Јубилејниот 10. Скопје постер конкурс за студентски плакат „Artificial Reality“ ги надмина очекувањата. Пристигнаа  плакати од 68 држави ширум светот. Се повеќе факултети се заинтересирани за воведување на Скопје постер конкурсот во рамки на своите наставни програми, а забележан е и зголемен интерес за изложување на плакатите кои се дел од изложбите во рамки на сопствените галериски простори.

Комисијата составена од пет меѓународни судии: Лекс Древински (Полска), Лех Мајевски (Полска), Свен Сориќ и Хрвоје Спудиќ од дуото This Town Needs Posters (Хрватска)*. За претседател на жирито беше избран Реза Абедини (Иран). По четричасовното жирирање ги додели десетте награди.

Организаторот на настанот и претседател на Здружението „ПлакАрт “, Гере Трипков, пред присутните ги претстави добитниците на награди од ист ранг: Јакуб Собчак (Полска) и Дарја Грекова (Русија).

Специјалната награда од жирито беше доделена на Сара Лехофер (Унгарија), а специјалната награда за македонски плакат ја доби Анастасија Јовческа.

Со почесни награди се здобија Паскал Бежин (Канада), Каролина Лубашко (Полска), Емоке Питер (Унгарија), Јин Веи (Кина), Павел Гојови (Полска), Пиотрек Пиетшак (Полска).

Ви ја претставуваме листата на автори на плакатите избрани од меѓународното жири, кои учествуваа во изложбата:
Адриан Ровина / Хрватска
Александар Ким / САД
Александра Казаковскаја / Русија
Александра Шленк / Полска
Александра Шуманска / Полска
Алексеј Литвинович / Белорусија
Амбер Лим / САД
Ана Фузеш / Унгарија
Анастасија Јовческа / Македонија
Анастасија Шемјакина / Русија
Беатрикс Пап / Словачка
Беркај Алтај / Турција
Бернарда Поблет / Чиле
Бјанка Шуман / Романија
Ботонд Чиби – Гинделе / Унгарија
Викторија Валужете / Литванија
Грегор Стајнметс / Германија
Грегорж Кабас / Полска
Грејс Ким / САД
Грета Јоткуте / Литванија
Грета Јоткуте / Литванија
Дарја Грекова / Русија
Дарја Грекова / Русија
Дастан Абасканов / Турција
Дастан Абасканов / Турција
Душан Кошанин / Србија
Едона Османи / Македонија
Ема Дамиани / САД
Емоке Питер / Унгарија
Естер Урбанович / Унгарија
Жанг Јулијан / Кина
Зои Јинг / Кина
Ив Кнапи / Финска
Јакуб Собчак / Полска
Јоакин де Оливеира / Португалија
Јунксиао Јуе / Кина
Јустина Каубруте / Литванија
Камила Браво / Чиле
Камила Контрерас / Чиле
Карлос Аркос / Еквадор
Каролина Андреа Баеза Осорио / Чиле
Каролина Лубашку / Полска
Катја Кудина / Белорусија
Ки Занг / Кина
Киансонг Сан / Кина
Кин Лин Ју / Кина
Клара Мартин / САД
Конор Олбердинг / САД
Кристал Холовеј / САД
Кунланид Јодудом / Тајланд
Ленка Болова / Словачка
Ли Јаронг / Кина
Лиз Рамос Контрерас / Чиле
Лорен Бејли / САД
Лукас Периер / САД
Маја ДеНофио / САД
Маријана Иванова / Македонија
Мачиеј Јанушевски / Полска
Мигел Ангел Гуевара Рангел / Мексико
Милош Ристоски / Македонија
Миро Денк / Германија
Миро Денк / Германија
Миро Денк / Германија
Мустафа Гуркан Гурлер / Турција
Најмуш Сакиб / Бангладеш
Никита Тунев / Русија
Огуз Кан Јазги / Турција
Омаир Али / САД
Павел Головиј / Полска
Павел Головиј / Полска
Паскал Бежин / Канада
Патрик Зеликман / Финска
Патрик Криговски / Полска
Патрик Криговски / Полска
Паулина Пеликан / Полска
Петчпрев Лимпрапаипонг / Тајланд
Пиотрек Пјетцак / Полска
Родриго Кабело / Чиле
Ромина Чамизо / Чиле
Ронан О’Ханлон / Ирска
Сара Романов / Македонија
Семоер Монтенегро / САД
Сена Јулмаз / Турција
Сера Кизилтас / Турција
Сиера Красон / САД
Тамара Браво / Чиле
Тугба Мермечи / Турција
Фан Шишија / Кина
Франк Вајт / САД
Франческа Данобинтиа / Чиле
Хаиро Акеведо / Кина
Чен Ји / Кина
Ченг Веин Лиу / Тајван
Чи Ронг Кун / Кина
Џексон Дилон / САД
Џим Веи / Кина
Џонатан Гузман / САД
Џувон Сео / САД

Фестивалските денови продолжуваат со презентации и дополнителни консултации за учесниците на работилниците од светски реномираните предавачи, чии дела се наоѓаат во светските музеи, на следните теми „Калиграфија и плакат“ под менторство од Реза Абедини и „Lex is more“ водена од Лекс Древински.

Изложбата на плакати во Музеј на Град Скопје ќе биде поставена до 01 декември. Освен главната изложба во Музеј на Град Скопје, може да се посетат поставките на Современ македонски плакат (Twins), This town Needs Posters (Brick Bar) и Специјална селекција на дела од жирито (Four Restaurant).

 

* Алис Твемлоу требаше да биде дел од жирито, но поради сериозни приватни причини не можеше да биде дел од жири-селекциите во живо и на целокупниот 10. Скопје постер фестивал. Нам, како и неа, ни е жал што не можеше да ни се придружи оваа година.

Skopje Poster

Skopje Poster

I am Skopjeposter and I am here to provide you with all needed informations. Please contact me in any matter!
Skopje Poster