Со средби меѓу студенти и дизајнери со членовите на жири комисијата, но, и со најава за идните активности и програмата на следното издание, вчера вечер во МКЦ беше затворен  8-от Скопски постер фестивал.

Изложбата на која беа претставени 100-те финалисти, од вкупно пристигнатите 2.674 авторски плакати од  1.869 студенти од 52 земји од светот, изминатата недела ја видоа студенти, уметници, дизајнери, љубители на плакатот.

„Уште од самите почетоци си зацртавме да ја збогатиме културната понуда во градот, да ја промовираме македонската култура надвор од границите, да ја подигнуваме свеста за социјални, општествени и културни прашања. Преку 50-те реализирани настани и изложби во Македонија и надвор од неа се доказ дека успеваме во нашата мисија“, посочи Лазе Трипков од НВО Плакарт, кои се организатори на овој фестивал.

Овој проект претставува отскочна даска за младите креативци.

„Многумина кои беа во потесниот круг на наградени, изминатите години ја искористија својата шанса. Еден од нив е Таби Азири од Македонија, кој денес работи во Амстердам, а од странство е полскиот дизајнер Јан Бајтлик, кој два пати победуваше на нашите конкурси, а денес е еден од најценетите графички дизајнери.“ вели Трипков.

Активностите на „Плакарт“ во промоцијата и поддршката на дизајнот продолжуваат и на 16 декември, во Кинотека на Македонија, каде Плакарт ја организира Конференцијата за креативно здружување, на која заедно со претставниците од Министерство за култура, Британскиот совет и гости од странство, ќе се разговара за начините како да се зголеми соработката со бизнис секторот, какво е влијанието на овие индустрии врз развој на бизнис климата, уделот на дигитализацијата во развојот на креативните индустрии и за начините како да се подобри заштитата на авторските права.Skopje Creative Hub Conference

Од Скопје, изложбата на најуспешните плакати на тема „Сите за луѓето со хендикеп“ во текот на наредната година ќе патува меѓудругото во Турција, Индија, Полска…

Плакарт и понатаму останува доследен на својата политика за бесплатно учество на конкурсот за студенти и е посветен на нивна промоција. Оваа година Ферхат Тунч и Аслихан Татлигил, победниците на 7. Скопјепостер конкурс „Дизајнерите за мир“, беа поканети во Скопје да земат учество во жирирањето  и да ги изложат своите постери за времетраење на фестивалот. Наредната година го очекуваме победникот од оваа година, полската студентка од Шчечин, Каја Клешта да ни се придружи за време на 9. Скопје постер фестивал.

Објавувањето на 9. Скопје постер Меѓународниот студентски конкурс за плакат  е закажан за март 2016 година.

Погледнете ги фотографиите од 8. Скопје постер фестивал: 

Галерија – 8. Скопје постер фестивал

Skopje Poster

Skopje Poster

I am Skopjeposter and I am here to provide you with all needed informations. Please contact me in any matter!
Skopje Poster