Project Description

50 финалисти во Њујорк

 

 

Информации за проектот

Дата: 24-30 јануари 2014

Локација: МЦ Галерија, Њујорк, САД

Изложбата е иницијатива која дојде природно после 5 години од почетоците на Скопјепостер како урбан дизајн проект со меѓународен карактер. По Париз, Истанбул, Варшава, Њујорк е вистинското место за уште еднаш да се одбележи 5 годишната приказна на Скопје постер фестивалот.

Плакатите кои беа изложени во МЦ Галеријата вклучуваа дела на студенти кои учествуваа како финалисти во првите пет конкурси: „Толеранција“,  „Моќ наспроти сиромаштија“, „Екологига“, „Хив/Сида“ и „Пари бесплатно“. Од вкупно 10.000 пристигнати плакати од страна на жириата избрани беа 50 финалисти, вклучувајќи 15 наградени со највисоки признанија  и 35 постери кои беа избрани како почесни.

Изложбата беше отворена во Галеријата МЦ на 24 јануари во 20ч, а посетителите имаа можност да ја посетат до 30 јануари.

 

Линк:

https://skopjeposter.com/association-for-graphic-designers-plakart-conquered-new-york/