Сигурни сме дека дека би сакале да ги дознаете импресиите од работилницата која ја водеше Славимир Стојановиќ за време на фестивалот чиј со-организатор беше Плакарт, а кој се одржа за време на минатиот викенд.

Со цел збогатување на програмата во насока на дизајнот предложивме на 7. ШУНД фестивал да направиме работилница на која ќе поканиме успешен дизајнер од регионот и која ќе биде главно наменета за студенти.

Славимир Стојановиќ е пријател на Плакарт и жири член на 5. Меѓународен студентски конкурс за плакат „Пари безплатно“. Не треба посебно претставување за Славимир, доволна е информацијата дека тој е добитник на најпрестижните светски награди за дизајн.

Rabotilnica Slavimir Stojavnoc vo Belgrad

Славимир го дизајнираше промотивниот постер за работилницата

Дводневната работилница (19-20 мај) се одвиваше за време на 7 ШУНД фестивал во Домот за култура Студентски град – одличен студентски комплекс во срцето на Белград.

Учесници на работилницата Александра Ракиќ, Игор Делов, Немања Трајковиќ, Симона Танеска, Соња Кушумовиќ и Теодора Дошен работеа постери на темата на овогинешниот 9. МСКП – Скопје постер конкурс на тема „Криза на идентитет“.

Постерите кои беа изработени на работилницата ќе бидат изложени на 9. Скопје постер фестивал од 20 до 30 ноември 2016 г. како дела без право на учество – освен постерите на студентите кои ќе учествуваат во конкурсот и ќе бидат изложени во рамки на главната изложба на 100те финалисти или заедно со постерите на професионалните дизајнери

Забелешка: Плакарт има политика на необјавување на постери кои учествуваат во тековен конкурс, затоа нема да ги покажеме постерите пред да заврши 9. Скопјепостер конкурс, но ви ги пренесуваме импресиите и мотивацијата на учесниците за дизајнирање на нивниот постер.

 

Александра Ракиќ

Мојот плакат е инспириран од желбата во зборот Идентитет да се препознае она суштинското I – јас. Фокусот е на поединецот и неговата неможност да се избори со хаосот во кој западнал.

workshop-slavimir06

Игор Делов

Мојот постер претставува симбиоза на три елементи: прашалникот (симбол за мислење, неодлучност), човекот (субјектот на кризата на идентитетот) и круговите (квантитативно го претставуваат големиот избор), кои графички се сложуваат во една точка (главата на човекот), се со цел, постерот да ја комуницира темата, без односно пред, да биде прочитан насловот.

workshop-slavimir02

Немања Трајковиќ

Индивидуата сама е недделива од општеството во целост, па идентитетот како појава фигурира само помеѓу тие две крајности. Кога одиме спроти општествените текови, општеството има тенденција да се судри со нас, или ние со него. Различниот пат на една индивидуа е скоро непрепознатлив во толпата, гледајќи ја широката слика, но и мал потрес може да направи големи бранови, ако индивидуата успее да го најде својот пат помеѓу јатото.

workshop-slavimir03

Симона Танеска

Инспиративна работилница, инспиративна тема и дизајнер чија борбеност, искуство и енергија ги заробуваат времето и местото. За момент останавме “сами” јас, листот хартија и “кризата на идентитетот”. Почнаа да се раѓаат низа на скици и идеи, а онаа криза на идентитет со која многу од нас се судруваат доби свое визуелно решение кое ќе ме однесе барем едно скалило нагоре. Работејќи за таа тема се изборив и против неа одговараќи си го прашањето дали треба да се прави компромис помеѓу стилот на работа и она што другите сакаат да го видат.

workshop-slavimir04

Соња Кушумовиќ

Инспирацијата за плакатот ми дојде како одговор на сталните превирања на просторот на бившата држава, каде борбата за азбукатта се поистоветува со националниот идентитет. За мене тоа представува потполна бесмисленост и само еден од начините да се оттргне вниманието на луѓето од вистинските проблеми. Азбуката е нешто на што треба да сме горди, а не со пишувањето латиница или кирилица да се врзуваме за нацијата.

workshop-slavimir01

Теодора Дошен

 

Инспирацијата ја пронајдов во процесите на размислувањето кои веќе некој период се одвиваат во мене кога е во прашање креативниот идентитет и пронаоѓањето на јазикот на комуникацијата со публиката.

Се надевам дека пораката ќе биде разбирлива…

workshop-slavimir05

Ако уживавте оставете коментар 🙂

Skopje Poster

Skopje Poster

I am Skopjeposter and I am here to provide you with all needed informations. Please contact me in any matter!
Skopje Poster