Project Description

Изложбата на плакати на тема „Република Македонија како туристичка дестинација“

Информации за проектот

Дата: 15 – 29 март 2017

Локација: Музеј на град Скопје, Скопје

Изложбата на дела од конкурсот за студентски плакат на тема „Република Македонија како туристичка дестинација“ организиран од Плакарт,  Музеј на град Скопје и Амбасадата на Република Полска во Република Македонија беше отворена вчеравечер.

Жири: Лазе Трипков, директор на Музејот на современа уметност, Томислав Микулчиќ – директор на Музејот на град Скопје, Ласко Џуровски – основачот на Тотем дизајн студиото, Ришард Каја – реномиран плакатист и илустратор од Полска и Н.Е. Јацек Мултановски – амбасадор на Република Полска во Република Македонија.

Селекција на наградените беше направена од пристигнати 123 плакати од 7 факултети по визуелни комуникации или сродни насоки од земјава.

Финалната изложбата на плакати вклучуваше 50 студентски дела. Дополнително, изложбата беше надополнета со поставка насловена „Мал плакат“, составенa од 20тина детски цртежи на истоимената тема, добиени како резултат на работилницата која полскиот илустратор и плакатист Ришард Каја ја менторираше во ноември 2016 во рамките на 9. Скопје постер фестивал.

Повеќе за конкурсот, наградените: Промотивни плакати за РМ