Време е да ги претставиме накратко членовите на жирито на 9. Скопје постер фестивал, кои ќе треба да ја направат финалната селекција на плакати и ќе ги изберат победничките автори на постерите на темата на 9. Меѓународен студентски конкурс за плакат „Криза на идентитет“. И оваа година имаме жири кое е составено од експерти од сите гранки на графичкиот дизајн – илустратори, типографи, калиграфи, плакатисти.

Фин Нигаард | Данска |

Finn Nygaard

Фин Нигаард (Данска) е автор на постери, илустрации, графички дизајн решенија и стратегии за идентитет за дански и меѓународни компании. Креирал над 600 постери од кои има многу интернационално наградени. Фин е добитник на престижната награда на Graphis – Graphis Master. Неговите дела – илустрации, постери, калиграфии и маркици се дел од изложби во најголемите галерии и музеи ширум светот – Museum of Printing History,  Хјустон, Designmuseum Данска, Галерија на убави уметности во Нагоја, Јапонија, Национален музеј во Познањ, Полска, Музејот Иман Али, Техеран, Иран и многу други… Неговите дизајни се објавувани во водечки магазини посветени на дизајнот како Novum, Graphis, Print Magazine. Од 1990 до 1995 тој е партнер на данската дизајн група Eleven Danes и на Европската мрежа на дизајнери EDEN. Нигаард водел многу работилници и предавања низ светот – Јапонија, Кина, Тајван, Индија, Кореа, САД, Чешка, Словачка, Мексико, Боливија, Турција, Италија и Иран.

1

2

3

4

Фонс Хикман | Германија |

Fons Hickmann

Фонс Хикман (Германија) е графички дизајнер, автор и професор по дизајн на Универзитетот за уметност во Берлин. Интернационалното тренд-сетерско дизајн студио “Fons Hickmann m23” е наградено со бројни награди и има статус на едно од највлијателните во современиот дизајн. Дополнително, тој се посветува себеси на извадаштвото на литература на разни полиња од дизајн до теорија не медумите, се до фудбал и поп културата. Type Directors Club for Typographic Excellence, Golden Bee Awards, Graphis Gold Award, Red Dot Award се само неколкуте дизајн признанија со кои Фонс и неговото студио се наградени. Хикман е член на Type Directors Club Њујорк и АГИ – Алијансата на дизајнери.

4

2

1

Fons_Hickmann_20Plakate.key

Мишел Буве | Франција |

Michel Bouvet

Мишел Буве има завршено студии на Ecole Nationale Supérieure des Beaux-Art, Париз. Мишел е плакатст и графички дизајнер. Живее и работи во Париз. Има дизајнирано стотици постери за театарски, оперски, музички, танцовни, уметнички, фестивалски настани. Работел и за јавни институции во Франција и надвор од неа. Буве досега имал над 80 соло изложби во 35 земји ширум светот. Неговото студио работи за театри, јавни институции, музеи, фестивали и издавачи. Тој е куратор на изложби за графички дизајн и професор на ESAG Penninghen во Париз. Ментор бил и на бројни работилници во многу земји. Носител на гран при награда за културен плакат изработен за Националната библиотека во Париз. Мишел е еден од основачите на Fete Du Graphisme – фестивал за графички дизајн кој се одржува во Париз.

Affiche OK BAT Ruy Blas

affiche N¡3 Mozart 1789

affiche 7 Arles 2014

affiche BAT Arles 2012

Ришард Каја | Полска |

Ryszard Kaja

Ришард Каја е првенствено сликар, плакатист, сценограф и костимограф. Тој завршува студии на Академијата за убави уметности во Познањ. Има работено како главен дизајнер во многу театри; од 1995 до 2000 е главен дизајнер на Велики Театар во Познањ. Во 2000 Ришард ја прекинува својата кариера во театар за да се насочи кон графичкиот дизајн и сликарството. Каја е еден од најпопуларните и продуктивни полски плакатисти. Техниката на работа вклучува искористување на хартија и мешани техники вклучително сликарство, комјутерски техники и се што може да го инспирира, чај, талог од кафе, пепел. Ришард бил член на жири на многу биеналиња за плакат. Тој е носител на сребрената медала од 2015 на престижниот BICeBé Биенале за плакат –Боливија. Неговите плакати и слики се прикажани насекаде низ светот – Варшава, Познањ, Вроцлав, Гњезно, Катовице, Барселона, Берлин, Виена, Св. Луис, Анкара.

1

4

3

2

Тони Васиќ | Македонија |

Toni Vasikj

Тони Васиќ е предавач на Школата за архитектура и Дизајн на Универзитетот Американ Колеџ. Тони има долгогодишно искуство како ликовен уметник и дизајнер. Дипломирал и магистрирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје на катедрата за графика. Автор е на девет самостојни изложби во земјава и надвор од неа и учествувал на преку 150 групни изложби ширум светот. Добитик е на 11 национални и меѓународни награди за графика и графички дизајн. Автор е на многубројни ликовни решенија за печатените медиуми во Македонија, ја извршувал функцијата ликовен уредник и уметнички директор во неколку неделници за чии што потреби го изработува целокупниот дизајн. Тони е автор на преку 500 насловни страници за неделниците во Македонија, за што е наградуван повеќекратно. Исто така е автор на многубројни ликовно-графички решенија за многу домашни и странски компании, монографски изданија, заштитни знаци, каталози, ревијални изданија, амбалажа, учебници… Ја вршел функцијата арт-директор во “Studio Marketing JWT” – Скопје, “AVA Communication DDB”  – Скопје и оснивач и арт–директор на креативното студио “Line Design”.