од изминатите 10 години, 2) Дела од Славимир Стојановиќ Футро, 3) Плакати од постер-акцијата против загадувањето #СМОГЈЕ и 4) Плакати од млади дизајнери од Унгарија.
Официјалното отворање на 11. Скопје постер фестивал е на 26 ноември 2018 г, во Мултумедијалниот Центар >Мала Станица<, во 19:00.
Следниот ден, 27 ноември 2018 во Арткафето – книжарата >Литература.мк<, е резервиран за промоција на Илустрираните раскази „ДЕВЕТ“ – новата книга на Славимир Стојановиќ Футро.
11. Скопје постер фестивал ќе биде отворен за посетители до 6 декември.
Придружете ни се во новата деката полна со несекојдневни дизајн искуства, инспирација и креативна сила!!!