Здружението на графички дизајнери „Плакарт“ е дел од проектот на Музејот на град Скопје насловен „АртЛинк 2016“, кој ден официјално беше претставен на јавноста.

Се работи за активност иницирана од страна на музејот, а во соработка со „Плакарт“, која има за цел активирање на креативниот потенцијал кај младите уметници во земјата.

Во проектот се вклучени девет факултети од Република Македонија – Факултетот за ликовни уметности на Универзитетот „Кирил и Методиј“, Факултетот за уметности на Државниот универзитет во Тетово, Ликовната академија на Универзитет „Гоце Делчев“ во Штип, Факултет за графички дизајн на Универзитет „Климент Охридски“ во Битола, Факултетот за архитектура и дизајн на Универзитетот „Американ колеџ“ од Скопје, Факултетот за арт и дизајн на Европскиот Универзитет Република Македонија, Факултетот за мултимедија и дизајн на ФОН Универзитет од Скопје, Архитектонскиот факултет на Универзитетот „Кирил и Методиј“ и Факултет за архитектура на МИТ Универзитетот.

„Плакарт“ во изминатите 10 години е иницијатор и поддржувач на сите проекти кои имаат за цел квалитативнио унапредување на креативните индустрии, а АртЛинк е несомнено еден од нив.

Досегашното искуство на „Плакарт“ укажува дека постои потреба од континуирано работење на полето на визуелните уметности, а правиот чекор за тоа е да се вклучат сите засегнати страни – образовните и музејските институции, групите и здруженијата со определен фокус – како „Плакарт“ и сите оние кои можат директно или индиректно да влијаат врз овие процеси. Честитки до сите учесници на овој убав проект, до Музејот на град Скопје.

Се надеваме дека ова е почеток на успешна и долготрајна соработка која ќе понуди одлични содржини!“ – изјавиja од „Плакарт.

„Плакарт“, освен во рамки на проектот „АртЛинк“, почнува серија културни соработки со Музејот на град Скопје. Скопје постер фестивалот, по 6 години повторно се враќа во Музејот, каде и беше организиран првиот фестивал во 2008 година.

Дополнително „Плакарт“ заедно со музејот, а со поддршка на Амбасадата на Република Полска, ќе го организираат конкурсот за промотивен туристички плакат за Република Македонијa, како и изложбата на полската школа на плакат која ќе вклучува дела на Томашевски, Мајевски, Швиежи, Старовиејски, Млодожењец, проекти кои наскоро ќе бидат презентирани на јавноста.

 

Skopje Poster

Skopje Poster

I am Skopjeposter and I am here to provide you with all needed informations. Please contact me in any matter!
Skopje Poster