Project Description

Поконкурсна изложба на 9. СПФ | Недела на дизајнот | Литванија |

Информации за проектот

Дата: 01 – 07 мај 2017

Локација: Пиено центрас | Каунас, Литванија

Изложба на плакатите финалисти на 9. Меѓународен студентски конкурс за плакат, организиран од Плакарт – Здружението на дизајнери од Македонија и Факултетот за дизајн од Каунас – Академија за уметност – Вилнус.

Жири членовите на 9. Скопје постер фестивал – Фин Нигаард (Данска), Фонс Хикман (Германија), Мишел Буве (Франција), Ришард Каја (Полска) преку неколкукратни селекции избраа 10 наградени плакати: 2. Гран-при награди, 2 специјални награди од жирито и 6 почесни признанија.

Во рамки на оваа изложба ќе бидат поставени 50. дела на млади дизајнери, учесници на 9. Скопјепостер конкурс. Постерите се дела на студенти по дизајн и визуелни комуникации од 24 земји, вклучително 10-те наградени и останатите 40 плакати на финалисти. Меѓу изложените дела дополнително се вклучени и плакатите на 10те учесници од  Факултетот за дизајн во Каунас  од Академија за уметност – Вилнус.

Изложбата е организирана во соработка со Факултетот за дизајн во Каунас од Академија за уметност – Вилнус.