Project Description

Поконкурсна изложба на 9. СПФ | Порто | Португалија

Информации за проектот

Дата: 18 мај – 10 јуни 2017

Локација: Метро станици Сао Бенто, Алиaдош, Маркеш

Изложба на плакатите финалисти на 9. Меѓународен студентски конкурс за плакат, организиран од Плакарт – Здружението на дизајнери од Македонија и Факултетот за дизајн на Универзитетот Лусофона во Порто.

Како инаугурација на изложбата беше одржана дизајн конференција на грандиозната метро станица Сао Бенто, на која говорници на конференцијата беа Гере Постеров од Плакарт, Жорж Силва, професор и основач на студиото Силва Дизајнерс чија специјалност е илистрација, како и Мигел Наива, авторот на проектот за препознавање на бои преку симболи.

Во рамки на оваа изложба се поставени 50. дела на млади дизајнери, учесници на 9. Скопјепостер конкурс. Постерите се дела на студенти по дизајн и визуелни комуникации од 24 земји, вклучително 10-те наградени и останатите 40 плакати на финалисти. Меѓу изложените дела дополнително се вклучени и плакатите на учесници од Факултетот за дизајн од Универзитетот Лусофона – Порто што земаа учество на 8. и 9. Скопје постер конкурс.

Изложбата е организирана во соработка со Универзитетот Лусофона од Порто, а со поддршка на градот Порто и Метро Порто – компанијата за јавен транспорт.

Повеќе информации за проектот: 9. Скопје постер фестивал во Порто