Членовите на жирито на 8. Скопје постер фестивал „Сите за луѓето со хендикеп“ се светски познати и признаени дизајнери.

Оваа година жирито ќе го сочинуваат членови специјализирани по типографија, дизајн на постер, илустрација, кои на почетокот на декември ќе бидат во Скопје и ќе одржат свои работилници, а нивните дела ќе бидат дел од посебната поставка во рамки на 8. Скопје постер фестивал. Ви ја претставуваме големата 5ка на Скопјепостер 2015!

Гец Грамлих

Најдобро познат по промоцијата на социјалните аспекти на постерот преку проектот „Mut Zur Wut?”. Неговите постери се со препознатлив стил на дизајн, веројатно покрај другите причини и заради влијанието од Никлаус Трокслер додека работел во неговото студио во Швајцарија. Гец бил ментор на голем број дизајн и постер работилници низ целиот свет и е добитник на многу меѓународни дизајн награди како златна и платинеста Graphis награда, награда од Кинеското постер биенале во 2012, Red Dot дизајн наградата…

Gotz Gramlich 8 Skopjeposter

Gotz Gramlich 8 Skopjeposter

Петар Банков

Неодамна наградениот автор на 19. Меѓународна постер изложба во Колорадо – Петар е еден од најинспиративните руски плакатисти. Банков е со-основач на дизајн студиото “Design Depot” и од 1997 година е издавач на дизајн магазинот „КАК“. Во последните години тој создава постери. Преферира да дизајнира плакати поради тоа што перфектно се вклопува во нашите општества кои масовно користат социјални медиуми: „Според мене ова е најинтересниот жанр на модерната графичка уметност. Постерот стана локална визуелна субкултура и конечно исчезна неговото поврзување само со комерцијални цели, што беше случај изминатиот век“.

Peter Bankov 8 Skopjeposter

Peter Bankov 8 Skopjeposter

Peter Bankov 8 Skopjeposter

Peter Bankov 8 Skopjeposter

Peter Bankov 8 Skopjeposter

Peter Bankov 8 Skopjeposter

Паула Трокслер

Паула студирала визуални комуникации на Универзитетот за применети уметности и дизајн во Луцерн. Во 2006 година го формира своето студио со седиште во Луцерн, а отвора и претставништво во Берлин. Нејзината кариерата ја продолжува во Цирих, каде се сели во 2008 година и до денешен ден живее и работи. Нејзиното портфолио е импресивно и вклучува учество во проекти за театар, културни настани, издаваштво, адвертајзинг и многу изложби. Таа има одржано работилници и предавања во Швајцарија и ширум светот. Трокслер е специјализирана во областа на илустрацијата и нејзините дела се издадени во голем број меѓународни публикации.

Paula Troxler 8 Skopjeposter

Paula Troxler 8 Skopjeposter

Paula Troxler 8 Skopjeposter

Paula Troxler 8 Skopjeposter

Paula Troxler 8 Skopjeposter

Paula Troxler 8 Skopjeposter

Петер Поч

Петер Поч е магистер по графички науки роден во Пекс, Унгарија. Од 1972 година работи како графички дизајнер и се занимава со постерот како медиум за културни цели. Од 80те – по политичките промени-дизајнира постери со политички предзнак. Хенрик Томашевски, Валдемар Швежи и Гиорг Конечни се неговите спиритуални мајстори. Неговите дела се постојан дел од меѓународни поставки, биеналиња, триеналиња, симпозиуми(Унгарски милениум, Децата се ритамот на светот, Сараево 2014,  Славење на нашата планета…) и се наградени со многу унгарски и меѓународни награди. Постер дизајн студио го основа во 1991 година. Во 1997 година ја добива унгарската награда за уметност „Mihály Munkácsy“. Тој е основач на асоцијацијата „Унгарски постер“.

Peter Pocs 8 Skopjeposter

Peter Pocs 8 Skopjeposter

Peter Pocs 8 Skopjeposter

Peter Pocs 8 Skopjeposter

Peter Pocs 8 Skopjeposter

Peter Pocs 8 Skopjeposter

Ласко Џуровски

Ласко е македонски графички дизајнер и типограф. „Типо-кујна“ е успешен проект за креирање типографски решенија, чиј организатор е токму тој. Тој живее во Скопје каде и го основа своето студио за дизајн и типографија „Тотем“. Член е на Type Directors Club од Њујорк од 2000 година. Автор е на 4 фонт фамилии со вкупно 80 фонтови наменети за ексклузивна употреба во Владата на РМ, како и за слободна дистрибуција, исто така и на 20-тина авторски фонт фамилии со околу 200 фонтови. Во моментов работи на развивање на неколку фонт фамилии за странски компании и реномирани компании специјализирани за мултијазични фонтови. Негова желба е да го пренесе своето знаење за да може да се зголеми типографската сцена во Македонија, а со тоа и бројот на кирилични фонтови.

Lasko Dzurovski 8 Skopjeposter

Lasko Dzurovski 8 Skopjeposter

Lasko Dzurovski 8 Skopjeposter

Lasko Dzurovski 8 Skopjeposter

Lasko Dzurovski 8 Skopjeposter