Project Description

Поконкурсна изложба на 9. СПФ | Нови Сад | Србија |

Информации за проектот

Дата: 22 април – 13 мај 2017

Локација: Старит Центар | Нови Сад, Србија

Изложба на плакатите финалисти на 9. Меѓународен студентски конкурс за плакат, организиран од Плакарт – Здружението на дизајнери од Македонија.

Жири членовите на 9. Скопје постер фестивал – Фин Нигаард (Данска), Фонс Хикман (Германија), Мишел Буве (Франција), Ришард Каја (Полска) преку неколкукратни селекции избраа 10 наградени плакати: 2. Гран-при награди, 2 специјални награди од жирито и 6 почесни признанија.

Во рамки на оваа изложба ќе бидат поставени 50. дела на млади дизајнери, учесници на 9. Скопјепостер конкурс. Постерите се дела на студенти по дизајн и визуелни комуникации од 24 земји, вклучително 10-те наградени и останатите 40 плакати на финалисти.