Project Description
50 финалисти во Њујорк
Информации за проектот
Дата: 24-30 јануари 2014
Локација: МЦ Галерија, Њујорк, САД
Изложбата е иницијатива која дојде природно после 5 години од почетоците на Скопјепостер како урбан дизајн проект со меѓународен карактер. По Париз, Истанбул, Варшава, Њујорк е вистинското место за уште еднаш да се одбележи 5 годишната приказна на Скопје постер фестивалот.
Плакатите кои беа изложени во МЦ Галеријата вклучуваа дела на студенти кои учествуваа како финалисти во првите пет конкурси: „Толеранција“, „Моќ наспроти сиромаштија“, „Екологига“, „Хив/Сида“ и „Пари бесплатно“. Од вкупно 10.000 пристигнати плакати од страна на жириата избрани беа 50 финалисти, вклучувајќи 15 наградени со највисоки признанија и 35 постери кои беа избрани како почесни.
Изложбата беше отворена во Галеријата МЦ на 24 јануари во 20ч, а посетителите имаа можност да ја посетат до 30 јануари.
Линк:
https://skopjeposter.com/association-for-graphic-designers-plakart-conquered-new-york/