Моќ наспроти сиромаштија

2. Меѓународен студентски конкурс за плакат, Скопје 2009
27 ноември-8 декември 2009
Музеј на град Скопје

Партнерство

Плакарт во партнерство со Музеј на град Скопје го објави вториот МСКП, Скопје 2009 година. Проектот е поддржан од Министерството за култура на Република Македонија и град Скопје, како и Варшавското биенале за плакат и бројни надворешни соработници – професори од Европа, Израел и Турција.

Тема

Организацискиот одбор на Скопје МСКП одлучи дека главната тема на конкурсот за 2009 година ќе биде проблемот на сиромаштијата. Секој 3,5 секунди умира по еден човек. Нажалост децата се тие кои најчесто починуваат. Ги поканивме графичките дизајнери и студентите на визуални уметности од целиот свет да земат учество во создавање на плакат на дадената тема.

Кауза

Конкурсот „Моќ наспроти сиромаштија“ има за цел да придонесе за степено подобрување на условите на општественото живеење, давајќи посебен акцент на младата популација. Целта е да се обединат идеите преку можноста младите да ги изразат своите верувања и размисли за бедата во светот, преку креирање на силни пораки(плакат). Тоа директно ќе влијае на општеството и ќе значи отворање на нови хоризонти и пружање можност за младите да работат за подобра иднина. Овој проект има за цел да го промовира плакатот како средство за изразување на идеите помеѓу младите во Европа.

Целна група-млади таленти

Ги поканивме студентите на графички дизајн и визуални уметности од целиот свет да направат постер на дадената тема. „Моќ наспроти сиромаштија“ се стреми кон културен развој на младите луѓе и нивната социјална и културна независност. Еден од аспектите на овој проблем е недостигoт на можности за самореализација, поточно за постигнување на своите аспирации и животни амбиции. Организаторот ќе продолжи да ги промовира младите уметници и нивните дела ширум светот, преку патувачки изложби во Полска, Чешка, Србија, Турција, Израел…

Овој проект продолжува да промовира културна размена, нови пријателства и осознавање на важноста на сиромаштијата како еден од главните цели. Преку дефинирањето на темата сиромаштија младите треба да ја осознаат нејзината вредност и да ги сфатат општите вредности кои овој концепт ги нуди, градење на солидна основа за натамошна промоција на проблемот на сиромаштијата на глобално ниво.

Победници и почесни признанија

I награда Јан Бајтлик – Полска
1000 евра
II награда Алиреза Дарбани – Иран | Цесар Хернандез Торалба – Мексико
650 евра
III награда Анџелика Тополевска – Полска
350 евра

Почесни признанија:

Младен Цветков – Македонија
Катерин Гроја – САД
Елисабета Бејкова – Македонија
Ника Троха – Словенија
Рејчел Оглесби – САД
Сара Мушиќ – Словенија
Уршула Јановска – Полска
Велимир Андрејевиќ – Србија

Жири

проф. Лех Мајевски
-Академија за убави уметности, Варшава, Полска
Јустина Черњаковска
-Академија за убави уметности, Варшава, Полска
проф. Радован Јенко
-Факултет за убави уметности, Љубљана, Словенија

Гадњим Мехмети
-графички дизајнер, Скопје, Македонија
Ондреј Мишек
-предавач, Академиа Италиана, Банког, Тајланд