Криза на идентитет

9. Меѓународен студентски конкурс за плакат, Скопје 2016

Краен рок: 30 октомври, 2016 (CET 00:00)
Отворање на изложбата: 20 ноември, 2016
Музеј на град Скопје

Правила за учество

Правила за учество

Поднеси плакат

Аплицирај

Партнерство

Плакарт, во соработка со Музеј на град Скопје, го објавува 9от Меѓународен студентски конкурс за плакат, Скопје 2016. Проектот е поддржан од Министерство за култура и град Скопје, Варшавското постер биенале, АУГ Асоцијацијата на графички дизајнери од Чешка и бројни соработници од Полска, Чешка, Турција, Србија, Германија, САД и Русија.

Тема

Зошто „Криза на идентитет“?

Криза на идентитет: период на неизвесност и конфузија, во кој врз чувството на идентитет на една особа влијание има несигурноста, обично поради промена на очекуваните цели или улогата во општеството.

Темата на овогодинешниот фестивал не случајно носи наслов „Криза на идентитет“. Денес во глобални рамки се соочуваме со етничка, културна, верска, возрасна и полова идентификација и подвоеност. Врз идентитетските прашања е фрлено поинакво светло!

Денес се повеќе прашањата врзани за идентитетот предизвикуваат чувство на фрустрација, загрозеност. За жал најчесто со овој поим се врзуваат дневно-политичките збиднувања, и како таков идентитетот се поедноставува и се сведува речиси без исклучок единствено на етничка припадност. Дали брзиот технолошки напредок, вештачката интелeгенција, филмските остварувања со мутирани суштества го олеснуваат процесот на правото за себе-идентификација или креираат забуна!?

Светот, но и одредени континенти, региони, држави, вклучително Македонија и регионот, се длабоко засегнати од прашањето на идентитетот. Раскрсници меѓу Западот и Истокот, Северот и Југот, културолошки, национално, етнички – прашањето на идентитетот е длабоко врежано во генетското наследство на народите и земјите, особено се чини на Балканскиот полуостров. Токму затоа младите дизајнери ширум светот, и особено од Македонија, треба да се пронајдат себе си во оваа тема и да почувствуваат предизвик да го „кренат“ својот глас со цел културно влијаење на свеста на пошироката јавност и сите засегнати страни.

Одговорноста на нас – дизајнерите е да дадеме свое мислење, да делуваме преку моќни пораки!!!

Одредница

Идентитетот е нешто што не можеме и не смееме да го разбереме само по една единствена или еднозначна линија. Во рамките на идентитетските определби спаѓаат многу нешта, а основни се расата, класата и полот. На нив се надоврзуваат етничката, генерациската, религиознaта припадност и на врвот е културниот идентитет како најширока (најсеопфатна) идентитетска категорија.

Во културолошки контекст идентитетот е структуриран во вид на крст, каде што се вкрстуваат два вида припадности: по вертикална и по хоризонтална линијата. Во идентитетската вертикала спаѓа врската со традицијата и минатото, а вториот крак, хоризонталниот, ги содржи врските со нашите современици, со нашата епоха. Ниту само вертикалниот, ниту хоризонталниот крак одвоено можат да го дефинираат идентитетот, туку само нивната заедничка спрега може соодветно да го заокружи идентитетското прашање.

Иако постојат најразлични дефиниции, теории и ставови по ова прашање, заедничко за сите е согласноста дека идентитетот е еден и единствен, неделив и комплексен по својата природа и како таков тој не може и не смее да се дели на групи и подгрупи. Тој се разликува и одделува од нему сличните, од Другите.

Отворен повик

Ги покануваме студентите на сите образовни нивоа (колеџи, високи школи, факултети, магисерски и докторски студии на уметност, дизајн, визуални уметности) да аплицираат на 9. Меѓународен студентски конкурс за плакат до 30 октомври 2016 година (CET, 00:00 часот).

Оваа година Советот на МСКП одлучи да стави акцент на темата на идентитетот како прашање со кое е засегнат светот. Време е ние младите дизајнери да делуваме, да бидеме „бучни“ и да креираме пораки кои ќе инспирираат многумина, кои ќе обединуваат, но дефинитивно ќе придонесат за поголема свест кај јавноста и сите засегнати страни по ова прашање.

Цел на конкурсот

„Кој сум, зошто постојам, од каде доаѓам, кој е најлесниот пат до себе-наоѓањето“, тоа се сложени прашања кои создаваат тешкотии при формирање на слика за себе си, а со тоа и кон спознавањето на сопствениот идентитет – како една од базичните човечки потреби. За полесно да се спознаеме себе си нужно е да се огледаме во другиот, затоа и овој фестивал каде се преплетуваат безброј различности по сите споменати дискурси е мека за “епската потрага” кон разоткривање на ова безвремено прашање. Дали кризата на идентитетот е составен дел во себе-наоѓањето или пак е наметната на крстопатот на животот? Ова е прашање кое можеби нема рационален одговор, но сигурно ќе понуди најразлични толкувања, или уште повеќе безброј единствени детерминации за Другоста.

Ги охрабруваме дизајнерите да се приклучат кон ова движење! Да креираат и привлечат внимание, кое ќе прерасне во меѓународно движење, кампања…Да отсликуваат/да се борат/да се стремат кон постигнување на повисоки стандарди во визуалните комуникации и во претставување на своите размисли.

Како дизајнери имаме обврска да делуваме против нетолерантноста и неправдата. Токму затоа ќе создадеме и испровоцираме глобална акција, прво преку покана на студентите да учествуваат во конкурсот, потоа и преку вклучување на професионалните дизајнери и преку општествени акции за подигање на свеста кај пошироката јавност.

Локален акцент

Светот, но и одредени континенти, региони, држави, вклучително Македонија и регионот, се длабоко засегнати од прашањето на идентитетот. Раскрсниците меѓу Западот и Истокот, Северот и Југот, културолошки, национално, етнички – прашањето на идентитетот се длабоко врежано во генетското наследство на народите и земјите, особено се чини на Балканскиот полуостров. Токму затоа младите дизајнери ширум светот, и особено од Македонија треба да се пронајдат себе си во оваа тема и да почувствуваат предизвик да го „кренат“ својот глас со цел културно влијаење на свеста на пошироката јавност и сите засегнати страни.

Целна група-млади таленти

Организаторот на овој конкурс продолжува да ги промовира младите уметници ширум светот, организирајќи патувачки поконкурсни изложби, исто како и во изминатите 8 години. Еден од основните цели на овој проект е да се обединат студентите од Европа, но и пошироко, преку македонска идеа/проект.

„Криза на идентитет” претставува база за културна соработка, создавање нови пријателства, преку осознавање на важноста на толерантноста кон различностите. Преку дефинирање на идејата младите треба да ја осознаат нејзината вреднoст и да ги сфатат предностите кои ги нуди овој концепт, што е солидна основа за понатамошна промоција на ова прашање на глобално ниво.

Награди

Двајца победници ќе бидат подеднакво наградени:
1. Учество во жири селекцијата на 10. Скопје постер фестивал(вклучително покриени трошоци)
2. Организација на изложба на свои плакати во МКЦ во 2017 година
3. ICOGRADA Сертификати

Бриф

Превземи >Бриф 9. МСКП<

Жири

Фин Нигаард | Данска |

Фонс Хикман | Германија |

Мишел Буве | Франција |

Ришард Каја | Полска |

Тони Васиќ | Македонија |

Повеќе за жирито: Жири членови на 9. Скопје постер фестивал

 

Победници & почесни признанија

Победници

1.Мигуел Ангел Рангел / Мексико

2. Река Немеди Варга / Унгарија

Специјални награди од жирито

Шујун Лиу / Кина

Дикле Јилдирим / Турција

Повеќе за 9. Скопје постер фестивал и победниците 

Почесни

Јуниј / Зежун Шан / Уанг / САД

Кајли Димик / САД

Лазар Митровиќ / Србија

Инес Филипа да Коста Пимента Кардосо / Португалија

Никола Марфи / Обединето Кралство

Карол Шчепанкиевич / Полска