Плакарт – Здружението на графички дизајнери, како организациски партнер на ШУНД фестивалот од Белград, изминатите 4 дена учествуваше во 7. издание на оваа студентска манифестација.

7. ШУНД фестивал, кој се одржа во ДКСК – Дом на културата Студентски град, се отвори на 19ти мај, четврток, со настапот на Инекс циркусот, кој комбинира уличен, танцов театар, измешани со елементи од циркус привлече голем интерес на мештаните на комплексот Студентски град.

Изложба на 100те плакати финалисти од 8. Скопје постер фестивалот на тема „Сите за луѓето со хендикеп“ беше изложена како издвоена поставка. Во рамки на фестивалот беше отворена и изложба на дела од областа на убавите и применетите уметности.

Наредниот ден започна со работилницата која ја водеше Славимир Стојановиќ за дизајнирање на плакати на темата на 9. Скопјепостер студентски конкурс за плакат „Криза на идентитет“.

Истата се одржуваше во две фази. Првиот ден Славимир презентираше за својата работа и работата на неговото студио „Футро“ кое работи за комерцијални клиенти, но и креира дизајн решенија за бројни алтернативни и културни проекти. По презентацијата Славимир предложи неформално дружење и разговор со цел поблиску запознавање со учесниците на работилницата.

Вториот ден од работилницата започна со презентација на идеите и скиците за изработка на плакати за 9. Скопјепостер конкурс на тема „Криза на идентитет“. Последната сесија од работилницата беше искористена за дизајнирање и финална презентација на плакатите од страна на учесниците од Македонија и од Србија.

Плакатите кои беа изработени во рамки на работилницата, покрај поставувањето во рамки на ШУНД фестивалот, ќе земат учество и ќе бидат изложени за време на 9. Скопје постер фестивал од 20 до 30 ноември 2016 година.

Фестивалот се затвори со настапот на Комбинарт – неформалната група на уметнички активисти, а се претставија и Квака театарот – кој се бави со невербални претстави и перформанси поврзани со сликарство, графика, вајарство и Поезин проектот кој се занимава со слам поезија.

Фото – галерија од фестивалот: 

Галерија – 7. ШУНД фестивал

Skopje Poster

Skopje Poster

I am Skopjeposter and I am here to provide you with all needed informations. Please contact me in any matter!
Skopje Poster