Пари бесплатно
5. Меѓународниот студентски конкурс за плакат, Скопје 2012
14 – 28 декември 2012
Младински културен центар
Партнерство
Плакарт во партнерство со Младинскиот културен центар го објави петтиот Меѓународен студентски конкурс за плакат, Скопје 2012. Проектот е поддржан од Министерството за култура и град Скопје, како и од Варшавското биенале за плакат и бројни меѓународни соработници – професори од Европа, Израел, Турција.
Тема
Предмет на овој конкурс е светската криза и вредноста на парите. Нивната улога стана многу битна за закрепнување на светот од глобалната финансиска криза…Битни поради постојаните ризици по вработувањето, долговите…Економската зависност од нафтени преработки, акции, цените на прехрамбените производи кои се зголемуваат…Милиони луѓе од Африка, Азија и некои делови од Европа се соочени со потреба за поддршка за излез од кризата. Дали може парите да бидат бесплатни? Дали парите можат да се општо пристапни? Дали парите можат да имаат еднаква вредност…Било каде? Секаде?
Кауза
Целта на овој конкурс е да креира и промовира концепт за „Пари бесплатно“. Да комуницира и иронизира, да ги охрабрува луѓето, како во дизајнот така и надвор од дизајнот и заедниците, кон едно движење „бесплатни пари за сите“. Бидејќи луѓето ширум светот се засегнати од овој проблем, потруди се да креираш и да привлечеш внимание кое можеби ќе прерасне во меѓународно движење, кампања, да објасниш/креираш и достигнеш повисоки стандарди на визуални комуникации преку визуализација на своите размисли.
Целна група – млади таленти
Ги поканивме студентите на графички дизајн и визуални уметности од целиот свет да направат постер на дадената тема. „Пари бесплатно“ се стреми кон културен развој на младите луѓе и нивната социјална и културна независност. Еден од аспектите на овој проблем е недостигот од можности за самореализација, поточно за постигнување на своите аспирации и животни амбиции. Организаторот ќе продолжи да ги промовира младите уметници и нивните дела ширум светот.
Овој проект продолжува да промовира културна размена, нови пријателства и осознавање на важноста на финансиската стабилност како еден од главните цели. Преку дефинирањето на темата младите треба да ја осознаат неговата вредност и да ги сфатат општите вредности кои овој концепт ги нуди, градење на солидна основа за натамошна промоција на проблемот на финасиите на глобално ниво.
Победници & почесни признанија
1.835 постери од 33 земји.
Настасиа Котава – Белорусија
Игор Пивоварчик – Полска
Милад Агхазадех – Иран
Почесни признанија:
Марија Димитриевска – Македонија
Салех Зандех – Иран
Иван Танус – Мексико
Вероника Нестерук – Белорусија
Марио Естевез – Мексико
Елиас Риедман – Австрија
Жири
Преселекција
Ондреј Мишек
-предавач, Академиа Италијана, Бангкок, Тајланд
проф. Лех Мајевски
-Полска
Тиери Сарфис
-Франција
Финална селекција
проф. Серж Серов
-ВАШГД-Академија за графички дизајн, Москва, Русија
Рене Ванер
-Швајцарија
Славимир Стојановиќ
-Србија