На 16 декември во Кинотека на Македонија ќе се одржи Конференцијата за креативно здружување во организација на Плакарт – Здружението на дизајнери.

Конференцијата има за цел да поттикне креативни идеи и формирање хабови- заедници, а воедно и да влијае на развојот на креативните индустрии.

„Конференцијата ќе се фокусира на прашањата кои ги засегаат уметниците и дизајнерите од Македонија – како подобра заштита на авторските права, прилагодување на новите услови на работа во ерата на дигитализацијата, запознавање со државните политики за поддршка на креативниот сектор и потребата од креативно образование – кое е предуслов за зголемување на атрактивноста на проектите и производите. “ – истакна Лазе Трипков, претседателот на Плакарт, организаторот на конференцијата.

Во 3те конференциски сесии учество ќе земат претставници на Министерството за култура на Република Македонија, претставници од Британски cовет и од Creativе Dundee – Линзи Смит и Џилиан Исон, како и лидерите на креативни проекти од поширокиот регион Љубо Георгиев – One Architecture Week од Софија, Мета Штулар – RogLab од Љубљана и Реља Бобиќ – Nova Iskra од Белград. По завршувањето на конференцијата ќе се одржат и работилници на тема формирање хабови и креативно здружување со целни задачи дизајнирање на визијата за креативниот сектор во Скопје во 2025, креирање детален план за формирање креативен хаб и негово спроведување.

Поддржувач на оваа конференција се Министерството за култура на Република Македонија, Британскиот совет во Македонија и Кинотека на Македонија.

Учеството на конференцијата е бесплатно, а пријавувањето може да ги направите на следниот линк: https://skopjeposter.com/mk/nastani/

Целосна програма:

10:00 – Отворање на конференцијата – Лазе Трипков / Плакарт

I сесија

10:00 – 10:15 – Министерство за култура

10:15 – 11:00 – Линзи Смит / Британски совет

11:00 – 11:15 – Дискусија

11:15 – 11:30 – Кафе пауза

II сесија

11:30 – 12:15 – Реља Бобиќ / Нова Искра, Белград

12:15 – 13:00 – Џилиан Исон / Creative Dundee, Велика Британија

13:00 – 13:15 – Дискусија

13:15 – 13:30 – Кафе пауза

III сесија

13:30 – 14:15 – Љубо Георгиев / One Architecture Week, Софија

14:15 – 15:00 – Мета Штулар / RogLab, Љубљана

15:00 – 15:30 – Дискусија | Завршни заклучоци

15:30 –Кетеринг

 

Работилница | Формирање креативни хабови |

Ментори: Џилиан Исон, Creative Dundee и Линзи Смит, Британски совет

 15:30 – 15:45 |  Краток вовед во различните типови на креативни хабови со фокус на формирање креативни заедници

15:45 – 16:00 | Дизајнирање на визијата за креативниот сектор во Скопје во 2025. Каква инфраструктура е потребна? Која е улогата на креативните хабови? Кој е доказот дека е успешна?

16:10 – 16:40 | Скицирање на визијата – развивање на сите активности потребни за нејзино остварување. Креирање детален план за формирање креативен хаб.

16:40 – 17:00 | Секоја од групите ја планира презентацијата и има 3 минути да ја презентира идејата. Дискусија на крај на презентациите.

17:00 – 17:10 | Финални заклучоци (што ќе се случи со идеите?)

Skopje Poster

Skopje Poster

I am Skopjeposter and I am here to provide you with all needed informations. Please contact me in any matter!
Skopje Poster