Црвен крст на град Скопје во соработка со здружението на графичи дизајнери „Плакарт“ како дел од проектот „Училишни клубови за едукација и превенција“ поддржан од Град Скопје, објавува
МЕЃУНАРОДЕН НАГРАДЕН КОНКУРС
на тема: НАСМЕВКА 🙂 „Насекаде за секого“/ SMILE 🙂 „Everywhere 4 everyone“
Во пресрет на Светскиот ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина 8 мај, но и во текот на целата 2018 година, ќе ја прославиме силата и моќта на нашата глобална мрежа, како и придонесот на нашиот персонал и на околу 14 милиони волонтери во светот преку мотото “Насекаде за секого”.
Оваа година имаме за цел да ги прошириме знаењата за мисијата и придонесот на Црвениот крст со истакнување на разновидноста на нашата работа и универзалноста во нашиот пристап. Користиме едноставен повик за акција за да го споделиме еден од најпознатите универзални симболи – насмевката.
Насмевката е универзален знак на среќа, удобност и задоволство.
За волонтерите, тоа значи добро завршена работа. За некој погоден од непогода или криза, тоа може да значи дека постои некој кој е подготвен да помогне. Сакаме да ја искористиме моќта на овој симбол за да ја прославиме посветеноста и влијанието на Црвениот крст и Црвената полумесечина, волонтерите и вработените лица. Нашата цел е да истакнеме како Движењето ги решава хуманитарните предизвици преку оригинални, иновативни и необични пристапи.
Фокусирајќи се на акција и позитивни промени во заедницата, ќе ги споделиме позитивните приказни за промени и надеж со повикот за акција “Споделете го она што поттикнува насмевка”.
Со цел промоција на работата на Црвениот крст и позитивните промени во заедницата, Црвен крст на град Скопје, со поддршка на здружението на графичи дизајнери „Плакарт“ објавува награден конкурс на тема: НАСМЕВКА 🙂 „Насекаде за секого“/ SMILE 🙂 „Everywhere 4 everyone“
Конкурсот ќе биде отворен од 1 април до 1 мај 2018 година.
Конкурсот е наменет за ученици, студентите на факултети / академии / колеџи за уметност и дизајн регистрирани во образовна институција како и сите професионални дизјанери без ограничување на возраста за пријавување. Секој учесник може да аплицира максимум три постери;
Групни апликации не се дозволени.
УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО
- Плакатот треба да ја промовира темата НАСМЕВКА 🙂 „Насекаде за секого“/ SMILE 🙂 „Everywhere 4 everyone“
- Поднесениот плакат мора да биде со димензии 500 х 700 мм со резолуција 150 dpi во CMYK профил во формат PDF или JPG. Фајловите не треба да бидат поголеми од 25 мб и треба да се испратат на електронската адреса: skopje.mladi@redcross.org.mk не подоцна од 1 мај 2018 година (до 00:00 ч).
- Сите користени фонтови треба да бидат векторизирани или растеризирани.
- Изборот на најдобро идејно решение ќе го направи 3 (три) члена комисија составена од претставници од Црвен крст, Град Скопје и здружението на графички дизајнери „Плакарт“.
- Не е дозволено користење на дизајни/материјали за кои не поседувате авторски права.
Организаторите го задржуваат правото да ги користат поднесените вузуeлни решенија за презентација и медиумска употреба и за репродукција за промотивни цели во рамки на меѓународните промотивни активности и кампањи.
Сите пристигнати идејни решенија авторите ќе ги отстапат на Црвен крст на град Скопје и во иднина истите може да бидат искористени исклучиво од Црвен крст во кампања и/или во активности за промоција на организацијата и волонтерската ангажираност.
Црвен крст на град Скопје/ Здружението на графички дизајнери „Плакарт“/Град Скопје