Плакатите на тема Криза на идентитет го започнуваат своето претставување во неколку земји во текот на пролетта и летото.

Во рамки на оваа изложба ќе бидат поставени 50. дела на млади дизајнери, учесници на 9. Скопјепостер конкурс. Постерите се дела на студенти по дизајн и визуелни комуникации од 24 земји, вклучително двете прво-наградени плакати, 2 специјални награди, 6 почесни, како и останатите 40 плакати на финалисти.

Серијата на патувачки изложби ќе биде започната со отворањето на изложбата во Стартит Центарот во Нови Сад, Србија, на 22 април. На почеток на мај поставката ќе биде дел од Дизајн неделата во Литванија, а потоа ќе биде пренесена на Академијата за уметности во Каунас, кон крајот на мај ќе ги краси метро станиците во Порто, Португалија, а во текот на летото ќе патува во Полска, САД…

Повеќе детали за соработките во рамки на изложбената серија ќе бидат објавени наскоро.

Плакарт – Здружението на дизајнери од Македонија ги поканува сите љубители на плакатот и графичкиот дизајн да не посетат и да ни се придружат на изложбите кои имаат за цел да ги пренесат моќните пораки на студентските плакати на тема “Криза на идентитет” ширум Европа и светот.

Skopje Poster

Skopje Poster

I am Skopjeposter and I am here to provide you with all needed informations. Please contact me in any matter!
Skopje Poster