Во текот на месец мај тројца студенти од Македонија добија шанса да патуваат по стапките на полските мајстори на плакат.

Како резултат на конкурсот за плакат на тема “Република Македонија како туристичка дестинација” / #GOMK Ана Петрова, Анастасија Јовческа, Иван Дургутовски имаа шанса, како прво наградени да одат на едно-неделно студиско патување во Полска. Патувањето беше наградата која овие тројца студенти од ФОН универзитетот и Европскиот факултет ја добија за нивните плакати кои ги селектираше жирито во состав Ришард Каја (дизајнер илустратор, Полска), Лазе Трипков (директор на Музејот на современа уметност, Македонија), Јацек Мултановски (амбасадор на Полска во Р. Македонија), Томислав Микулчиќ (директор на Музејот на град Скопје, Македонија), Ласко Џуровски (основач на Тотем физајн студиото, Македонија).

Музеи за плакат и за современа уметност, Факултети за графички дизајн, средби со реномирани дизајнери беа само дел од програмата на студиското-патување на тројката млади македонски дизајн таленти.

По нивното враќање во Македонија ги замоливме да го споделат своето искуство со нивните колеги од земјава и странство, кои во нив можеби ќе пронајдат инспирација и мотивација во креативното изразување, професионалниот развој и усовршување.

Ана Петрова, додипломски студии на Факултетот за дизајн и уметност – Европски факултет

Неверојатно патување на место преполно со дизајн до најмали детали. Преубави градби, благи салати, многу плакати и креативни решенија, со незаборавно друштво во градови кои мора повторно да се видат. До сега најзабавно, најкреативно и инспиративно патување за мене.

 

Анастасија Јовческа, додипломски студии на Факултетот за дизајн и мултимедија – ФОН Универзитет

Убава недела со убави луѓе на уште поубаво место – Полска. Три различни града, милион закон места кои не се опишуваат со зборови. Нашиот краток престој беше прекрасен, а најважно од се креативен и инспиративен. Полска е моето омилено место и секоја наредна дестинација <3

 

Иван Дургутовски, постдипломски студии на Факултетот за дизајн и уметност – Европски факултет

За мене, лично, ова е едно големо признание и „отскочна даска” што ми овозможи да бидам дел од едно извонредно студиско патување кое ме промени за многу нешта. Благодарение на Скопје Постер и Полската Амабасада во Република Македонија, тројцата добитници на главната награда имавме можност да ја посетиме Полска и да се запознаеме со начинот на кој таа земја функционира на локално и гобално ниво, а воедно и да се запознаеме со сржта на полскиот дух и креативност, преку тешката историска сидбина која ја поминал овој народ.

Патувањата се од витално значење за секој креативец, бидејќи се стекнуваме со нови искуства, се запознаваме со нови култури и нивните вредности, а сето тоа директно се рефлектира на нашиот креативен израз и ги менува нашите видици. Меѓу другото, имавме можност да ги посетиме најпознатите универзитети, музеи, културни и дизајн центри, ументички колективи и воедно да се запознаеме со еминентни лица од полската уметчника и дизајнерска сцена. Благодарение на тоа, нашата мрежа на контакти е видно проширена, а со тоа можностите за доусовршување на знаењата преку идни соработки на меѓународно ниво се зголемуваат.

Борбеноста и истрајноста на полскиот народ, дефинитивно се рефлектираат и во начинот на кој тие работат и функционираат и на полињата на уметноста и дизајнот.

Искрено се надевам дека ова наше искуство ќе биде само мотив плус за студентите во иднина повеќе да се ангажираат околу пријавување на конкурсот, а и сите студентски конкурси воопшто. Конкурсите се најдобрата студентска вежба! 🙂

 

Skopje Poster

Skopje Poster

I am Skopjeposter and I am here to provide you with all needed informations. Please contact me in any matter!
Skopje Poster