По отворањето на изложбите во Србија во април, во Литванија на почеток на мај и во Португалија кон крајот на мај следи уште една од серијата три изложби во балтичката земја.

Отворена е изложбата на Факултетот за дизајн во Каунас, што е дел од Академијата за ликовни уметности – Вилнус. Поставката е втора изложба во Литванија која Плакарт ја организира во соработка со Каунскиот факултет и ќе биде отворена за посети во текот на целото лето, по што кон крај на август ќе биде префрлена на Факултетот за дизајн во Клаипеда.

Посетителите во Каунас, вториот по големина литвански град, ќе имаат можност да уживаат во изложбата на плакатите на 50 финалисти од 24 земји на тема „Криза на идентитет“, но и плакати на учесниците од оваа академија, кои традиционално секоја година земаат учество во Скопје постер годишните конкурси.

Изложбите на Скопје постер фестивалот ќе продолжат и во наредниот период, а планирани и закажани се поставки во Полска, Турција, САД, Кина.

Skopje Poster

Skopje Poster

I am Skopjeposter and I am here to provide you with all needed informations. Please contact me in any matter!
Skopje Poster