Како што напоменавме оваа недела Плакарт и Скопје постер беа дел од Скопје креатива фестивалот 2015. Детали…
За време на фестивалот имавме куп настани кои се однесуваа на графичкиот дизајн, но и на маркетингот и ПР-от, како и на индустрискиот и модниот дизајн.
Направивме селекција на презентации и ги замоливме гостите да ни дозволат да ги покажеме на нашите читатели и фанови. Еве го првиот дел кој ги вклучува презентациите на тимот од Неделата на дизајн во Тирана, на Борут Вилд и на Драган Варагиќ.
Недела на дизајн во Тирана
Деа Буза и Јулиа Јанку од Тирана го претставуваат својот проект чија цел е да направат тренд место на Балканот преку имплементација на супер-кул настани кои ќе резултираат Тирана да стане место кое мора дасе посети.
Ги поканивме да покажат како успеваат да стартуваат и да го подобруваат проектот наречен Тиранска недела на дизајнот, да понудат места, настани и искуства кои претходно не биле искусени во главниот град на Албанија.
Им благодариме на Деа и Јулија за прекрасното доживување…Се надеваме дека и вие ќе уживате!
Линк од презентацијата –> Недела на дизајнот во Тирана
Борут Вилд
Единствениот Борут Вилд, еден од најинспиративните дизајнери од регионот. Борут секогаш нуди свежи и иновативни, но и одлични решенија за дизајнерските предизвици како перфектна изведба и промовирање на чиста порака. Тој е се што еден дизајнер посакува да биде! Веќе втор пат во Скопје, претходно беше наш гостин на минатогодишниот Скопје постер фестивал, и оттогаш тој е како наш дизајнерски брат. Би било несоодветно од наша страна да не го замолиме да направи постер за годинешниот Скопје постер конкурс на тема „Сите за луѓето со хендикеп“. Денес ние – неговите дизајн следбеници сме горди што го познаваме овој великодушен човек!
Погледнете ја неговата презентација: Борут Вилд @ СКК15
Драган Варагиќ
Последниот од првата серија на презентации од Скопје креатива 2015 е Драган Варагиќ. Оние кои работат маркетинг и ПР не им е потребно негово посебно претставување. Тој е кралот на интернетот и експерт за социјални медиуми кој секој посакува да го има како учесник на својот настан. Задоволство беше да дојде во Скопје и да им даде совети на креативците како да изградат бренд и како да го зголемат својот углед на социјалните мрежи. Беше инспиративен и прецизен во поентите. По презентацијата имаше долга дебата со улесниците. Ова беше една многу успена презентација!
Повелете –> Драган Варагиќ @ СКК15
Наредната недела ќе го објавиме втората серија на селектираните презентации.