Заврши 9. Скопје постер фестивал, кој во изминативе 15 дена, се одржа во Музеј на град Скопје. Во рамки на фестивалот, покрај изложените дизајнерски дела во рамки на 4-те изложби, се одржаа и презентации и работилници на светски реномираните предавачи на теми „Македонија како туристичка дестинација“, „Дизајнирај влијателен социјален плакат“, „Плакат, уметност од улицата“, „Дизајнирање постер за џез настан“, наменети за студенти и професионалци дизајнери.

На фестивалот, насловен како „Криза на идентитет“, во рамки на главната изложба на плакати од меѓународниот конкурс за плакат, беа изложени дела на студенти од сите континенти, оценувани од страна на 5-члена жири комисија составена од меѓународни судии – Мишел Буве (Франција), Фонс Хикман (Германија), Фин Нигард (Данска), Ришард Каја (Полска) и Тони Васиќ (Македонија).

9 Skopje Poster Festival

Оваа година, двете главни награди ги добија Мигуел Ангел Рангел од Мексико и Река Немеди Варга од Унгарија. Двете специјални награди од жири комисијата беа доделени на Шујун Лиу, од Кина и Дикле Јилдирим од Турција. Додека, почесните признанија ги добија Јуниј / Зежун Шан / Уанг од САД, Кајли Димик од САД, Лазар Митровиќ од Србија, Инес Филипа да Коста Пимента Кардосо од Португалија, Никола Марфи од Обединетото Кралство и Карол Шчепанкиевич од Полска.

По затворањето на фестивалот, изложбата на 50-те финалисти ќе биде прикажана на Универзитетот Прат МВА (Pratt MWA) во Њујорк, САД, потоа во Грција, Литванија, Полска, Португалија, .

„Секоја година битно ни е плакатите на младите дизајн надежи да ги испромовираме на повеќе локации. Изминатата година изложби имавме во Бугарија, Србија и во Русија. Оваа година, планираме уште многу изложувања, покрај првично договорените во Варшава, Вилнус, Њујорк, Порто, Солун“, вели Гере Постеров, претседател на невладината организација „ПлакАрт“.

Според него, покрај соработката со дизајнерската заедница во Македонија, иницирана е и соработка со релевантни факултети, што ќе овозможи студентите да добијат дополнителна практична настава преку фестивалските настани. Дизајнерите од Македонија имаа шанса да се дружат со победникот од минатогодишниот Скопје постер конкурс, Каја Депта Клешта од Полска, која одржи и презентација во која истакна како овој интернационален конкурс ја охрабрил во постигнување на повисоки цели.

9 Skopje Poster Festival

„Скопје постер фестивалот е најдобриот фестивал и конкурс за дизајн за млади дизајнери во светот. Гостите се светски познати дизајнери, жирито секогаш составено од најдобрите во графичкиот дизајн, а ПлакАрт е единствен во успешно промовирање на нашите дела и нас учесниците“ – изјави Каја Депта – Клешта.

9 Skopje Poster Festival

„Овој фестивал ги собира најквалитетните имиња од графичкиот дизајн. Скопје и Македонија може да се гордее со овој настан кој се случува секоја година. Навистина е чест да се биде дел од Скопје постер фестивалот“, објасни членот на меѓународното жири Ришард Каја.

Наредната година, организаторот најавува достојно, спектакуларно одбележување на јубилејот 10 години на Скопје постер фестивалот. На овој начин, вели организаторот, „ова одлично дизајнерско дружење ќе го размрда креативниот потенцијал и инспиративноста кај дизајн заедницата“.

Објавувањето на 10. Скопје постер Меѓународниот студентски конкурс за плакат е закажан за јануари/февруари 2017 година.

Погледнете ја фото – галеријата од фестивалот:  9. Скопје постер фестивал 

 

Skopje Poster

Skopje Poster

I am Skopjeposter and I am here to provide you with all needed informations. Please contact me in any matter!
Skopje Poster