Преку темата „Република Македонија како туристичка дестинација“ организаторите одлучија да стават акцент на прашањето на квалитетно дизајнирана промоција на Република Македонија во светот како атрактивна туристичка и културна дестинација.

Главната цел на конкурсот за студентски плакат на тема „Република Македонија како туристичка дестинација“, што го организираат Музеј на град Скопје, Плакарт и Амбасадата на Република Полска во Република Македонија е добивање на плакат со современ израз како дизајнерски производ, преку кој ќе се промовира како земја со богато културно наследство, зачувани природни богатства и богата духовна ризница.

Автор на промо-плакатот: Фросина Цонева – Ивановиќ

Воедно овој проект е со цел да го соедини креативниот капацитет во обид да го привлечеме вниманието на потенцијални посетители, кои би се вљубиле во Македонија. Симболички, реализацијата на проектот беше отпочнат во април 2016 година со изложбата „Полската школа на плакат“, која на македонската публика и ја претстави една од најстарите и најкарактеристичните школи за плакат и со предавањето на Лазе Трипков, директорот на Музеј на современа уметност, кој како магистрант на катедрата на маестралниот Лех Мајевски е своевиден претставник на полската школа на плакатот. Следствено, проектот се реализираше и во рамки на 9. Скопје постер фестивал, ноември 2016 година, кога се одржа работилницата на плакатистот Ришард Каја од Полска. Полскиот илустратор, автор на огромната серија плакати за промовирање на Полска, одржа и работилница за деца на истоимената тема, чии цртежи ќе бидат дел од главната изложба по завршувањето на конкурсот.
Oтворениот повик е наменет за студенти на додипломски, магистерски и докторски студии на факултетите за уметности, визуелни уметности, архитектура и дизајн, од сите Универзитети во Република Македонија.
Крајниот рок за доставување на постери е 28 февруари, а поднесоците студентите можат да се доставуваат онлајн со регистрација на: www.skopjeposter.com/gallery2.

Награди
Првите 3 наградени се студиски патувања во 2017 год. во Полска – до 5 дена – во организација на Амбасадата на Полска во Република Македонија.
Почесните 2 добитници ќе добијат можност да учестуваат во дизајнирањето на плакатите за изложбите во Музеј на град Скопје за 2017 год. и можност за студентска пракса.

Формат на поднесоците
Секој учесник може да аплицира со максимално 3 поднесоци (плакати), фајлот мора да е JPG формат со припрема за печатење во Б2 формат (500x700mm) со резолуција од 300 dpi со прилагодени CMYK бои, а поединечен фајл не смее да надминува 10мб.

Жири
Жирито за избор на победници го сочинуваат Ришард Каја – илустратор, мајстор на плакатот, Полска, Јацек Мултановски – амбасадор на Република Полска во Република Македонија, Лазе Трипков – директор на Музеј на современата уметност, Томислав Микулчиќ – директор на Музеј на град Скопје, Ласко Џуровски – дизајнер, типограф, сопственик на Тотем – дизајн студиото.

Изложба на конкурсните дела
Изложбата на 50 најдобри дела од овој конкурс, заедно со делата од работилницата наменета за деца под менторство на Ришард Каја ќе бидат изложени од 15ти март во Музејот на град Скопје.

Skopje Poster

Skopje Poster

I am Skopjeposter and I am here to provide you with all needed informations. Please contact me in any matter!
Skopje Poster