Сите за луѓето со хендикеп

8. Меѓународен студентски конкурс за плакат, Скопје 2015

Краен рок: 20 ноември, 2015 (CET 00:00)
Отворање на изложбата: 5 декември, 2015
МКЦ Скопје

Партнерство

Плакарт во соработка со МКЦ го објавува 8от Меѓународен студентски конкурс за плакат, Скопје 2015. Проектот е поддржан од Министерство за култура и град Скопје, Варшавското постер биенале, АУГ Асоцијацијата на графички дизајнери од Чешка и бројни соработници од Полска, Чешка, Турција, Србија, Германија, САД и Русија.

Тема

Главната цел на овој конкурс е креирање на подобри можности за луѓето со попречености. Мотото „Сите за луѓето со хендикеп“ треба да ја издвои и да артикулира еднакви можности и права на луѓето со попречености. Како дизајнери имаме обрвска да се бориме против дискриминацијата и нееднаквоста и да причиниме луѓето со хендикеп да бидат третирани како еднакви припадници на општеството. Да причиниме да живеат во здрава средина со активно учество во заедницата. Ние промовираме позитивни пораки за сите аспекти на хендикепот – долгорочни болести, проблем со мобилноста, проблемот со осознавање, нарушена перцепција. Нема дилема дека идејата/темата на зависност е искористувана за општествено изолирање на проблемот на луѓето со посебни потреби, дополнително пропратено со други социјални прашања со слична природа со кои се соочуваат и во многу развиени земји.

Целта на овој конкурс е да креира и промовира концепт за еднакви права за луѓето со посебни потреби.
Тие се соочуваат со бариери во секојдневниот живот.
Дополнителни трошоци кои подразбираат достапност до здравствените услуги и транспортот. Поради ова тие не ја добиваат соодветно потребната здравствена нега.
Ограничениот пристап до соодветни услуги е голема бариера за добивање на соодветна здравствена нега.
Физичките бариери како несоодветниот пристап во објекти (болници, здравствени центри), неприспособена медицинска опрема, несоодветно означување, тесни пристапи, внатрешни степеници, неприспособени тоалети и неприспособени паркинзи. На пример, жените со проблеми во мобилноста често неможат да пристапат кон испитување – снимање на градите и бедрениот појас поради непристапните кревети, а мамографите се приспособени само за оние кои можат да стојат.
Постојат и бариери кои не се од физичка природа, како на пр. несоодветни вештини и знаење на здравствените работници.

Ги охрабруваме дизајнерите да се приклучат кон движењето за подобрување на условите за живот на луѓето со посебни потреби! Да креираат и привлечат внимание, кое ќе прерасне во меѓународно движење, кампања…Да отсликуваат/да се борат/да се стремат кон постигнување на повисоки стандарди во визуалните комуникации и во претставување на своите размисли.

Како дизајнери имаме обврска да делуваме против нетолерантноста и неправдата. Токму затоа ќе создадеме и испровоцираме глобална акција, прво преку покана на студентите да учествуваат во конкурсот, потоа и преку вклучување на професионалните дизајнери и преку општествени акции за подигање на свеста кај пошироката јавност.

Награди

Двајца победници ќе бидат подеднакво наградени:
1. Учество во жири селекцијата на 9. Скопје постер фестивал(со покриени трошоци)
2. Организација на изложба на плакати во МКЦ во 2016 година
3. ICOGRADA Цертификати

Отворен повик

Ги покануваме студентите на сите образовни нивоа(колеџи, високи школи, факултети, магисерски и докторски студии на уметност, дизајн, визуални уметности) да аплицираат на 8. Меѓународен студентски конкурс за плакат до 20 ноември 2015 година (CET, 00:00 часот).

Оваа година Советот на МСКП одлучи да стави акцент на темата на луѓето со посебни потреби, што претставува и глобалем проблем. Време е ние младите дизајнери да делуваме, да бидеме „бучни“ и да креираме пораки кои ќе инспирираат многумина, кои ќе обединат можеби малкумина, но дефинитивно ќе придонесат за поголема свест кај јавноста по ова прашање. Оваа година преку креативноста се бориме за оние со посебни потреби…
Сите заедно за луѓето со посебни потреби!!!

Статистика од Светска здравствена организација
Документ 352
________________________________________

• Преку милијарда луѓе или 15% од светската популација се соочува со некаков вид на хендикеп.
• Помеѓу 110 милиони и 190 милиони возрасни имаат значителни потешкотии во живеењето/функционирањето.
• Бројот на заболувања од овој тип се зголемува како резултат на стареењето на популацијата и зголемувањето на здравствените заболувања.
• Луѓето со попречености имаат намален пристап кон здравствени услуги и затоа не ја добиле потребната здравствена нега.
________________________________________

Повеќе информации од СЗО, Организација на обединети нации:
Хендикепот не е само здравствена состојба. Тој е комплексен феномен, кој рефлектира помеѓу интеракцијата на човечкото тело и општеството во кое тој/таа живее. За пребродување на потешкотиите/пречките со кои се соочуваат луѓето со попречености потребна е интервенција за да се отстранат природните или социјалните бариери.
Луѓето со попречености имаат исти здравствени потреби како оние кои немаат попречености. Тие исто така можат да се соочат со полоша здравствена состојба, поради сиромаштијата или социјалната ексклузија, како и подложноста на други здравствени состојби. Дополнително луѓето со попречености се соочуваат со бариери за пристап кон здравствени или рехабилитациски услуги кои им се неопходни.

Локален акцент

Генерално, дискриминацијата и борбата против неа е прашање со кое се соочуваат сите земји, вклучително и Македонија. Проблемот се состои во идентификувањето на дискриминацијата, особено ако не е од директен карактер. Тоа произлегува од недостигот на конкретна идентификација на индивудуалниот и материјален склоп на дискриминацијата, како и основата за истата.

Целна група-млади таленти

Организаторот на овој конкурс продолжува да ги промовира младите уметници ширум светот, организирајќи патувачки поконкурсни изложби, исто како и во изминатите 8 години. Еден од основните цели на овој проект е да се обединат студентите од Европа, но и пошироко, преку македонска идеа/проект.

„Сите за луѓето со хендикеп” претставува база за културна соработка, создавање нови пријателства, преку осознавање на важноста на толерантноста. Преку дефинирање на идејата младите треба да ја осознаат нејзината вреднoст и да ги сфатат предностите кои ги нуди овој концепт, што е солидна основа за понатамошна промоција на ова прашање на глобално ниво.

Бриф

Превземи (анг.) >Brief of 8. ISPC<

Жири

Гец Грамлих (Германија)

Петар Банков (Русија)

Паула Трокслер (Швајцарија)

Петер Поч (Унгарија)

Ласко Џуровски (Македонија)

Повеќе за жирито: Членови на жири на 8. Скопјепостер

Победници & почесни признанија

Победници

1. Каја Клешта / Полска

2. Каја Клешта / Полска

Специјална награда на Плакарт и Icograda: Пјотр Депта / Полска

Повеќе за 8. Скопје постер фестивал и победниците

Почесни

Бо Јанг / Кина

Фарзад Саеди / Иран

Анна Јашчук / Полска

Флавиа Мартинс / Португалија

Дагмара Врона / Полска

Анке Клајн / Македонија

Амир Милс